Македонски легенди

Ник Ванов

Nick Vanoff

Nick VanoffНик Ванов (25. IX 1929 – 20. III 1991) е американски филмски продуцент од македонско потекло. Емигрира во САД, каде заедно со братот Борис Ванов прави успешна кариера во филмскиот бизнис, како продуцент на играни и телевизиски филмови во Холивуд. Тој е копродуцент Bing Crosby Specials, Perry Como Specials, Phil Silvers Specials, Hollywood Palace, Andy Williams Specials, Sonny and Cher Show и Kennedy Center Honors Show. Ванов е творец на комична серија Hee-Haw и е копродуцент на филмот “Елени” (1985), направен по спомените на неговиот пријател Николас Гејџ.

Ник Ванов (Nick Vanoff) е роден на 25 октомври 1929 година во леринското село Баница, Егејскиот дел на Македонија. По емигрирањето во САД, тој израснал во Питсбург и Бафало (Њујорк). Служел војска во Маринскиот корпус на САД и кратко потоа студирал режија кај Теодор Комесарјавски во Њујорк.

Ванов ја започнува својата кариера како танчер во танцовиот театар на Чарлс Вејдман. Подоцна, тој беше водечки танчер во Њујоршката Опера, каде во 1950 година, ќе ја сретне својата идна сопруга Фелиса Ванов [Phyllis Elizabeth (Felisa) Vanoff]. танчерка, кореограф, продуцент и филантроп. Исто така, тој играше и во Бродвејскиот мјузикл „Бакни ме Кејт“, а се појавува на телевизија и во ноќните клубови.

Тој ја започнува својата телевизиска кариера со Сид Цезаровиот “Your Show of Shows”. Во средината на педесетите години, заедно со братот Борис прави успешна кариера во филмскиот бизнис, како продуцент на играни и телевизиски филмови.

Ник Ванов започнува како носител на картици-потсетници за учесниците во телевизиското Пери Комо Шоу (The Perry Como Show), а потоа за само четири месеци станал ко-продуцент. На возраст од 24 години, заедно со Вилијам О Харбах, го продуцира „Вечерното шоу“ („The Tonight Show”) на NBC со Стив Ален како домаќин, со кого продолжува да соработува и по преселбата во Холивуд.  

Во шеесетите години на минатиот век, Ванов продуцира повеќе од десет часови телевизиска забавна програма неделно со Бинг Крозби, Енди Вилијамс, Дон Кнотс, Милтон Берле и Сони и Шер (“Perry Como’s Kraft Music Hall”, “The Hollywood Palace”, “Night Life”, “The Don Knotts Show” “The Milton Berle Show” и “The Sonny and Cher Show”).

Со падот на жанрот во 1970 година, Ванов се фокусирал на друг вид на програми како што е “Swing Out, Sweet Land” со Џон Вејн. Во 1978 година тој почнал да ја организира годишната награда на „The Kennedy Center Honors“ во Вашингтон која се доделува на уметниците кои придонеле за американската култура.

Ник Ванов беше член на одбор на „Center Theatre Group“ во Лос Ангелес, а исто така основач и директор на Фондацијата Џефри Балет, како и ко-сопственик  на  „Sunset-Gower Studios“, поранешната „Columbia Studios“ во Холивуд. Во 1985 година, Ник Ванов го продуцира филмот „Елени“, направен по спомените на неговиот пријател од детството Николас Гејџ.

За неговите телевизиски продукции, тој се стекнува со пет Емми, меѓу кои: “The Julie Andrews Hour” (1973, “The Sound of Christmas,” (1988) и др.

Разновидниот Ванов исто така ја освои престижната награда на Бродвеј „Тони“ за најдобар мјузикл за неговиот “Градот на ангелите”. Во 1990 година од еснафот на Америка, тој беше наречен шоумен на годината. Но, напорната работа често го изолира од семејството и влијае врз неговото здравје.

Македонецот од леринското село Баница кој ја освои Америка и го исполни американскиот сон умира неколку месеци пред осамостојувањето на Македонија.

На 20 март 1991 година, 61- годишниот Ник Ванов умира од срцев удар во UCLA Медицинскиот центар во Лос Ангелес. Зад себе ќе ги остави сопругата Фана, синовите Николас и Флавио, мајката Фима, братот Борис и сестрите Александра, Венка и Нада.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top