Македонски легенди

Киријак Држилович

pecatnica

pecatnica

Киријак Држилович (Држиловец), (поч. на XIX век – ок. 1877) е македонски преродбенски деец и општественик, печатар и книжар. Учествува во грчкото етеристичко движење (1821–1829), а потоа учи и живее во Атина. По преселувањето во Солун се занимава со трговија, отвора грчка печатница (ок. 1850), во која печати и публикации на македонски јазик со грчки букви („Канонаме за селата битолски“, 1851; „Неделно евангелие“ од П. Божигропски, 1852). Вклучен е во преродбенските антипатријаршиски борби за своја црква, јазик и училиште и учествува во конституирањето и дејноста на Солунската црковноучилишна општина.

Киријак Држилович е роден на почетокот на XIX век во селото Држилово, Негушко, Егејскиот дел на Македонија, во богато трговско-занаетчиско семејство. Во 1821 година, се вклучува во грчкото етеристичко движење, а во 1822 година потикнато од грчкото востание учествува во Негушкото востание. По задушувањето на востанието во кое му е опожарено родното место, заедно со дел од македонските востаници се повлекува на југ и им се придружува на грчките востаници. Војува против Османлиите се до 1829 година, а по извојувањето на независноста на Грција се населува во Атина, каде завршува високо образование.

По преселувањето во Солун, Киријак Држилович се занимава со трговија и активно се вклучува во преродбенската антипатријаршиската борба за своја самостојна  црква, јазик и училиште. Исто така, учествува во формирањето и дејноста на Солунската црковноучилишна општина.

Околу 1850 година, Киријак и неговиот постар брат Константин Држилович, се обидуваат повторно да отворат македонска печатница, каква што немало од затварањето на печатницата на Теодосиј Синаитски.

По многу пречки од страна на грчките црковни власти Киријак и Константин Држилови добиваат дозвола да отворат грчка печатница, во која ќе се печатат грчки, но и книги на македонски јазик со грчки букви. Во 1851 година, печатницата на браќата Држилови со грчки букви и со македонски јазик ги печати во Солун „Канонаме за селата битолски“, а во 1852 година „Неделно евангелие“ од Павел Божигропски (Солон, Стампа Кирјакова Дарзилен, 1852). Евангелието подготвено од П. Божигропски од село Кониково, пишувано на воденско наречие денес е особено важно за изучување на македонскиот јазик.

Со печатницата на Држилови работи и книжарница преку која тие распространуваат грчки, руски, бугарски и српски книги и весници. Иако, во печатница биле публикувани грчки учебници, тоа не е доволно за грчките црковни власти. Согледувајќи дека во борбата за управување со црковно-училишните општини се повеќе го губи влијанието кај славјанското население, грчките првенци и свештество прават големи напори за да се затвори печатницата на Држилови во Солун.

Киријак во текот на својата преродбенската антипатријаршиската борба, одржувал контакти  со руските конзули. Се допишувал со Партенија Зографски и Димитар Миладинов, за кого собирал народни песни, како и со Павел Божигропски, Венијамин Мачуковски, Димитар Василев Македонски, Димитар Христо Узунов, Стефан Верковиќ, Георги Раковски и др.

Потикнат од Партенија Зографски и Димитар Миладинов, Киријак во овој период се подготвувал да ги препечати распродадените учебници на Партенија, како и да ги напечати подготвените ракописи и стихови на Георги Динков, синот на брат му Константин.

Подготовките на Кирјак „да печати книги на Македонскиј јазик за овдешните жители“, предизвикала тревога кај грчките првенци кои заедно со солунскиот и воденскиот мирополит го клеветат пред солунскиот управител Хисни паша, по што печатницата на Држилови е затворена во април 1860 година.

Останат само со книжарницата, Киријак пишувал коментари и ги дистрибуирал во Македонија весниците „Дунавски лебед“ на Георги Раковски (1860 – 1861, Белград), „Цариградски весник“ (1848 – 1862, Цариград) и „Македонија“ (1866 – 1872, Цариград).  

Во 1867 година Киријак Држилович бил надзорник на училиштето за девојки во Солун, а од 1868 година бил еден  од раководителите на Солунската црковноучилишна општина.

Киријак Држилович умира во Солун околу 1877 година.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top