Македонски легенди

Димитар Зафировски

dimitar-zafirovski

dimitar-zafirovski

Димитар (Митко) Зафировски (27. VIII 1907 – 4. VII  1973) е македонски културно-национален и општествено политички деец и публицист. Се вклучува во работничкото движење. Членува во ВМРО (Об) и БКП, а потоа и член на Македонската комисија при ЦК на БКП. Ги уредува списанијата „Роден крај“ (1933), „Македонски вести“(1935/36) и заедно со други го подготвува забранетиот број на весникот „Гоце“ (1938). Го издава единечниот зборник „Илинден 1903“ (1939). Се вклучува во редовите на НОБ и е делегат на првото заседание на АСНОМ, а потоа е главен уредник на весникот „Нова Македонија“. Тој е прв директор на Институтот за национална историја (1948) и универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“.

Димитар (Митко) Григоров Зафировски е роден на 27 август 1907 година во Гевгелија. По Балканските војни емигрира во Бугарија. Првично живее во Плевен, а меѓу 1916 и 1924 во Варна. Подоцна се преместува во Софија и секаде работи како електричар. Се вклучува во работничкото прогресивно движење и станува член на ВМРО (об). Бидејќи партијата добива комунистички карактер, во 1932 година тој станува член и на БКП, а во 1936  година бил назначен за член на Македонската комисија при ЦК на БКП.

Митко Зафировски бил активен во Гевгелиското братство и на Читалиштето „Роден крај“ во Софија. Во 1933 година тој го уредува единствениот број на списанието  „Роден крај“. Исто така, под псевдонимот Д. Г. Заров соработува и потоа ја уредува културната рубрика на органот на ВМРО (об), неделното списание за историја, наука и литература „Македонски вести“ (1935 – 1936).

Во рамки на Редакцијата на „Македонски вести“, Митко Зафировски организира Македонскиот литературен кружок (2 август 1936 година) и работи со Војдан Чернодрински за создавање на Македонски народен театар. Кратко време тој издава паралелен орган на македонската емиграција во Бугарија, весникот „Македонска земја“, а по забраната на „Македонски вести“ во 1936 година, тој е еден од организаторите на „Публицистичкиот кружок „Нација и култура“.

Во 1938 година, по повод 35 години од убиството на Гоце Делчев во Баница, Димитар Зафировски заедно со Антон Попов, Коста Веселинов, Иван Керезиев, Ангел Динев и други, го подготвуваат јубилејен број на весникот „Гоце“. Но, бугарската цензура кога видела дека во текстовите се зборува за македонски народ и македонска нација, а никаде не се спомнува дека Македонците се Бугари, веднаш го забрануваат весникот и го спречуваат печатењето. 

Сепак, првиот печатарски отисок на ова списание бил спасен, а Зафировски подоцна го носи во Македонија. Ова екслузивно издание поврзано со македонската историја, преставува важен документ за националните позиции на македонската интелигенција меѓу двете светски војни: Секој текст објавен во овој весник зборува за чиста, изградена македонска национална свест кај секој автор посебно. Зафировски потпишан како Д. Григоров ќе го објави интервјуто со тројцата блиски другари на Гоце Делчев, Туше Деливанов, Михаил Герџиков и Михаил Чаков.

Димитар Зафировски станува активен член на обновениот Македонски литературен кружок во Софија (1938 – 1941) и во 1939 година го издава и единечниот зборник „Илинден 1903“. Работи како новинар на дневниот весник „Зарја“. Во 1940 година, како новинар патува во Белград, каде на македонските студенти им носи национално-политички материјали, како и преписот од книгата на Крсте Мисирков.

По бугарската окупација на Вардарскиот дел од Македонија, Димитар Зафировски се враќа во Гевгелија. Во текот на 1941 година тој станува секретар на Месниот комитет на КП во Гевгелија и член на Пленумот на ПК на КПЈ за Македонија и се вклучува во НОБ на Македонија. Станува член на АГИТПРОП при ГШ на НОВ и ПОМ и на ЦК на КПМ. Во 1943 соработува со весникот „Народна борба “, а во 1944 година со списанието „Илинденски пат“.

Во август 1944 година Димитар Зафировски е делегат на Првото заседание на АСНОМ, а од септември истата година е главен уредник на весникот „ Нова Македонија“.

По ослободувањето,  во периодот од 1946 до 1947 година, Зафировски работи како советник и прв секретар на Југословенската амбасада во Софија. Наредната 1948 година, тој е поставен за  директор на Институтот за национална историја, а од 1955 до 1972 година бил  директор на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.

Димитар (Митко) Зафировски во текот на својот живот пишува голем број статии, историски записи, репортажи и театарски критики. Умира на 4 јули 1973 година во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top