Фељтон

ПАД НА ГОЛЕМОТО АНТИЧКО МАКЕДОНСКО ЦАРСТВО (23)

1emp1

1emp1

Ненадејната смрт на Александар во Вавилон, во јуни 323 година пред Христа, дошла како изненадување и го фрлила Царството во премрежје. Самиот Александар себеси се направил незаменлив и никогаш не ја земал предвид идејата да назначи квалификуван наследник, во случај неочекувано да дојде до трагедија.

По се’, тој бил војник, а војниците ги убиваат. Ако Александар имал слабост, тоа било оваа. Има такви кои велат дека лично Александар ја предизвикал оваа трагедија на неговото Царство. Да назначел наследник, неговото Царство можеби ќе преживеело и ќе ги издржело римските јуриши. Уште подобро, ако тој не го направил опасниот поход во Азија, и ако не ги следел стапките на својот татко, можел да направи Македонија да биде дури и поголема. Со тоа што не одбрал наследник, Александар дозволил неговото Царство да се подели, ослабувајќи ја Македонија и дозволувајќи таа да стане жртва на Римјаните.

Сцената била подготвена за пад на големото Македонско Царство кога војската не успеала да назначи силен лидер. Од почеток било очигледно дека Архидеј, епилептичниот и тапоглав син на Филип II, и неродениот син на Александар III, не биле избрани поради нивните вештини за командување, туку повеќе поради нивното немешање. Тогаш кој навистина ќе раководи со Царството?

Очигледно Александар се окружил себеси со луѓе кои повеќе биле заинтересирани за нивните лични кариери, отколку за судбината на Царството. Во наредните педесет години, или приближно толку, најмоќните и највлијателните воени лидери се бореле еден против друг за контрола врз Царството. По педесет години борби и раздор, го поделиле царството на три дела. На крај, Антигонидите ги зазеле Македонија и градовите-држави, Птоломеј го земал Египет, а Селеукидите ја зеле Азија.

Многумина умреле бесмислено, пред конфликтите да достигнат рамнотежа и пред поделените земји да го повратат разумот (види Аријан). Има еден позитивен резултат од сето тоа. Иако Царството било поделено и со него владееле различни династии, тоа секогаш било раководено од Македонци. Со векови Македонците владееле со Царството ии патувале слободно низ целиот свет, кое се простирало од Јадранот до Пенџаб и од Таџикистан до Либија. Тие одржувале контакти меѓу себе и со нивната татковина, бидејќи често патувале наваму и натаму, барајќи вработување и посетувајќи ги семејствата и пријателите.

1emp12

На пат кон Македонија, Кратер и отпуштените ветерани ја примиле веста за смртта на Александар и наредбата на војската дека Антипатер останува генерал за Европа. Во меѓувреме, Кратер требало да ја преземе функцијата заштитник на кралството на Архидеј. Роксана родила машко бебе кое било крстено Александар IV; и тој и Архидеј биле повикани во Азија кај Пердика.

Според Диодор, највлијателните играчи кои останале во Вавилон по смртта на Александар биле Пердика, најстариот коњанички офицер, носител на Александровиот прстен и старател на двајца кралеви, Мелеагер – најстариот водач на фалангата, Птоломеј, Леонат, Лизимак и Пеукест /Leonnatus, Lysimachus, Peucestas/, бидејќи сите тие заземале релативно важни фунции во Царството.

Помалку значајните во тоа време, но кои подоцна се издигнале до ранг на важни играчи, биле Селук /Seleucus/, командант на елитната стражарска регимента, Еумен /Eumenes/, Александровиот секретар и единствениот странец меѓу Македонците, Антипатеровиот син Касандер и Антигон едноокиот, влијателен сатрап на Фригија. Отсутни биле Кратер и Антипатер кои се уште биле во Македонија.

Борбата за контрола врз Царството почнала веднаш по смртта на Александар и траела повеќе од педесет години. Во текот на првите неколку години, Пердика бил првиот кој направил сериозни обиди да стекне контрола врз Царството. Нудејќи им договор за компромис на другите, се надевал дека ќе стекне власт сам за себе. За жал, направил премногу дипломатски грешки и неговото интригантство го вовлекло во неволја. Брз него бил извршен атентат од страна на неговите луѓе, ден пред денот кога тој планирал да го нападне Птоломеј кај делтата на реката Нил.

Пред да продолжам со сторијата за Пердика, сакаме да споменеме дека Леонат, исто така, се сретнал со својата смрт. Во пролетта 322 година пред Христа, додека Антипатер и Кратер биле зафатени со задушување на буните на градовите-држави, Леонат ја довел својата војска преку Хелеспонт, надевајќи се да положи право врз Македонија преку брак. Клеопатра, сестрата на Александар, му пишала предложувајќи му да се ожени со неа. За жал, Леонат бил убиен во битка и не ги постигнал своите амбиции.

Падот на Пердика почнал пред тоа, во палатата во Вавилон, кога се обидел да го потврди својот авторитет врз другите, најавувајќи прочистување на војската, по смртта на Александар. Тоа било како одговор кон Мелеагер кој се обидел со сила да го потврди авторитетот на Архидеј врз Пердика. Пламнала препирка и следбениците на Мелеагер биле уапсени и егзекутирани, по наредба на Пердика. Мелеагер бил поштеден тогаш, но само за да биде убиен подоцна, без сомнение од убијци на Пердика.

1emp13

Сеуште не се знае каде е закопан АлександарМакедонски

Исто така, на инсистирање на Пердика, Антипатер бил оставен да биде одговорен за Европа, а на Кратер му била доделена административна улога на заштитник на кралевите. Пердика бил сосема свесен за популарноста на Кратер кај пешадијата и сакал тој да биде колку што е можно подалеку од неа.

Пердика, исто така, тајно ковал заговори да го сруши Антипатер со интриги, а преку женидба да дојде на власт. Кога сето тоа било обелоденето, Антипатер, како и Кратер, Лизимак и Антигон, се здружиле против него. Но, неговите проблеми не завршиле тука. Македонскиот обичај наложувал дека за некој да стане крал, морал да го погребе претходникот, а Александар се уште не бил погребан.

Всушност, Пердика веќе не го поседувал телото на Александар. За да ги заузда шансите на Пердика да стане крал, Птоломеј го поткупил командантот на погребната поворка да го скрие телото. Се’ уште не се знае каде е закопан Александар. Неговото тело ниту било донесено дома во кралската гробница во Аига /Aigai/, ниту, пак, било пренесено во оазата на Сива /Siwah oasis/. Според Питер Грин, Птоломеј го однел телото најпрво во Мемфис да биде погребан како фараон а потоа во Александрија, за да биде постојано изложено во златен ковчег.

Во пролетта 320 година пред Христа, Пердика заминал од Азија и отишол во Египет да го нападне Птоломеј. Но, Птоломеј подготвено го чекал и ги саботирал неговите шанси за победа. Неколку дена по смртта на Пердика, дошол глас дека Еумен водел голема битка против Кратер, во близина на границата на Кападокија, и извојувал уверлива победа во која, за жал, загинал Кратер.

Пред да замине за Египет, Пердика го назначил Еумен да биде одговорен за Азија, но бидејќи Пердика бил мртов, Еумен поднел понуда за Пердиковиот дел од царството. Војската не се согласила со дејствата на Еумен и, во текот на состанокот во Египет, формално го осудила Еумен и неговите следбеници на смрт. Само било прашање на време кога ќе биле пронајдени и погубени.

Вакумот во власта што се создал со загубата на Кратер и Пердика создал извесна загриженост кај наследниците на Александар кои, во 320 година пред Христа, повторно ја свикале војската , овојпат во Сирија. По извесно разгледување на ситуацијата, Собранието решило да го назначи Антипатер за заштитник на кралевите со целосно овластување. На Антигон му била доверена командата на трупите во Азија, со специфична задача да го пронајде Еумен.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 1 СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top