Култура и туризам

ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ЖИВАТА ТРАДИЦИЈА НА СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ (7)

1trad5

1trad5

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Од книжевните извори што се однесуваат на животот и делото на свети Клнмент Охридски добиваме најконкретни показатели за продолжувањето на кирилометодиевската традиција. Анонимен автор ги составил опширните словенски житија за Климент и Наум Охридски. Било пронајдено краткото словенско житие за Наума, а подоцна и второто кратко словенско Наумово житие.

За нивната слава, што се пренесувала низ вековите, зборуваат дејностите на охридските архиепископи, по потекло Грци (Елини), кои секогаш имале неадекватен однос кон словенските културни придобивки. Во XI век архиепископот Теофилакт го составил опширното грчко (елинско) житие за Климент Охридскн, кое и денес претставува основен извор за проучување на животниот Климентов пат. Дека во XIII век Климент бил присутен и актуелен се гледа од Краткото грчко житие, што го составил охридскиот архиепископ Хоматијан.

Живата традиција на св. Кирил и Методиј, што ја пренеле св. Климент и Наум Охридски се протегнува и во XVIII век, кога во Москополската печатница се печателе грчките служби и житија посветени на св. Климент и Наум Охридски, составени од грчките архиепископи: Хоматијан, Кавасила Григориј и од охриѓанецот Козма – драчки митрополит. Овие грчки автори оставиле убави канони и тропари во нивна чест.

Оваа традиција е засведочена и преку Стематогафијата на Христифор Жефаровиќ. И во XIX век не била заборавена оваа традиција, и покрај засиленото влијание на грцизмот, особено во јужните делови од Македонија.

Првиот македонски превод на опширното Климентово житие го направил македонскиот преродбеник Партениј Зографски, употребувајќи го притоа галичкиот дијалект. Браќата Миладиновци биле живо заинтересирани за оваа традиција, особено по контактите на Димитар Миладинов со рускиот славист Виктор Григорович. Светите Кирил и Методиј и Климент и Наум Охридски се присутни во творештвото на Рајко Жинзифов, Ѓорѓи Пулевски, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Григор Прличев и др.

Почит кон кирилометодиевското дело изразиле: Гоце Делчев, Горче Петров, Крсте Мисирков и Димитар Чуповски. Посебни творби им посветиле Григор Прличев и подоцна Никола Јонков Вапцаров, како и други. Денес современите македонски поети честопати се задржуваат врз нивното трајно и значајно дело. Тие се присутни и во богатото македонско народно творештво.

1trad56

Интересно е да се констатира дека македонските современи писатели, особено поетите, им посветиле посебни творби на творците на словенската (македонската) писменост – браќата св. Кирил и св. Методиј и на нивните ученици св. Климент и св. Наум Охридски. Секако, во овој случај предничат творбите што му се посветени на св. Климент Охридски, чија традиција во Македонија живеела низ вековите, а денес како да воскреснува со нови сили и со нов крвоток кој тече.

Од прозните автори посебно треба да ги потенцираме имињата на Лазо Каровски, Видое Подгорец и Томе Арсовски. Лазо Каровски ги состави првите романизирани биографии за светите Климент и Наум Охридски. Подгорец со делото„Ас буки, веди…” го сврте вниманието кон словенските (македонските) просветители на поширокиот читателски круг.

Во најново време кон оваа дејност беше насочено вниманието на Томе Арсовски, кој покрај дводелниот телевизиски драмски текст за св. Климент Охридски, го состави романот „Св Климент Охридски”, оживувајќи ја повторно словенската епопеја од времето на IX и X век.

Повеќе македонски поети им посветија песни на светите Кирил и Методиј. Меѓу нив да ги споменеме: Славко Јаневски (Браќата Солунски), Петре Бакевски (Ѕвездата на Константин Филозоф), Јован Павловски (поема „Строгоста наживеењето” – посветена на св. Методиј), Тодор Чаловски (Вруток на утока), Веле Смилевски (Вратени од Ѕап Klemente), Кирил Бујуклиев (На Солунските браќа) итн.

На св. Климент му се посветени и бројни и одбрани стихови. Посебен поетски однос кон него реализира поетот Матеја Матевски, симболизирајќи ја неговата непроодност и неуништливост преку насловот на песната „Сенката што пее”.

Поетот Радован Павловски му посвети на св. Климент посебна песна, изнаоѓајќи го Климентовото дело низ вокалите распрснати во ѕвездите на еден народ. За Климент испеале стихови; Бошко Смаќоски, Јован Котески, Славко Јаневски, Георги Сталев, Душко Наневски, Цане Андреевски, Трајан Петровски, Љупчо Стојменски, Ристо Јачев, РадмилаТрифуновска и многудруги. Него го опеале и поетите од македонското иселеништво: Невена Аџиевска, Рада Видиновска, Цим Томев, Гоче Малинов идруги.

Активниот однос на современите македонски уметници кон словенските просветители е видлив и присутен во Македонија. Сликарските и скулпторските дела во Македонија ја збогатуваат нивната претстава и визија. Ваквиот однос само ја потврдува живата традиција на словенските (македонските) просветители денес во Македонија.

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top