Песни за Македонија

_

РАЃАЊЕ НА СРЕЌАТА

Панде Манојлов РАЃАЊЕ НА СРЕЌАТА Кога сонцето изгрева зад облаци темни и кога громови трештат, застани како воин во став мирно и поздрави го денот со глас в далечини како ехо што ќе се чуе: “Животот во мене се раѓа!” Кога злобни луѓе истураат куп злоба и навреди на твојата човечка скромност, кога како цвет […]

_

АНГЕЛИ ОД АДОТ

Панде Манојлов АНГЕЛИ ОД АДОТ Како слепци и ослепени воини со еден едноок сто нас да не води, во тешки маки и по илјада години пак во Слепче, слепи не донесоа, на некоја икона од Ангела без ангелско лице, како раби божји пред неа да се молиме… Ние слепи а царот наш уште послеп, со […]

Gordana Dimovska

ЗЕМЈA СТРАДАЛНИЦA

Автор: Гордана Димовска ЗЕМЈA СТРАДАЛНИЦA Ми доаѓа да викнам силно Силно, најсилно од највисоката планина Застанете вие тирани Застанете бездушници Ако вие душа немате Не им ја одземајте и на другите. Денес вековните стремежи паѓаат во очај  Ко лист хартија се сторивме Пребледевме, ослабнавме, се изгубивме Чмаеме, тлееме Како најмало жарче во огнот Чекаме да […]

rozita

ПАРЧЕ ДУША…

Розита Македонска Христовска ПАРЧЕ ДУША… МОЈОТ БЕЗГЛАСЕН СВЕТ Истура небото тишина. Молњи без грмеж. Капките дожд се впиваат во лимот без звук. Без ромор. Старо замрачено меанче немоќно му пркоси на мракот. Во аголот празен подиум за танц. Белокос виолинист го мачи гудалото шетајќи по струните. Само слика е без тон. Безгласна музика а тажна […]

_

ПЕЧАЛБАРСКИ СОН

Панде Манојлов ПЕЧАЛБАРСКИ СОН На Мајк Видиновски Гуд ивнинг, мистер Мајк! Добра ти вечер, пријателу драг, пријателу од детството, пријателу од соседното село, пријателу од социјализмот стар! Добра ти вечер, на месинџер ти викам, на ликот твој зборувам ко на авет, зашто авет сум и јас, на ликот зборувам со збрчкано лице, и некако, спомените, […]

Savo

САВО КОСТАДИНОВСКИ – ПЕСНИТЕ ЗА ГОЦЕ

САВО КОСТАДИНОВСКИ ПЕСНИТЕ ЗА ГОЦЕ Ако има некој војвода за кого се пее до часот доцен, тогаш,од сите војводи, меѓу првите е Гоце. Ако има некој војвода, чие име се изговара кроце и со невиден почит- тогаш тоа е Гоце. Песните за Гоце топло ликот му го сликаат, и со топли чувства- како извори бликаат…

Goce Markov

Утро

Гоце Марков Утро Се будам!? Празни хемисфери, надуени очи и завид! Се лачи новиот ден, Поим за претепан син на ново послание од Бога, сложувалка на мамурлак!? Вклучувам неколку точки, молчам, и чекам одговор?! Вокали, електрони, желудник и храна на душата лек и рана! Мелодии и електроуреди, сон а парче живот, дел, на ново завештание, […]

_

Панде Манојлов – СУМ БИЛ

Панде Манојлов СУМ БИЛ…* Сум бил таксиратљија, сум бил кусурлија та ни очи ми се пуљет.. Беше сум бил од пустељија, Македонец од Голобрдо роден со слзи фољен жив на ѕеми на ѕемја македонцка… Да се чудиш и да се дервиш сега нешчо друго, друга свирка свирит, нов кијамет од Истока, не сме биле тоа […]

Savo

ПРЕМРЕЖИЊА

Саво Костадиновски ПРЕМРЕЖИЊА Пехарот на Балканот отсекогаш бил не со вино туку со крв полн На него е изделкан ликот на болката и на сите премрежиња Во ликот пак ги има мрачните слики на невремињата по Македонија Него не го будат ниту камбаните на векот од чие ехо се слушаат и клетви и крикови и […]

Violeta Petkovska 1

Ој, Ти мајко Македони

Виолета Петковска Кој си Ти без Македонија! Што си Ти без Македонија! Можеш ли без Македонија! Дали си Ти – Ти без неа! Првиот сончев зрак утрински, кој ако не те погали со топлина.. Можеш ли да живееш! Ој, ти мајко Македонијо што сум јас без тебе! Можеш ли да дишеш ако таа изутрина не […]

Р. Христовска

ЕЛАТЕ

Автор: Р. Христовска ЕЛАТЕ Се’ уште ве чекам вас мои сопатници низ мракот во потрага по светлината. Се загубивме скршнувајќи кој натаму кој наваму по беспаќата без патокази. Елате овде вистинољупци да се собереме на едно место ние клетниците на векот, оти сте мои а јас ваша, сите родени од иста мајка благословена од творецот […]

nikola vapcarov

ПРОШТАЛНА

Една голема, но трагична љубов: Никола и Бојка Вапцарови.  Песната која  и ја посветил на жена му пред да биде стрелан. ПРОШТАЛНА Понекогаш ќе ти доаѓам на сон, како нечекан и несакан гостин. Не ме оставај ти надвор, на патон,  вратата не ја лости. Ќе влезам тивко, кротко ќе седнам,  ќе вперам поглед во мракот […]

To top