САВО КОСТАДИНОВСКИ
ПЕСНИТЕ ЗА ГОЦЕ
Ако има некој војвода
за кого се пее до часот доцен,
тогаш,од сите војводи,
меѓу првите е Гоце.
Ако има некој војвода,
чие име се изговара кроце
и со невиден почит-
тогаш тоа е Гоце.
Песните за Гоце топло
ликот му го сликаат,
и со топли чувства-
како извори бликаат…