Култура и туризам

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

1park1234567

1park1234567

По повод Новогодишните и Божикните празници излезе од печат монографското дело „Лу Влашо – американски син на Македонија“. Тоа  е издание на „Македонска искра“  од Скопје, отпечатено во 2022 година, на 330 страници на англиски и македонски јазик, чии уредници се новинарката Херит Хеитаус од САД и публицистот Славе Катин од Македонија. 

Монографијата „Лу Влашо – американски син на Македонија“ е животна приказна за Лу (Илија) Влашо, роден Американец со македонско потекло од Егејскиот дел на Македонија, познат, признат и доблесен бизнисмен во Соединетите Американски Држави 

Животната приказна на семејството Влашо е многу интересна страница од мозаикот на македонскиот иселенички летопис во САД, но и во пошироките простори на северно-американскиот континент. Лу, чие македонско име е Илија, е познат активист за афирмација на македонското име, јазик, идентитет, култура и традиции во мултиетничката мапа на САД. Животната приказна на семејството Влашо, истовремено, е и скромен дел од историјата на Македонците од Егејска Македонија, на Македонците во иселеништвото и на дедовкста татковина – Македонија.

Бизнисменот Лу Влашо е роден во Кентон, Охајо, а сега живее во Нејплс во Флоридаако, меѓутоа, неговата љубов кон прадедовската земја-Македонија е голема и е вкоренета од воспитувањето што го добил од неговите македонски родители кои го напуштиле родното село Брезница, Леринско, во Егејска Македонија и емигрирале во САД, големата земја, за подобра и сигурна иднина.

Лу Влашо како методист по религија беше близок пријател на починатиот македонски претседател Борис Трајковски исто така методист. Тие како религиски истомисленици помогна во ширењето на визијата на Претседателот за Светската конференција за градење дијалог меѓу религиите во Македонија и во светот, која трае до денес. Повеќе од една деценија, Влашо беше активно вклучен во Годишниот национален молитвен појадок (НПБ) во Вашингтон, Д.Ц. и беше инструмент во воспоставувањето на Појадокот за гостите од Балканот. Заедно со неговиот личен пријател и поранешен сенатор од Охајо, George Воинович, тој беше ко-претседател на годишниот ручек, на кој присуствуваат над 100 лица годишно од Балканот.

Монографското дело „Лу Влашо – американски син на Македонија“ е посветено на доблесниот Македонец, бизнисмен, истакнат хуманист и докажан донатор, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, Лу (Илија) Влашо. Тој се залага за афирмација на етничка Македонија Таквата угледна бизнис личност, вљубеник во американскиот и во македонскиот народот насекаде по светот и во својата татковина Македонија, секогаш го водела светата мисла да остави вечни траги за идните македонски генерации. 

1borc1

Големите пријатели: Борис Трајковски и Лу (Илија) Влашо 

Монографијата, главно, е наменета за идните генерации, кои се раѓаат, растат и се формираат во САД, со цеп да нв ги заборават сопсгвените корени. Затоа овде се опфатени два века, целиот дваесетти и почетокот на дваесет и првиот век и нсторијата на семејсгвото Власхо со дадените координати во просторот и времето што таа го опфаќа

Иналу Лу Вчаши е роден и пораснал во Кентон, основал семејство и поголемиот дел од својата работна кариера го поминал во Трој (Troy), Охајо. Сега живее во Нејплс (Naples), во Флорида. Иако поголемиот дел од животот го посветил на својата кариера и на општествено корисна работа, тој никогаш не ја заборавил татковината на своите родители и дал значителни придонеси за Македонија и македонскиот народ. Тој бил почесен конзул на Република Македонија во Соединетите Американски Држави.

Лу – Илија, како родителите и блиските роднини го викаа, има огромна љубов кон Македонија, со што неговиот позитивен став и подготвеност е да помогне на неговата дедовска земја. Тоа особено го прави преку Хуманитарната организација „Хабитат“, која работи многу успешно во Македонија.

Тој е почесен член на одборот на „Хабитат за хуманост во Македонија“, кој обезбедува едноставни, пристојни и достапни решенија за домување за оние кои живеат во сиромаштија. Благодарение на заложбите на Лу Влашо, во 2008 година, округот Колиер (Флорида) „Хабитат за хуманост“ потпишал партнерство со „Хабитат за хуманост“ од Македонија.

Во знак на благодарност на Лу Влашо за неговиот ангажман за работата и напредокот на македонската кауза, Владата на Република Македонија го назначи за почесен конзул на Република Македонија во Соединетите Американски Држави во 2007 година. Почесниот конзулат беше отворен во Нејпл, Флорида, во февруари 2008 година. Таа е годината во која Лу Влашо беше награден со специјалниот крст на „Свети Станислав“ за добротворни услуги.

Соединетите Американски Држави, татковината на Лу Влашо имаат бурна и богата историја од своето формирање па до ден-денес. Aмерика отсекогаш била „ветена земја“ за Европејците, односно народите од другата страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето па до денес.

Името и делото на Лу Влашо е тесно поврзано со неговата татковина, Соединетите Американски Држави (САД). Таа е земјата во која бизнисменот Лу Влашо живее, твори, се развива, проширува, опстојува и постигнува напредок во бизнисот, „ветената земја“, како што ја нарекуваат Македонците и другите доселеници.

Лу Влашо е почесен член на Советот на организацијата „Обединета македонска дијаспора“ (ОМД), за неговиот придонес, особено помагајќи во развојот на првиот пратеник на Конгресменската пратеничка група за Македонија и проширување на македонско-американците односи, како и добивање на потребната поддршка од Конгресот за членство на Македонија во НАТО.

И така, мојата приказна е документирана! Еден едноставен човек кој направил се што може за животот во сите места каде што живеел да биде малку подобро место за живеење, а особено да придонесе за Македонија и Македонците на начин на којшто тоа му го дозволувала работата и неговите односи.

Лу Влашо (Lou Vlasho) е роден Американец, но Македонец по потекло од селото Брезница, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Тој е интелектуалец, бизнисмен, хуманист, познат и признат во американското општество, како и почесен конзул на Република Македонија за Флорида. Тој е познатиот Американец кој даде значителен придонес за македонската каузи и го посвети својот живот во служба на човечкото општество

1sla2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top