Култура и туризам

ЗНАЧЕЊЕТО НА БРАЌАТА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО КНИЖЕВНОСТА И ЦРКОВНИОТ ЖИВОТ (1)

2.3.1

1park12345678

Делото „Во чест на светите Кирил и Методиј“ е израз на долготрајната истражувачка дејност на авторите д-р Вера Стојчевска- Антиќ и Славе Николовски – Катин на животот и делото на сесловенските (македонските) просветители светите Кирил и Методиј“.Таа е монографија на „Матица македонска“ од Скопје, отпечатена во 1994 година, на 212 страници на македонски јазик.  

Инаку, Книгоиздавателството „Матица македонска“ на 9 октомври 2016 година, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ свечено го одбележа јубилејот 25 години од своето постоење. Тоа беше централното чествување на Книгоиздавателството „Матица македонска“, иако издавачката куќа четврт векот од основањето пригодно го одбележува од почетокот на годинава, со организирање промоции, средби со писатели и со изложби на познати уметници во центарот „Матица ексклузив“.

Според пишаните документи, „Матица македонска“ е основана на 24 август 1991 година и досега има објавено илјадници наслови од најзначајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од над пет милиони примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки, славистички центри и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји. За својата богата дејност „Матица македонска“ е добитник на национални и меѓународни признанија, а во рамките на Клубот „Матица“ денес членуваат повеќе од четириесет илјади читатели.

Публикацијата „Во чест на светите Кирил и Методиј“ од авторите д-р Вера Стојчевска- Антиќ и Славе Николовски – Катин е едно од првите изданија на оваа реномирана издавачка куќа во Македонија, чиј директор и главен и одговорен уредник е познатиот писател и поет Раде Силјан. Рецензенти на ова дело се проф. д-р Радмила Угринова – Скаловска и архиепископот на Македонската православна црква г.г. Михаил, а беше издадено во 1994 година, кога се навршуваа 50 години самостоен слободен, просветен и културен живот и растеж во Република Македонија.

Имено, на заседанието на АВНОЈ од 29 ноември 1943 година на македонскиот нирод во Републиката Македонија му се признаа правата за национална слобода. На 2 август 1944 година Антифашнстичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) на своето прво заседание во манастирот „Свети Прохор Пчињски”, прогласи дека македонскиот народ влегува како национилно слободен и рамноправсн член во рамките на тогашна Федеративна Југославија, на принципите поставени на Второто заседание на АВНОЈ.

Разбирливо е што во Народно ослободителната борба (НОБ) во Македонија започнаа просвегно-образовни и културни текови, врз основата на кодифицираниот македонски јазик. На 3 мај 1945 година посебната комисија за јазикот и правописот на НР Македонија, донесе резолуција по прашањето на азбуката, а веќе на 7 мај истата година, беше озаконет македонскиот правоиис.

Конституирањето на македонската држава, нација, јазик и организираниот црковен живот, немииовно значеше асоцијативно и суштинско поврзување со кирилометодиевската традиција, со создавачите иа сгарословенскиот јазик, во чија основа влегоа говорите на Македонските Словени од околината на Солуи. Врз база иа овој максдонски дијалект беше изграден литературннот старословенски јазик.

Кирмлометодиевската традиција зафатила благородни и длабоки корени во Макеоднија. Вредните ученмци на светите браќа Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски, ја продолжиле нивната целокупна глаголска традиција, особено кога Климент Охридски во 886 година ги ставил темелмте на Охридската книжевна школа. Оттогаш низ Македонија струи Климентовата писменост, книжевноста и организираниот црковен живот, особено со неговото хиротонисување за прв словенски епископ во Велика, во 893 година. Истата годииа свети Наум го напуштил бугарскиот црковно-просветен и книжевен центар во Преслав и го заменил Климента на учителското место во Охридската школа.

Оваа просветителска и културна дејностна преставниците од почетоците на формирањето на словенската писменост и киижевност оставала траги низ вековиге во Македонија. За оваа забележана траднција е досга често пишувано во славистиката. Притоа, се заклучува дека и во пишаните извори, а и во народната усна традиција постои континуираност.

Токму затоа, со ова издание авторите сакаат да ги проследат во еден преглед поважните дејности во врска со кирилометодиевската традиција, во периодот од 1944 до 1994 годииа. На овој начин се регистрирани барем поважните појави во Македонија, поврзани со епохалното дело на светите браќа и нивните ученици, укажувајќи на длабоките кореии на оваа традиција во Македонија, зачувана и во нашето современо живеење и чествување, како долг кон бсспримерните наши учители.

Максдонскиот јазик спаѓа во јужнословснските јазици, а се формирал од словенските племиња што се населиле најјужно на Балканскиот Полуостров. Уште тогаш, во IX век, тој се одликувал со карактеристични особености во однос на јазичните црти. И понатаму во својот развој доживувал своевиден напредок. Прашањето за литературниот современ македонски јазик било поставено уште во XIX век, а решено дури со победата на НОБ.

1park123456789Споменикот „АСНОМ“ во Скопје

Македонскиот литературен јазик ја доживеал својата кодификација, со одлуките донесени на АСНОМ 1944 годииа, Во изминатиот седумдесетгодишен период растеше јазично-творечката дејност. Во трудот иа Блаже Конески, со наслов „Македонскиот литературен јазик” (Реферати на македонските слависти за XI Меѓународен славистички конграс во Братислава, Скопје 1993 9-33), не случајно е истакнато: „Развитокот на функционалните стилови иа македонскиот литсратурен јазик во периодот на неговата кодификација ја потврдува обемноста и успешноста на таквите напори”.

Веднаш по НОБ се обновија училиштата во Македонија. Повеќе од нив го задржаа или го добија името „ Кирил и Методиј”, и „ Климент Охридски”. Овие имиња на нашите современи македонски училишта не се само симболични наслови, туку една жива врска на писмената, книжевната и културната традиција, што ја вкоренија солунските браќа и светители Кирил и Методиј во IX век.

Во ова издание се одразени и повеќеродни дејности, манифестации, собири, инсштуции, личиости, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста и работата на светите Кирил и Методиј и нивните ученици. Разбирливо е дека во него ги проследуваме и јубилеите, кои во одредени години ги потенцираат активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така, своевиден простор е посветен на културната манифестација „Во чест на свети Кирил” и поклоненијата на светиот гроб на свети Кирил во Рим во период од 25 годиии (1969-1994).

Посочуваните прослави собири, зборници, изданија, библиографии, даваат можности и за други посериозни потфати. Секако, сметаме дека и овој труд ќе даде прилог за поцелосното согледување на повеќе реализирани дејности во врска со епохалното дело на светите браќа Кирил и Методиј и на иивиите ученици, во Република Македонија и пошироко, во периодот од 1944 до 1994 година.

Продолжува

1sla2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top