Фељтон

ГОЛЕМАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ ТИР И ЗНАЧАЈОТ ЗА ИДНИНАТА НА ОСВОЈУВАЊЕТО НА АЗИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР (10)

1aleksand

1 al9321Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претставиме дел од седмата глава  во која се вели дека по својата јуначка борба и долгиот застој во Тир, Александар му се вратил на своето тешко патување, јужно преку Палестина, упатувајќи се кон Египет.

Неговото патување, како што и се очекувало, било прекинато кога наишол на отпор кај градот Газа. Тој бил добро утврден и бранет од персиските војници, потпомогнати од силни сили на арапски платеници. Не можејќи да го пробие утврдувањето на градот со конвенционални средства, Александар прибегнал кон своите машини за опсада и за два месеца утврдувањето го претворил во крш.

Во текот на опсадата, Александар бил ранет во рамото и затоа околу две недели не можел да учествува во неа. Но, бидејќи бил во добра физичка форма, брзо закрепнал и му се придружил на финалниот напад врз градот. Откако го пробиле утврдувањето, започнала и се разгорела жестока борба по улиците на градот, каде Александар повторно бил ранет, но овојпат во ногата.

Кога битката завршила, имало десет илјади убиени, а цивилното население било опколено и продадено како робови. Газа, исто така, повторно била населена со луѓе од локалното подрачје, кои повторно ја запоседнале тврдината и биле ставени под македонска власт. 

Од Газа, Александровата армија марширала по должината на брегот на Средоземното Море, а потоа свртела на југ кон Египет, каде голема маса луѓе го дочекале како ослободител. Откако ги освоил сите пристанишни градови околу источниот медитерански брег, заканата од персиската флота конечно била отстранета.

Пред да навлезе подлабоко во Азија, Александар планирал да го заземе Египет со сила, но тој се предал без ниту една борба. Египетскиот народ го поздравил Александар како ослободите, давајќи му ја цитаделата Мемфис, заедно со нејзиното богатство кое изнесувало 800 таланти. Египет бил стратешка локација за походот на Александар во Азија и сега била безбедна.

1 al93212Сива во Египет

Нешто друго му се случило на Александар во Египет, нешто неочекувано. Откако го поразил персискиот крал кој владеел на местото фараон на Египет, во очите на египетските свештеници Александар сега станал нов египетски владетел, но не фараон. За свештениците, за жал, не било можно еден странец да биде прифатен како вистински фараон. Кога Александар би продолжил со својот поход подлабоко во Азија, тој требало да го смири Египет и да ја стекне неговата лојалност.

Египет бил голема, богата држава, со бројно население што можело да ја снабдува неговата армија со сите намирници и со се’ што било потребно во текот на целиот поход. Морал да стори се’ што било потребно за да го обезбеди тоа, што значело дека Александар морал да стане неоспорен владетел на Египет. Единствен начин да се стори тоа било да стане египетски фараон. За жал, еден странец можел да стане фараон единствено со божја интервенција.

Прифаќајќи го тој предизвик, Александар отпатувал во Сива /Siwa/ за да го посети тамошниот религиски ред. Кога стигнал во храмот на пророштвото, високиот свештеник го поздравил како “син за Зевс-Амон и господар на сите земји”. Зошто свештеникот го поздравил на таков начин, не се знае. Можеби грешка во преводот? Александар бил воодушевен со изјавата и понизно го прифатил своето прогласување за “Син на Бога”.

Откако се вратил во Мемфис, во текот на зимата 332-331 година пред Христа, Александар земал мала дивизија од неговата армија и отишол надолу по течението на реката  Нил. Токму пред да стигне на медитеранскиот брег, видел прекрасно парче земја на кое ќе ги постави темелите на еден голем град кој ќе го носи неговото име, Александрија во Египет.

Александрија, со време, ќе донесе промена во интелектуалниот и економскиот живот каква што пред тоа никогаш немало, и во наредните илјада години ќе стане центар на цивилизацијата. Со основањето на Александрија, еден пристаништен град кој гледал кон Медитеранот, Александар ги трансформирал своите воени напори во деловни можности не само за Македонците, туку за целиот познат свет. Александрија ќе стане светски водечки мултинационален, мултикултурен и трговски центар.

Затворањето на целиот брег на источниот Медитеран, ја натерало персиската воена морнарица да продолжи да се движи и и отворила пат на македонската флота да доминира во водите.

Откако се вратил во Мемфис, Александар се сретнал со засилувањето што му го пратил Антипатер и тој и наредил на својата армија да се подготви за тргнување. Но, сепак, пред да замине, испратил една научна експедиција по течението на реката Нил, со цел да направи некои откритија. Исто така, назначил и неколку локални намесници и македонски надгледувачи за да владеат со Египет. Александар не сакал управувањето со една толку голема земја да го довери само на едно лице.

Во почетокот на летото во 331 година пред Христа, Александар го напуштил Мемфис и се упатил кон Феникија. Се задржал накратко во Тир и извршил неколку промени во владата таму, пред да продолжи на север кон Дамаск.

Големиот крал Дариј, во меѓувреме, откако го добил одговорот на Александар во врска со понудата за мир, почнал да собира голема армија. Дариј, во замена за мир, му понудил на Александар да се ожени со неговата ќерка, 10.000 таленти и земјите источно од Еуфрат. Парменио и неговите постари офицери го охрабрувале и поттикнувале Александар да ја прифати понудата, но Александар ја одбил сакајќи се: земјите на Дариј, парите и неговата круна. Немајќи алтернатива, големиот крал ги започнал подготовките за уште една битка.

Персиското царство било пространо и Дариј немал проблем да собере армија. Освен Персијците, имало многу други раси кои му понудиле помош. Индијците, на пример, му испратиле петнаесет слонови. Освен собирањето голема армија, Дариј внимавал да најде отворено место, како негов избор за бојно поле, онакво што ќе му обезбеди предност во однос на Александар. Овојпат Дариј бил решен работите да бидат по негово и сакал да се увери дека се е направено како што треба.

Додека Дариј собирал армија, Александар марширал на север, подготвувајќи се да ја помине реката Еуфрат. Како што може да се очекува во војна, неговата претходница, која била испратена да изгради мост преку моќната река, наишла на отпор од намесникот на Сирија и Месопотамија. Но, веднаш штом Александар пристигнал со својата армија, намесникот побегнал и мостот бил изграден релативно лесно.

Потоа, додека Александар напредувал кон реката Тигар, локалните шпиони го навеле да поверува дека Дариј бил на другата страна, чекајќи да го спречи неговото преминување. Претпоставувајќи дека извештаите се сигурни, Александар наредил брз марш за да го стигне Дариј, но него никаде го немало.

1al213

Древна Александрија

Армијата на Александар ја преминала реката Тигар на 20 септември 331 година пред Христа и тргнала во југоисточен правец, додека не стигнала во селото Гавгамела /Gavgamela/. Таму тој ја нашол армијата на Дариј како го расчистува и го нивелира земјиштето, за неговите бојни коли да имаат предност во однос на фалангата на Александар.

Во борбена формација, Дариј стоел во својата борбена кола во центарот. До него стоела коњичката гарда и персиската пешадија. Лево и десно биле платениците на градовите-држави. На двете крила стоеле комбинирана војска од коњаници и пешадинци. Напред на крилата стоеле сојузничките коњаници, а на чело на ценатарот стоеле петнаесетте слонови. На чело на борбениот ред стоеле 200 скитијски бојни коли, подготвени да навалат по исчистениот и измазнет терен.

Александар на почетокот планирал да ја развие вообичаената накосена формација со офанзивно десно крило кое тој ќе го командува, а со дефанзивно лево крило под  команда на Парменио. Но, поради супериорната бројчана надмоќност на неговиот непријател, Александар решил да додаде втора борбена линија, способна да се бори на втор фронт зад него, во случај да биде опколен.

Со други зборови, ако оружените сили на Александар бидат опколени, нивната формација ќе се развие во форма на флексибилен квадрат и ќе го притиска непријателот нанадвор, на сите четири предни страни, односно фронта.

Продолжува

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top