Македонски легенди

Тодор Лазаров

todor-lazarov

todor-lazarov

Тодор Лазаров (1869 – 29. IX 1912) е македонски револуционер, член на ТМОРО. Станал првиот член на РК на МРО во Штип. Во 1903 година бил учесник на Солунскиот конгрес на ТМОРО. Познат под псевдонимите Сараскалијата, Сарсакали Мехмед и Сарчизмели, во 1905 година повторно бил уапсен и спроведен во османлискиот затвор Шам Тарабулус. По Младотурската револуција бил амнестиран. Тешко разболен, се самоубил.

Тодор Лазаров Хаџидимитров е роден во 1869 година во Штип. Потекнува од имотно трговско и родољубиво семејство Хаџидимитрови, кое активно учествува во борбата за македонската независност. Негов брат Арсо Лазаров бил општественик. кој по воспоставувањето на српскиот режим во Вардарска Македонија како најстар пратеник на отврањето се обратил на мајчин македонски јазик.

Со основно образование Тодор Лазаров се стекнал во родното место, а потоа завршил VI клас гимназија во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.Тој зборувал француски, отомански турски и фарси. По завршувањето, една година работел како прогимназиски учител во Штип, а потоа се занимавал со трговија. Исто така, по враќањето во родниот град, Лазаров ја почнал и револуционерната дејност, поради што, со Мише Развигоров, водачот на военото крило на организацијата, често биле мета на турските власти.

Тодор влегува во првиот револуционерен комитет на ТМОРО во Штип (1894/1895), заколнат од Даме Груев. Со неговото влегување во Организацијата, а подоцна и како долгогодишен политички раководител на организацијата во Штип, мисијата на Гоце Делчев и Даме Груев добила силна поткрепа од Лазаров и неговите соработници. Во текот на својот револуционерен живот, Лазаров редовно бил во контакт и со својот сограѓанин Тодор Александров.

Во 1896 година, Лазаров заедно со Ѓорче Петров и Мише Развигоров го претепуваат од ќотек србоманот Јордан Бабамов, поради што се осудени на затвор. Повторно бил уапсен по Виничката афера во 1897 година. Тодор бил затворен прво во скопски Kуршумли ан, а потоа пет години во затворот во Приштина, каде што заболел од туберкулоза, која ќе го измачува до крајот на животот. Kон крајот на 1902 година бил ослободен и интерниран во Солун.

Тодор Лазаров учествувал на Солунскиот конгрес од 2 до 4 јануари 1903 година. Но, набрзо се нашол на списокот со осомничени за помагање на солунските атентати. Тој бил затворен и измачуван, а потоа интерниран во Штип, каде што ја презема раководната улога во движењето.

Во 1905 година, по едно убиство на двајца кираџии од страна на Турци, Лазаров организирал бунт на населението со бојкот на штипската чаршија. Бојкотот почнал со биење на камбаните на црквите „Св. Никола“ и „Св.Богородица“ и неколку дена никој не влегол и не пазарел во чаршијата. За Турците немало дилема дека бунтот бил дело на Организацијата и на Лазаров. Поради неговата дејност, неколку месеци потоа пак бил затворен, прво во Солун, а потоа, со велешанецот д-р Петар Kушев биле префрлени во озлогласениот затвор Тарабулус ал Шам, каде здравствената состојба значително му се влошила.

По Младотурската револуција во 1908 година, Лазаров бил амнестиран. Но, поради нарушеното здравје тој морал да замине на лекување во Швајцарија. И покрај тешката болест (туберкулоза), неуморно работел до крајот на својот живот. По неуспехот Хуриетот, во текот на 1909/1910 година заедно со Тодор Александров учествувал во обновата на организацијата во Штипско. Во мај 1910 година бил избран за член на Задграничното преставништво заедно со Павел Христов.

Во ноќта на 29 октомври 1912 година (15 – 16 септември 1912), непосредно пред почетокот на Првата балканска војна, закован во постела поради болеста, во хотелот „Ројал“ во Софија, Тодор Лазаров си го одзел животот, пукајќи си со пиштол во срцето. Во двете проштални писма што ги оставил напишал дека не може да поднесе да лежи неподвижен додека сите се подготвуваат за војна од која Лазаров очекувал Македонија и македонскиот народ конечно да добијат слобода.

Македонскиот револуционер Михаил Думбалаков за Лазаров напишал:

„ .. (Кога) сите го прифатија ентузијазмот за борба, во … хотелот Ројал бавно гаснеше животот на еден од најбудните синови на Македонија. Смелиот водач на револуционерно Штипско, војникот на бунтот и душата на толку безумно смели акции… беше легнат на кревет од жолтата сопатничка на потребите и незгодите – туберкулозата.

Револуцијата ги изела дробовите на Тодор Лазаров. И сред сеопштиот подем, тој сега беше принуден да биде далечен, безполезен и загубен меѓу толпата.. Трагедијата на револуционерот беше неизмерна… Непогоден да влезе и изгори во големата борба, револуционерот го застрела едно од најголемите срца на Македонија. Господарот на животот, тој беше станал и господар на смртта.“

Револуционерното дело на Тодор Лазаров три децении подоцна го продолжиле неговите внуци од брат му Арсо, народниот херој Тошо Арсов и првоборецот Љупчо Арсов.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top