Коментари

Трибунот Пере Тошев

vasko-gicevski

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Неправедноста на луѓето и нивната немарност скоро секогаш заборава да спомене дека токму на 4 мај покрај тоа што животот го изгубил Гоце Делчев, исто така во 1912 година Македонија изгуби уште еден син, Пере Тошев член и раководител на Македонската Револуционерна Организација, апостол и совеста на револуционерна Македонија.

Роден во Прилеп во 1865 година од богато семејство со потекло од Дебар. Во револуционерната борба се вклучува уште на самиот нејзин зародиш. Иако не бил учесник на основањето на МРО тој индиректно работел на македонското револуционерно движење уште од периодот на Лозарите, а подоцна заедно со Даме Груев во судбоносната 1892-93 учителствувале во Прилеп, меѓу нив се родило длабоко пријателство за што и самиот Даме Груев вели дека: „Тој беше единствениот со кого бев поинтимен, и со кого си имав разбирање, но тогаш уште бевме немоќни да започнеме нешто“. Двајцата учители воделе длабоки и долги полемики, и двајцата имале идеа за организиран отпор против Османлиската Империја за што Пере Тошев уште во 1889 година во едно писмо до Ѓорче Петров ќе каже дека треба да се формира револуционерна организација што е можно поскоро.

Подоцна Пере Тошев ќе биде поставен на чело на Битолскиот револуционерен округ и како таков ќе биде делегат за овој округ на Солунскиот Конгрес од 1896 година на која што уште повеќе ќе се засилат темелите на начините на дејство против Османлиската Империја.

За неговото раководење со Битолскиот револуционерен округ преседателот на МРО Христо Татарчев ќе каже: „Под раководството на Пере Тошев, Атанас Лозанчев, Гл. П-ов, Г. Пешков и др. битолскиот крај се развиваше бавно, меѓутоа планомерно, и затоа достигна до онаа морална и материјална подготвеност, која со својата издржливост и самопожртвуваност го задиви светот во историскиот момент. Илинден 1903 год. со што создаде славна епопеја како Македонецот-востаник знае да умира за слободата на својата татковина“.

Интересно е да се напомене дека Пере Тошев долго пред откривањето на авионот и воопшто пред и да се помисли на воена авијација, согледувајќи ја тогашната технологија на летање со балон на топол воздух замислувал дека македонските револуционери односно и тој самиот би можел да лета и да фрла бомби врз османлискиот аскер. (Иако оваа идеа зародиш има од учителот Трајче Доревски од Ресен кој учителствувал во Битола во периодот на формирањето на Револуционерниот во 1894 година и сонувал, идеализирал за вакви нешта.)

Пере Тошев како личност бил човек со многу големо трпение, но никогаш не се знаело во кој момент може да избувне и да направи сцена. Во овој контекст за него се кажани две изјави: „Се сметам за извинет кај оние слушатели кои се надеваат дека ќе чујат сензационални работи и прикаски за бурните делувања. Херојските подвизи со надворешен блесок, ако претходно изјавам дека такво нешто не го краси Перевиот живот, затоа што сè што правеше го правеше во конспирација, невидливо-вистинско македонско подземје. За него прилега да се каже оваа карактеристика отколку да се пишуваат поеми…“

„Ѓорче Петров и Пере и Даме се познаваа од Прилеп, каде што учителствувале… Пере Тошов беше до краен степен молчелив, но и многу избувлив, не давајќи пет пари за никого. Седи, седи и одеднаш ја вади обувката и ја фрла некаде, јаболко, круша, што ќе му попадне…“ – Анастас Лозанчев.

Неговата силна организаторска способност била една од причините за најголем успех и одек за време на Илинденското Востание во Битолскиот ревулуционерен округ. Лично учествувал и во борбите против аскерот кај селото Витолишта.

Во подоцнежниот преиод по Илинденското востание, кога веќе се наѕирал расцепот во Организацијата тој ќе изработи и еден план за демократизација и децентрализација на револуционерната организација, за што на Прилепскиот подвижен конгрес во пролетта 1904 година ќе се судрат со мислењата со Даме Груев кој бил со идеја за задржување на стариот централистички систем на Организацијата.

Истакнат борец против врховизмот и Бугарската Егзархија кој до крајот на својот живот ќе остане верен на идеалите за слободна и независна Македонија, без разлика на сите внатрешни поделчби и непријателства во Организацијата, Пере Тошев останал со чиста мисла и совест кон своите другари.

Умира на 4 мај 1912 година убиен во заседа кај селото Фариш во Дреновската клисура.

Неговите современици ќе забележат дека: „Меѓу најголемите македонски дејци, Пере Тошев е најмалку познат. Тој живееше во осаменост и умре незабележано. Неговиот тивок и меланхоличен лик, сепак е полн со редок и скапоцен шарм. Внатрешниот живот кај никој од соборците не беше така чисто фокусиран и изобилен со морално богатство како кај него“.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top