ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 58 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ВО СИДНЕЈ
Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави списанието „Повод“ број 58 за септември 2022 година. Тоа се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, а е наменето за литература, култура, историја и општествени науки, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија, […]