САВО КОСТАДИНОВСКИ
Започнала од Кирил и Методија
да го зазема своето место,
таа во Охрид се устоличила,
и го зазела својот престол.
Аз,буки,веди,глаголи…сите букви
на бледа светлина се пишувале,
и како семе по светот-
брзо се учеле и грижно чувале.
Затоа.благословени од сите
се имињата на Кирил и Методија
од нивните свети умови-
првите букви ни се родија!