Коментари

Невиден простотилок во опозицијата


Свекрва

По политичката криза која ја создаде СДСМ со намера да дојде на власт без изборна победа, со посредство на меѓународната заедница, на 15 јули се потпиша договор за решавање на кризата, со кој се предвидува следното: вонредни избори во април идната 2016 година, прочистување на избирачкиот список, закон за оставка на премиерот 100 дена пред избори, СДСМ да избере министер за социјала и труд, нов министер за внатрешни работи во согласност со четирите партии, како и нова функција – специјален обвинител кој ќе ги истражува наводите од незаконски стекнатите прислушувани приватни разговори на високи владини преставници.

Договорот од Пржино е реалност, кој само треба да се спроведе. Меѓутоа, очигледно е дека тој не ги задоволува апетитите на опозицијата, која иако тогаш го потпиша, сега се обидува или да издејствува многу повеќе од договореното или да го опструира и да ја преврли одговорноста на владеечката партија. За таа цел се впрегнати сите ресурси: политичари, опозициски медиуми и невладини организации. Во политичката борба СДСМ не избира средства. Во нив преовладува етикетирање, закани и говор кој не доликува на човек кој се занимава со јавна професија. Просто човек да се праша од каде овој отров и простотилок во речникот на опозицијата.

Вообичаено одговорот треба да го бараме во долгогодишните неуспешни обиди на СДСМ по редовен пат да ја освои власта. Може било кој, кој ја следи политиката да констатира дека се работи за стекнати фрустрации кои денес се манифестираат во јавноста на еден недоличен начин, но и со дела кои му нанесуваат огромна штета на македонскиот народ и држава.

СДСМ која како партија речиси никогаш по нормален пат ги нема освоено изборите, овој пат уште еднаш заигра на картата на дестабилизација на земјата и вмешување на меѓународната заедница. За да се стекне со нејзината поддршка, тие во залог го ставија дури и името. Но, за да го избегнат обвинувањето на народот и да ја споделат одговорноста, нив им требаше нешто слично како во 2001 година, кога се формира широка влада и кога двете македонски и двете албански партии го потпишаа Рамковниот договор, а потоа бидејќи „некои прашања не заслужуваат одговор“ СДСМ го спречи референдумот и ја спроведоа територијалната поделба.

Не случајно еврокомесарот Хан пред извесно време изјави дека се надева дека договорот од Пржино потпишан од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, ќе се спроведе, а меѓудругото и тоа дека „сега на маса стои едно крупно прашање – името.“ Со оглед на состојбите во Грција, изворите од Брисел тогаш не ја исклучија можноста во наредните месеци да биде остварен значителен напредок за конечно решавање на спорот со Атина!?

По се изгледа свесни дека нема да можат така лесно да го испорачаат ветеното, опозицијата постави нови барања кои излегуваат надвор од договореното во Пржино.

Впрочем, кога пак, од осамостојувањето до денес, СДСМ почитувала некакви договори и изборни резулатати – никогаш. За црвената елита никогаш не вредела волјата на народот, неговите потреби и желби, зошто тој е обична раја која „не заслужува одговор“. Народ кој не треба да мисли, зошто тие се тука да мислат за него. Всушност, бидејќи немаат никакви програми за него, тие преку соросовите медиуми и невладини организации му кажуваат што е добро и што не!

Меѓутоа, со оглед на досегашното искуство, кое покажа дека Соросовите медиуми и НВО секторот не се доволни, дека дури ни т.н. „бомби“  не го сменија мислењето на народот и тој сеуште масовно му ја дава довербата на ВМРО- ДПМНЕ, опозицијата сега се намерачи да  преземе позиции кои се надвор од договорот од Пржино и за кои смета дека ќе ја смени ситуацијата во нивна корист. Така сега СДСМ типува на следните позиции: директор на МТВ, претседател во Агенцијата за медиуми, директор на УЈП, прв човек на Државната ревизија, јавен обвинител, директор во Управата за јавна безбедност.      

Без разлика кого планираат да постават на овие функции, главната цел на опозицијата не се само предвремените избори закажани за април идната година, туку пред се контрола на позиции кои можат да влијаат на јавното мислење при решавањето за името, а дури потоа и за целосна преземање на власта со помош на грчките пријатели во меѓународната заедница.

Во реализирање на својот пеколен план, опозицијата повторно ќе се обиде да манипулира со меѓуетничките тензии. Особено сега, кога по т.н. „бомби“ и пресметката со криминално-терористичката група во Куманово, веќе започнаа внатрешнопартиските пресметки во ДУИ. Сето тоа треба да биде опомена за македонскиот народ, кој пред безбедносните закани треба да ја проголта јадицата фрлена од СДСМ и Соросовите структури.  

Поинаку кажано, опозицијата предводена од СДСМ, плука по сопствената држава, се заканува и го уценува сопствениот народ, само за да дојде на власт. Доколку се дозволи преземање на овие гореспомнати позиции надвор од договореното, тогаш на опозицијата му се отвара патот за целосно исполнување на целта – раскинување на македонското национално ткиво.

Единствена можност на владеачката партија е да се држи до договореното и да не дозволи промена на името, за што меѓудругото беше избрана од мнозинството на македонскиот народ. Друга можност е да не ги прифати барањата на СДСМ  и да излезе од Собранието, со што ќе се спречи можноста ВМРО-ДПМНЕ, најголемата партија да потпише било каков Договор, сличен со Рамковниот договор, со кој се разнебитува македонскиот народ. Дури тогаш на СДСМ ќе му се случи  народ!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top