Коментари

Грција банкротира и од каде сега СДСМ и Заев ќе се „гребат“ за пари?

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Едно е сигурно: нема повеќе извор за пари за да се закопува Македонија и сегашнава Влада. Русија и Кина, па и било која друга земја не дава ни долар за такви работи. До сега новокомпонираната држава Грција, претставена како божем најстара цивилизација и “лулка на демократијата“, користеше фондови и кредити од кога е создадена во 1829 низ седумкратно банкротирање за да лешинарат и да ја истребат Македонија. Арно ама, сега во октомври истово кога ќе се случи и со фалената Америка, се поставува прашање… нели има Господ? Сакаа да не` истребат нас, а гроб си ископаа. 

Затоа, пак ќе се прашаме или да ги прашаме комуњарите, и што сега? Изворот секна и колку вреди вилата на Заев, а и сите вили дадени на СДСМ-овците? Дали Грците поради ситуацијата сега, ќе речат пуј, пуј, не важи? Дали се заробени милиони долари на Бранко и компанија во Грчките банки? Одговор ќе си давате сами меѓу себе и се надеваме на спектакуларно сценарио како да се изедете и уништите на радост на народот. 

П.С. Ќе заборавев нешто. Минатиот пат ги спомнав Зајко и Бимбо. Имам информации како Бимбо наводно буквално еднаш месечно доаѓа во Австралија, има некоја мака што го тера. Фамозниот ресторан Вила Парк ќе премине званично во рацете на Заев. Струмичани не кријат дека Зајко т.е. Зајкови (ова е модерен начин на криењето на газдата, кумот Дон Корлеоне Зајко) СЕ ГАЗДИ или ГАЗДА поточно кажано помеѓу нас, на повеќе хотели или ресторани како на пример Цареви кули, Ловен Дом, Тивериопол, Космополит… малку се или треба уште? Сите вработени по овие хотели, локали и други претпријатија под надзор на Бимбо, а се разбира и на Зајко, се жалат дека се ѕверски малтретирани и омаловажувани од изгубениве Мохиканци. 

Грција банкротира и едвај чекаме СДСМ да ја доживее истава судбина, а со тоа и Зајко да изчезне од политичката сцена, или во Идризово. Македонија да се израдува и да испрати порака како во песната: КОЈ ДУШМАН ЌЕ ВЛЕЗЕ, ЖИВ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ МАКЕДОНИЈО, ТИ ГО СТАВАШ В ГРОБ…

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top