Македонски легенди

Nikola Mitrev

Никола Митрев – Езерски

Никола Митрев (1865 – по 1904) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуциомерма организација. По известувањето дека во земјата се спрема востание за ослободување од Турците, тој доброволно се враќа од Кавказ во татковината. Зедно со своите другари по морски пат доаѓа во Солун, а потоа и во Охридскиот реон.  Познат како Елшански […]

efrem-cuckov

Ефрем Чучков

Ефрем Чучков (21. XI 1870 – 1. X 1923) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација и учител. Заедно со Гоце Делчев учел во воено училиште во Софија и заедно го напуштиле. Потоа завршил Педагошко училиште во Казанл’к и повеќе години работел како учител. Како припадник на ТМОРО бил организатор на Револуционерната дејност во […]

vostanie

Стојан Карастоилов

Стојан Карастоилов – Стојан војвода (1848 – 24. XI 1878) е ајдутин и главен војвода во Македонското ( Кресненско) востание (1878–1879). Пред Востанието бил ајдутски војвода во долината на Струма, а на почетокот на Востанието, заедно со другите војводи, со 400 борци го нападнале османлискиот гарнизон во кресненските анови (5/17. X 1878) и ослободиле 35 […]

naum-tahov

Наум Тахов

Наум Тахов (1867 – 1913) е слеп народен пејач од Крушево, собирач на народни умотворби и автор на песни. Во 1895 година, во Софија го отпечатил и издал својот зборник со македонски народни песни. Десетина песни му ги отстапил Марко Цепенков. Објавени се и 40 влашки песни. Голем број од песните се однесуваат за личности […]

konstantin-drzilovic

Константин Држилович

Константин Динков Држилов(ич) – Динката (? – 1890) е македонски револуционер, преродбеник, општественик, печатар и книжевник. Учествувал во Негушкото востание, а потоа војува против Турците во Грција. По преселувањето во Солун се занимава со трговија и печатарство, а активно се вклучува во антипатријаршиската борба за своја црква, јазик и училишта и во конституирањето на Солунската […]

Vasil Paskov from Osikovo

Васил Пасков

Васил Пасков (3.I 1874–9.IX1934) е македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација. Работи како учител во Битола и Ново Село, претседателствува со Конгресот на ВМРО на Петрова нива во Одринскиот револуционерен округ, каде се објавува кревањето на востанието во 1903 година. Емигрира во Бугарија каде редактира повеќе весници. Тој е член и еден од основачите […]

paskal-mitrevski

Паскал Митревски

Паскал Митревски (1912 – 11. XI 1978) е истакнат македонски нацинален деец од Егејска Македонија, борец за националните права на Македонците во Грција. Во периодот од 1943 до 1949 година бил учесник е во грчкото движење на отпорот (ЕЛАС), секретар на СНОФ во Костурско (1943), секретар на Политичката комисија на Македонците под Грција (1944), а […]

pecatnica

Киријак Држилович

Киријак Држилович (Држиловец), (поч. на XIX век – ок. 1877) е македонски преродбенски деец и општественик, печатар и книжар. Учествува во грчкото етеристичко движење (1821–1829), а потоа учи и живее во Атина. По преселувањето во Солун се занимава со трговија, отвора грчка печатница (ок. 1850), во која печати и публикации на македонски јазик со грчки […]

riste-ritevski

Ристе Ристески (1931 – 2000): Македонска политичка емиграција во Австралија

Ристе Ристески бил еден од најактивните македонски политички емигранти на австралискиот континент. Тој се залагал за идејата за создавање на обединета и самостојна македонска држава со демократско уредување. Ристески, за реализација на своите политички погледи, се вклучил во “Движењето за ослободување и обединување на Македонија” (ДООМ), која била најмасовната македонска емигрантска политичка организација по Втората […]

mak-glas

Александар Везенков – Косарин

Александар Петривич Везенков – Косарин (9. XII 1867  – ?) е македонски деец и драмски уметник. Студирал во Москва и Одеса. Како член на Македонското научно-литературно друштво во Санкт Петербург (Петроград) тој е поборник на независна македонска држава. Полемизира со руските славјанофили, а во 1913 година заедно со Димитрија Чуповски, Наце Димов и Гаврил Константиновиќ […]

makedonski-glas

Антон Мирчев – Пешковски

Антон  Мирчев – Пешковски (1890 – 1942) е македонски деец, истакнат член на Македонската колонија во Петровград, потписник на неколку нејзини акти во списанието „Македондки глас“ (Македонскій голосъ) и е член на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград. Тој својот печат го стави на страниците на македонската и светската историја. Учествувал во Октомвриската револуција и бил […]

dimitar-zafirovski

Димитар Зафировски

Димитар (Митко) Зафировски (27. VIII 1907 – 4. VII  1973) е македонски културно-национален и општествено политички деец и публицист. Се вклучува во работничкото движење. Членува во ВМРО (Об) и БКП, а потоа и член на Македонската комисија при ЦК на БКП. Ги уредува списанијата „Роден крај“ (1933), „Македонски вести“(1935/36) и заедно со други го подготвува […]

To top