Македонски легенди

Васил Стојанов – Аџаларски

vasil-adzilarski

На 11 ноември 1909 г. во Скопје е убиен Македонскиот револуционер и војвода ВАСИЛ СТОЈАНОВ – АЏАЛАРСКИ. Роден е во скопското село Аџилари (Миладиновци) 1880 г.

Учествува во Илинденското востание 1903 година, а потоа  во повеќе борби со османлиската војска во Скопско и Кумановско. Во 1908 година се легализира. Тој ги поддржувал санданистите и федералистите и бил особено популарен сред скопското граѓанство. Бил убиен на домашната порта од заседа на османлиските власти. Неговиот погреб се претворил во голема демонстрација, а убиецот Ќор Расим бил обесен кај Камениот мост.

vasil-adzilarskiВасил Стојанов Аџаларски

(1880-11.11.1909) e македонски револуционер, скопски и кумановски војвода на ВМОРО. Учествува во Илинденското востание 1903 година, а потоа  во повеќе борби со османлиската војска во Скопско и Кумановско. Во 1908 година се легализира. Тој ги поддржувал санданистите и федералистите и бил особено популарен сред скопското граѓанство. Бил убиен на домашната порта од заседа на османлиските власти. Неговиот погреб се претворил во голема демонстрација, а убиецот Ќор Расим бил обесен кај Камениот мост.

Васил Стојанов е роден во 1880 година во скопското село Миладиновци, поранешно Аџалари, според кое го добил прекарот Аџаларски. Во 1901 година со семејство се преселува во Скопје, каде влегува во ВМОРО и извршува разни задачи за Организацијата. Тој пренесувал пошта, криел и набавувал оружје и извршувал терористички акции.

Дејноста на Васил била забележана од турските власти кои го апсат и тој одлежал две години во скопскиот затвор Куршумли ан. Во пролетта 1903 година, по ослободувањето, тој  влегува во четата на војводата Александар Георгиев, познат како Сандо Чолакот. Во текот на Илинденското востание 1903 година, неговата чета води борба кај село Стубол, во која војводата Сандо бил тешко ранет.

Во 1904 година Васил Аџаларски е помошник војвода во четата на војводата Боби Стојчев, а од 1905 бил назначен за војвода на чета која делува на Скопска Црна Гора и Скопска Блатија во рамките на акциите на четите на познатиот скопски војвода Даме Мартинов.

Во текот на 1906 година, во неговата чета доаѓа и неговиот братучед Трифун Христов – Аџаларски, кој веќе од наредната година делува како самостоен војвода и станува славен. Трифун кој е роден 1882 година во Аџалари, како и Васил го носи прекарот на родното место кое во историјата често го менувала името: Аџилари, Хаџалари, Аџиларе, Александрово, Василево и  по Втората светска војна Миладиновци.

Васил станува познат не само во Блатија туку и пошироко. Тој извршил неколку ликвидации на турски бегови кои го тероризирале месното население. Од крајот на 1904 па се до 1908 година неговата четата водела 14 борби со турскиот аскер и четите на српската пропаганда. По убиството на седумина Македонци егзархисти од скопската маала Чаир, Васил Аџиларски како одговор на ова злосторство убил седумина србомани од Бродец, по што српската вооружена пропаганда престанува со вакви дејствија. Во февруари 1907 година, тој ја запалил меаната во Сопиште, која служела како база на српските чети при нивно преминување во Поречието.

До Младотурската револуција во 1908 година, Васил Аџаларски бил скопски реонски војвода со чета од 18 души поделена на четири одделенија. Но, турските власти никогаш не му ги заборавиле убиствата на турските бегови и постојано му биле зад петици. Османлиските власти ангажирале луѓе за да го следат и да го ликвидираат војводата. За главен ликвидатор бил одреден Кор Расим, кој интензивно трагал по Аџиларски. Постоеле неколку обиди за негово убиство, но тие биле безуспешни.

По Младотурската револуција во 1908 година, Васил Аџаларски кој бил поддржувач на сандинистите и федералистите се легализирал. Тој бил свесен дека бил следен и дека му се припрема атентат. Особено популарен сред скопското граѓанство, тој успешно се криел во Старата чаршија. Постојат сомневања дека пожарот во скопската чаршија во 1908 година било дело на луѓето на Кор Расим, кои успеале да го лоцираат местото каде се криел скопскиот војвода.

Иако успеал да избегне повеќе обиди за негова ликвидација, сепак, Васил Аџаларски бил убиен заедно со својот 80 годишен дедо пред својот дом во Скопје, на 

На 11 ноември 1909 г. во Скопје е убиен Македонскиот револуционер и војвода ВАСИЛ СТОЈАНОВ –АЏАЛАРСКИ. Роден е во скопското село Аџилари (Миладиновци) 1880 година. Убиецот Кор Расим успеал да му се приближи на војводата од зад грб и со неколку кушуми го усмртил на прагот од неговиот дом.

Младиот, строен и омилен војвода Васил Аџиларски бил погребан во црквата „Св. Димитрија“. На погребот на кој присуствуваа голем број на граѓани, се одржаа повеќе говори кои доведоа до масовен протест на Македонците. Во текот на масовните демонстрации, убиецот Кор Расим бил фатен и обесен на камениот мост во Скопје. Говорниците Атанас Михајлов и адвокатот Тома Петков биле осудени на две, а учителот Димитар Поп Пандов на три години затвор.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top