Фељтон

1felt9

ДЕЛ ОД ПОБЕДИТЕ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) ВО ИНДИЈА (18)

Стрелците, кои јавале на коњи, први нападнале и речиси веднаш ги онеспособиле бојните коли. Коњицата на Александар потоа јурнала и, како што се очекувало, Пор му наредил на своето десно крило да зададе фрапантен удар. Двете скриени дивизии, под команда на Коен (Coenus) и Деметриј (Demetrius), излегле од засолништето и ги вовлекле во битка Индијците […]

1fe1

ДЕЛ ОД НАПАДИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ИНДИЈА (17)

За несреќа, реката Џелум била толку надојдена од монсунските дождови, што било невозможно да се премине. Освен тоа, дури и да било можно да се премине реката, Пор чекал од другата страна со стрелци, бојни коли и слонови. На обичен набљудувач би му изгледало дека спротивставените војски се наоѓале во пат-позиција. Ниту една од нив […]

1kasrt2

ПОХОДОТ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) КОН ИНДИЈА (16)

До 328 година пред Христа, Александар го освоил целото Персиско Царство, барем царството што му припаѓало на Дариј III. Античките автори не даваат објаснување зошто Александар сакал да оди подалеку од Персиското Царство и зошто штом звршил со освојувањето на источен Иран, Александар ги почнал подготовките за инвазија на Индија? Мислиме дека Александар дејствувал не […]

1alek321

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ СЕ ВЉУБУВА И СЕ ЖЕНИ ЗА РОКСАНА (15)

Александар им се обратил на своите луѓе и побарал доброволци, нудејќи им големи награди на оние кои ќе се искачат на највисокиот врв. Како што се покажало, меѓу македонските војници имало планинари и околу 300 од најхрабрите и најсмелите се јавиле како доброволци. Тие се нафатиле да се искачат под превезот на темнината, користејќи јажиња […]

1fel1

НОВ НАЧИН НА ВОЈУВАЊЕ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) ВО ИРАН (14)

Додека минувал низ Иран, Александар “налетал” на нов непријател, со различни борбени вештини, кој не му понудил големи битки. Тоа биле малубројни непријатели кои се криеле во текот на денот, а напаѓале ноќе. Тие се појавувале во заднината, и гаѓале во неколку места истовремено и брзо исчезнувале. Кога Александар одел во потера по нив, тие […]

001

ЗАМИНУВАЊЕ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) ПО БОГАТСТВОТО ВО ЕКБАТАНА (13)

Богатството што Александар го нашол во Парса било дури поголемо од она во градот Сус. Се проценува дека собрал 120.000 персиски таленти само од Парса и уште 6.000 таленти од Пасаргада /Pasargadae/, град во близина кој, исто така, се предал без борба. Во мај 330 година пред Христа, по околу четири месеци одмор, Александар заминал […]

1sad

БИТКАТА КАЈ СУСА И ИДНИТЕ ОСВОЈУВАЊА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – ГОСПОДАРОТ НА АЗИЈА (12)

Александар пристигнал во градот Суса на 15 декември 331 година пред Христа и бил поздравен од гувернерот и делегација од достоинственици кои му донеле подароци, вклучувајќи и дузина индиски слонови. Дел од добиените пари биле пратени во Македонија, да се финансира походот на Антипатер против Спартанците. Во пролетта 331 година пред Христа, Спартанците формирале една […]

2ales

ОПИС НА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМАТА БИТКА КАЈ ГАВГАМЕЛА (11)

  Во ова продолжение за читателите ќе  претставиме дел од седмата глава  oд делото „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“на Ристо Стефов (Chris Stefou), писател кој живее и твори во Канада и кој ја афирмира Македонија од античко време до денес.  Тој е добро познат во македонската заедница во Торонто, а е […]

1aleksand

ГОЛЕМАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ ТИР И ЗНАЧАЈОТ ЗА ИДНИНАТА НА ОСВОЈУВАЊЕТО НА АЗИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР (10)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претставиме дел од седмата глава  во која се вели дека по својата јуначка борба и долгиот застој во Тир, Александар му се вратил на своето тешко патување, јужно преку Палестина, упатувајќи се кон Египет. Неговото патување, како што и се очекувало, било прекинато кога наишол […]

1 fel190

ГОЛЕМАТА БИТКА И ОСВОЈУВАЊЕТО НА ГРАДОТ ТИР (9)

Победата кај Ис означила нова ера за Македонија. Размислувањето на Александар веќе не било “ако”, туку “кога” тој ќе стане нов господар на Азија. Бил во искушение веднаш да тргне по Дариј за да направи да се случи тоа, но било премногу ризично, особено заради персиската флота која се уште нечепната била зад него и […]

1alem2

ДЕЛ ОД ГОЛЕМИТЕ БИТКИ МЕЃУ АЛЕКСАНДАР И ДАРИЈ (8)

Откако Дариј дознал дека Александар бил во Силиција, во есента 333 година пред Христа, со план да се упати на југ, големиот крал собрал голема армија и подготвувал стапица. Очекувајќи го Александар да тргне по него, Дариј одбрал погодно место, со борбени предности на негова страна и, сокриен, го чекал. Поради својата бројчана предност, Дариј […]

1al980

ДЕЛ ОД ГОЛЕМИТЕ БИТКИ НА АЛЕКСАНДАР НА АЗИСКИОТ КОНТИНЕНТ (7)

Во градот Халикарнас, главен град на Карија /Caria/, Александар наишол на Мемнон, кој во тоа време бил врховен командант на азискиот брег и на персиската флота. Со една бродска дивизија која ги чувала водите, утврдениот град на Александар му пружил голем отпор. Но, тоа не можело бесконечно да трае и градот потклекнал под неговата супериорна […]

To top