Саво Костадиновски
ПРЕМРЕЖИЊА
Пехарот на Балканот
отсекогаш бил
не со вино
туку со крв полн
На него е изделкан
ликот на болката
и на сите премрежиња
Во ликот пак ги има
мрачните слики
на невремињата по Македонија
Него не го будат
ниту камбаните на векот
од чие ехо се слушаат
и клетви
и крикови
и молитви