Македонски легенди

korcagin

Раде Јовчевски – Корчагин

Раде Јовчевски – Корчагин (14. VIII 1919 – 20. II 1943) е македонски револуционер, синдикален и комунистички деец, првоборец и народен херој. Во 1941 година, по Априлската војна зел учество во диверзантските акции во Скопје, а потоа бил член на Штабот на Првиот скопски партизански одред. По неговото расформирање влегол во илегала. Во април 1942 […]

vasil-adzilarski

Васил Стојанов – Аџаларски

На 11 ноември 1909 г. во Скопје е убиен Македонскиот револуционер и војвода ВАСИЛ СТОЈАНОВ – АЏАЛАРСКИ. Роден е во скопското село Аџилари (Миладиновци) 1880 г. Учествува во Илинденското востание 1903 година, а потоа  во повеќе борби со османлиската војска во Скопско и Кумановско. Во 1908 година се легализира. Тој ги поддржувал санданистите и федералистите […]

Toma Pojarliev

Тома Пожарлиев

Тома Петров Пожарлиев (1. V 1870 – 5. XII 1938) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација во Воденско, Кратовско и Чепеларско. Учествува во Илинденското востание. Тома Пожарлиев е роден на 1 мај 1870 година во Ениџе Вардар, Егејскиот дел на Македонија. Завршил шестти клас во Солунската гимназија. По завршувањето на школувањето учителствува во […]

jurukov

Никола Јуруков

Никола Јуруков (28. VII 1880 – 26. IV 1923) е виден архитект во Бугарија, македонски револуционер и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација (МЕФО). По првата светска војна се вклучува во политичката активност на македонската емиграција во Софија. Претседател е на Костурското братство и учесник во Привременото преставништво на бившата ВМРО (1919). Бил член на […]

Lazar Popovski

Лазар Поповски

Лазар Поповски (1891 – 1952) е општественик, новинар и македонски револуционер, деец на ВМРО (Обединета). Тој е еден од потписниците на „Апелот до Македонците во Бугарија“ во септември на 1944 година. Лазар (Поп) Трпов Поповски е роден во 1891 во Костур, Егејска Македонија, во семејството на свештеникот Трпо Поповски, истакнат македонски преродбеник, учител, борец против […]

Misho Nikolov

Михаил Николов Розов

Михаил Николов Розов (25. VIII 1874 – Варна, 1. VIII 1934) е македонски просветен деец и револуционер, костурски војвода на Македонската револуционерна организација. Учесник е на Илинденското востание во 1903 година. Во 1937 година постхумно се појавуваат неговите спомени „Револуционерното движење во Костурско Спомени“. Михаил Розов е роден на 25 август 1874 година во костурското […]

Nick Vanoff

Ник Ванов

Ник Ванов (25. IX 1929 – 20. III 1991) е американски филмски продуцент од македонско потекло. Емигрира во САД, каде заедно со братот Борис Ванов прави успешна кариера во филмскиот бизнис, како продуцент на играни и телевизиски филмови во Холивуд. Тој е копродуцент Bing Crosby Specials, Perry Como Specials, Phil Silvers Specials, Hollywood Palace, Andy […]

Yosif Kovachev Shtip

Јосиф Ковачев

Јосиф Ковачев (14. I 1839 – 31. X 1898) е македонски педагог и просветител од втората половина на XIX век. Тој го основал првото Педагошко-богословско училиште во Македонија. Прв во македонските училишта го вовел и го распространил звучниот (гласовниот) метод во букварската настава, со што значително го олеснил процесот на почетното читање и пишување кај […]

revolucioneri

Иван Апостолов – Македонецот

Иван Апостолов (1847 – 1926) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација и неврокопски војвода. Со четата на војводата Иљо Марков Малешевски учествувал во Српско-турската војна (1876), потоа во Руско-турската војна (1877/1878) и во Кресненското востание (1878/1889). Активно учествувал и во Илинденското востание. Бил познат како Копаран чауш, Даскалот и Ване Македонецот. Иван Апостолов […]

kosta-popeto

Коста Христов

Коста Христов Попов (21. IV 1862 – 1941) е македонски револуционер, гевгелиски војвода и виден деец на Македонската револуционерна организација. Познат како Попето учествува во ослободувањето на Крушево. Заедно со Андреј Димков ја опсадуваат и палат жандармериската касарна во Крушево, а потоа учествува и во одбраната на Крушевската Република. Коста Христов е роден на 21 […]

todor-lazarov

Тодор Лазаров

Тодор Лазаров (1869 – 29. IX 1912) е македонски револуционер, член на ТМОРО. Станал првиот член на РК на МРО во Штип. Во 1903 година бил учесник на Солунскиот конгрес на ТМОРО. Познат под псевдонимите Сараскалијата, Сарсакали Мехмед и Сарчизмели, во 1905 година повторно бил уапсен и спроведен во османлискиот затвор Шам Тарабулус. По Младотурската […]

Matey Gerov

Матеј Геров

“не сум ни Србин, ни Бугарин, туку Македонец“ Матеј Геров (14. XI 1871 – 20. VIII 1918) е македонски деец, член на Женевската група (Македонскиот таен револуционерен комитет) и Македонската револуционерна организација (МРО). Во 1903 година се пријавил да ги продолжи правните студии во Белград. Како член на МРО од крилото на „сарафистите“, тој бил […]

To top