Македонски легенди

Тома Пожарлиев

Toma Pojarliev

Toma PojarlievТома Петров Пожарлиев (1. V 1870 – 5. XII 1938) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација во Воденско, Кратовско и Чепеларско. Учествува во Илинденското востание.

Тома Пожарлиев е роден на 1 мај 1870 година во Ениџе Вардар, Егејскиот дел на Македонија. Завршил шестти клас во Солунската гимназија. По завршувањето на школувањето учителствува во горноџунајското село Бистрица.

Во 1895 година Тома станува член на Македонската револуционерна организација, а веќе наредната  1896 година бил уапсен и прогонет во родниот град. Следен од турските власти, тој бега во Кнежеството Бугарија во 1898 година. Под влијание на неговиот брат Иван Пожарлиев кој бил поручник во бугарската армија, Тома се запишува во Военото училиште во Софија.

Во 1902 година, Тома го напушта училиштето и со врховистичка чета на ВМОК влегува во Воденско. Но, бил пречекан кај Зборско од четата на Атанас Мурџев, кој го убедува да се откаже од предвремено кревање на востание и заедно заминуваат за Прилепско.  

За време на Илинденското востание, Тома Пожарлиев и Атанас Мурџев се војводи на чета во Кратовско. По осветувањето на знамето на 2 септември 1903 година на планината Руен, нивната чета заминува за Кратовско. Опкружени од турската војска над селото Луково, на 25 септември четата на Пожарлиев и Мурџев, заедно со четите на војводите Григор Манасиев, Иван Топчев и Никола Дечев, кои бројат вкупно 152 востаници, водат тешка борба со 7.000 редовна војска и башибозук. По повеќе од десетчасовна борба во која загинале осуммина востаници, меѓу кои и војводите Манасиев, Топчев и Дечев, Пожарлиев и Мурџев со преживеаните востаници во текот на ноќта се повлекле кон границата со Бугарија.

Подоцна со други чети бил формиран одред од околу 450 востаници, кој под команда на Сотир Атанасов водат борба со османската војска кај Крива Паланка и селото Долна Љубата. По задушувањето на востанието се повлекува во Бугарија.

Во текот на 1905 и 1906 година, на барање на војводата Пејо Шишманов, Пожарлиев е испратен за војвода во Чепеларско, Ахчелебијско и Беломорска Тракија, каде заедно со Шишманов се обидуваат да ја возобноват организациската мрежа на Македонската револуционерна организација.

Тома Пожарлиев се враќа во Бугарија, каде учи земјомерство и работи како геодет во реоните на Казанлак и Свиленград. Поради пројавени високи способности добил државна стипендија и бил испратен да учи геодезија во Белград. Меѓутоа,  не успева да го заврши школувањето. Српските власти откриле дека Тома бил активист на ВМРО и под смртна закана била издадена потерница, по што тој бега во Бугарија.

Иако се повлекува од активната револуционерна активност, во текот на меѓусебни пресметки на десницата и левицата на македонското револуционерно движење, во 1925 година против Тома Пожарлиев била изречена смртна пресуда. До 1935 година, речиси десет години тој се крие во Батак, каде што рабити како геодет. 

По забраната за дејствувањето на ВМРО, Тома Пожарлиев се враќа во Софија каде умира на 5 декември 1938 година, на 68 години. Во текот на сојузничките авионски бомбардирања на Софија гробот му е разрушен.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top