Панде Манојлов
РАЃАЊЕ НА СРЕЌАТА
Кога сонцето изгрева
зад облаци темни
и кога громови трештат,
застани како воин
во став мирно
и поздрави го денот
со глас в далечини
како ехо што ќе се чуе:
“Животот во мене се раѓа!”
Кога злобни луѓе
истураат куп злоба
и навреди на твојата
човечка скромност,
кога како цвет те газат,
спокојно стави рака
на срцето в гради што чука
и викни гласно :
” Душата во мене цути! “