Песни за Македонија

ПАРЧЕ ДУША…

rozita

rozitaРозита Македонска Христовска

ПАРЧЕ ДУША…

МОЈОТ БЕЗГЛАСЕН СВЕТ

Истура небото тишина.
Молњи без грмеж.
Капките дожд
се впиваат во лимот
без звук.
Без ромор.
Старо замрачено меанче
немоќно му пркоси на мракот.
Во аголот
празен подиум за танц.
Белокос виолинист
го мачи гудалото
шетајќи по струните.
Само слика е без тон.
Безгласна музика
а тажна до болка.
Келнерот крај мене
бележи нешто.
Мојата нарачка?
Не си го чув гласот.
До мојата маса
поднапиени гости
со кренати раце
и зинати усти.
Пејат ли?
Слушам само штама.
Си ги допирам градите
на она место
каде треба да чука срце.
Ништо.
Молк.
Боже, па како сум жива
без срце?

Него го нема.
Тој што долго го љубев.
Тој што долго го чекав
овде во нашето меанче.
До скоро наше.
Со подиум во аголот
што не памети нас двајва
по нашето танго.
Тој не дојде.
И нема да дојде
никогаш повеќе.
Го проголта тишината.
Ќе ме има во таа тишина
само како сенка
додека не се спојам
со една друга.
Во мојот безгласен свет.

Истура небото тишина.

Автор:
Розита Христовска
(Од стихозбирката “Не плачи и кога боли)”

Најново од: Песни за Македонија

„Едно име имаме“ – песна што го чува името Македонија

Има песни што ги слушаме со задоволство, а има и песни во кои препознаваме дел од себеси. „Едно име имаме“, од творештвото на Јонче Христовски, припаѓа на оние што ја претвораат љубовта кон Македонија во заедничко чувство на гордост и припадност. Силата на оваа песна е во врската меѓу човекот и татковината. Во неа името […]

„Кога падна на Пирина“ – авторска песна што народот ја прифати како своја

Речиси нема кој во Македонија не ја знае патриотската песна „Кога падна на Пирина“, посветена на Јане Сандански, во народната меморија познат како пиринскиот цар. Со својата мелодија и потресни стихови, таа се пренесува меѓу генерациите и често се доживува како народна песна. Меѓутоа, според податоците што Александар Донски ги објавил во „Македонска нација“, повикувајќи […]

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

To top