Македонски легенди

Раде Јовчевски – Корчагин

korcagin

korcaginРаде Јовчевски – Корчагин (14. VIII 1919 – 20. II 1943) е македонски револуционер, синдикален и комунистички деец, првоборец и народен херој. Во 1941 година, по Априлската војна зел учество во диверзантските акции во Скопје, а потоа бил член на Штабот на Првиот скопски партизански одред. По неговото расформирање влегол во илегала. Во април 1942 година, во отсуство бил осуден на смрт со бесење. Во март 1943 година, во вооружена пресметка со полицијата загинал во скопско Маџир Маало.

Раде Јовчевски е роен на 14 август 1919 година во Скопје, во занетчиско семјство. По завршувањето на основното училиште и два класа гимназија, го изучил кожарскиот занает. Учел трговско училиште,  а во 1937 година заминал во Белград, каде се вработил кај крзнар. Набрзо се вклучува во белградското синдикално движење и во 1938 година бил избран за секретар на Подружницата на крзнарските и на кожарските работници.

Поради неговите политички и револуционерни определби, во 1939 година Раде бил избран за член на Комунистичката партија на Југославија. Но, белградската полиција, која ја забележала неговата активност, за да го спречи неговото делување притив монархијата, го протерала од Белград и стражарно го спровела во Скопје.

По доаѓањето во Скопје, Раде Јовчевски продолжил со својата активност и станува познат синдикален функционер. Искуството стекнато во Белград му овозможува во родниот град успешно да организира штрајкови и демонстрации, а во 1940 година станува професионален синдикален работник. Истата година, полицијата почнува да го прогонува него, како и членовите на Сојузот на обединитетите работнички синдакати (УРСС).

Раде Јовчевски повторно заминува за Белград, каде се надева дека ќе најде засолниште. Но, белградската полиција која веќе била известена за неговата противдржавна активност набрзо го уапсила и го затворила во затворот Глављача, каде го ставила на тешки физички маки. По излегувањето од затвор, тој продолжува со својата активност и често патува на релација Белград – Скопје.

Во 1941 година, по Априлската војна и окупацијата на кралството Југославија, Раде зел учество во диверзантските акции во Скопје, а во текот на летото бил еден од организаторите и член на Штабот на Првиот скопски партизански одред. Од тогаш тој станува познат под партизанското име Корчагин.     

Одредот бил формиран од составот на петте диверзантски групи, по одлуката за почеток на вооружената борба во Македонија, на илегалното јунско советување на Скопската организација на КП во Македонија (одржано во Козле на 22 јуни 1941 година). На почетокот, тој бил составен од 12 борци, за да подоцна да брои 42 борци. Веднаш по формирањето Одредот извршил диверзија во рудникот Радуша, а потоа биле извршени и други акции.

Меѓутоа, поради отежнатите политичко-воени услови, во почетокот на ноември 1941 година Одредот бил расформиран, по што борците илегално влегле во градот. Раде Јовчевски – Корчагин работи во скопската илегала се до 17 април 1942 година, кога заедно со Даме Крапчев, Кемал Сејфула, Трајко Стојков и Георги Саздовски и уште други пет борци влегуваат во составот на новормиранит Втор скопски партизански одред.

Војниот суд во Скопје, во април 1942 година, во отсуство го осудил Раде Јовчевски – Корчагин на смрт со бесење, а полицијата за него распишала потерница со парична награда. После долго барање, полицијата конечно успеала да го опколи во близина на манастирот во Побожје. Кога полицајците доволно му се приближиле, фрлил бомба на нив и успеал да се пробие.

Во јануари 1943 година Корчагин бил заменик – политички комесар на здружениот одред на македонските и косовските партизани (Вториот скопски партизански одред и Косовскиот партизански одред). Во февруари 1943 година, по борбата во која одредот бил разбиен и неговиот добар пријател Александар Урдаревски загинал, една група партизани се издвоила од одредот и слегла од планините.

Раде дошол во Скопје за да воспостави врска, но, бил следен и на 20 февруари 1943 година бил опколен од бугарската полиција во првата куќа каде што свратил. Тој се обидел да се извлече од обрачот со прескокнување на оградата, но притоа бил тешко ранет и паднал во една тесна улица во Маџир Маало. Еден од полицајците му се приближил и го усмртил со истрел од пиштол.  

Со Указ на претседателот на ФНРЈ, на 8 октомври 1953 година, бил прогласен за народен херој.

Најново од: Македонски легенди

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

To top