Песни за Македонија

Filip Joseski 1

Ех Македонијо

Јошески Филип Ех Македонијо Ех напатена наша татковино, Мечтаеш ли, Мечтаеш ли по твоите синови – херои, Мечтаеш ли по твојата слава? Мечтаеш ли, Или пак, можеби жалиш Силно жалиш за нив, за нас Жалиш за себе славна империјо? Каде беше, а каде си? Крвта славна твоја тече низ нас, лутина венее, Пуст да би […]

ilinden praznik0-s

НАД ОВОЈ ГРОБ НЕ ТАЖИ, СЕКОГАШ ИМА ИЛИНДЕНИ–САМО ДА ИМА МАЖИ!!!

НАД ОВОЈ ГРОБ НЕ ТАЖИ, СЕКОГАШ ИМА ИЛИНДЕНИ–САМО ДА ИМА МАЖИ!!! Јас паднав и не жали ме, ниту го барај моето име во тревата. Јас паднав за Родината, зашто Родината света поскапа е од мајка на мајките таа е мајка – Жална Македонија! Телото и’ го распарчија алчни, побеснети пцишта, со кундаци и ками името […]

51

Црна се чума зададе там’ долу в’ Македонија

Црна се чума зададе там’ долу в’ Македонија Црна се чума зададе там’ долу в’ Македонија, там’ долу в’ Демир Капија. Кој ќе се јунак избере чумата да изгони од жална Македонија?Избрал се, ми се изнашол млад Гоце Делчев војвода, чумата да ја пропади. С’ негова верна дружина тој ојде в’ Македонија, там долу Демир […]

_

СУДБИНИ

Панде Манојлов СУДБИНИ Додека ме обезименат, се чувствувам како еден дамна заборавен човек, бродоломец со име и презиме: Стојко Додоловски, прв и последен Македонец запишан во книгата на патници на бродот „Титаник“… И, сега, кога овој мој „Титаник“, мојата татковина тоне, а знам, капетанот прв ќе не напушти, што сум подруг и со подруга судбина […]

Многу барате од мене

Ленче Клекачкоска Многу  барате од мене Барате од мене име да не спомнам                                                   на родна земја моја на мајка моја на моите браќа и сестри на моите песни. Историја да не барам на мојот јазик да не зборувам, се што е мое да бришам и со ново име се да пишам Ох!!! леле ми се […]

МАКЕДОНСКИ ТЕ ЉУБАМ

Панде Манојлов МАКЕДОНСКИ ТЕ ЉУБАМ Во ветрот што дува и корне и во ветровито време те љубам Татковино моја! Те љубам тебе и родот мој, го љубам од длабоки реки до височини вишни! Езера со далги и снегови на планини вишни, усни се што бакнуваат и гризат… Со дланки милуваат полињата родни, лозјата на ридот… […]

savo kostadinovski

МАКЕДОНСКИТЕ ПИСАТЕЛИ

Саво костадиновски МАКЕДОНСКИТЕ ПИСАТЕЛИ Со животот на зборот да живееме повеќе од еден живот – тогаш со право пред светот за нас и историјата ќе зборува. Со постоењето на песната да постоиме повеќе од едно постоење – со песните, кули во кои ја вдомуваме нашата иднина. Нека секој јубилеј ни се помножува повеќе од сите […]

Savo

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

САВО КОСТАДИНОВСКИ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Во пазувите на македонскиот јазик расцуте словенската писменост. Затоа и во секој дух на историјата духот на нашиот јазик не излетал од телото на сопствениот живот пред замраченото лице на некои од времињата. Не случајно вечно и со цврст завет се огласувал екот на зборот штом во животот на секој збор […]

АКО ТЕ ПРЕКРСТАТ КОЈА ЌЕ БИДЕШ

АКО ТЕ ПРЕКРСТАТ КОЈА ЌЕ БИДЕШ Томе Велков знам дека ќе преживееме ама како да те повикам кога ќе ми требаш да се исправам. знам дека ќе преживееме ама без лице кои сме. знам дека ќе преживееме ама прекрстени исто како птици без крилја. знам дека ќе преживееме но ако те излеат во железо не […]

Savo

СВЕТИ КЛИМЕНТ

Саво Костадиновски СВЕТИ КЛИМЕНТ Зборот е живот. Тој бил и на почетокот на светот – живот кој живот оплодува и со живот наградува. Така и Твоите слова, Клименте во живот се пресоздале кои Тебе засекогаш Те одделиле од смртта штом светот јасно те разбра како духовен творец со вечен живот и со вечен глас во […]

НА КОЛЕНО ЌЕ ТЕ ЗАПИШАМ

Томе Велков НА КОЛЕНО ЌЕ ТЕ ЗАПИШАМ на моето колено ќе те запишам на грбот ќе те носам бос по светот ќе одам само да те сочувам од кодошите предавниците убијците само да те имам да се фалам да те покажувам и гордеам што си моја земја напатија. ако те има, Господе помогни ѝ на […]

To top