Коментари

Весникот „Народна волја’ добар пример за соработка меѓу Македонците и Бугарите

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

„НАРОДНА ВОЛЈА – PEOPLE’S WILL“ (Детроит, САД, 11. II 1938 – 1945 и потоа) е неделен весник на Бугарите и Македонците во Америка, заедничко продолжение на весникот „Трудова Македонија“ на Македонскиот Народен Сојуз во Америка и на весникот „С’знание“ на Бугарско-македонските работнички просветни клубови во САД, под редакција на Г. Пирински и П. Григоров. Весникот НВ со своите прилози и документи од соработници од сите делови на Македонија и од дијаспората претставува значајна печатена трибина на македонската национална мисла и акција во дијаспората во периодот до и по Втората светска војна.

Георги Николов Зајков или попознат како Георги (Гео) Пирински и војводата Смиле Војданов од охридското село Лактиње во периодот меѓу триесеттите и четириесеттите години на минатиот век ќе настојуваат да ја обединат македонската емиграција во Америка, особено да ги обединат лицата кои Македонија ја чуствувале за своја татковина и на кои македонскиот национален идентитет им бил света работа.

Во септември 1929 година, Пирински и Војданов  ќе го формираат Македонскиот народен сојуз. На почетокот од илинденци ја формираат првата Македонска прогресивна група, која потоа прераснува во Македонски народен сојуз во САД и Канада (подоцна Македонско-американски народен сојуз во САД и Канада), со Централен комитет. Двајцата, како челни луѓе на Македонскиот народен сојуз секоја година ќе организираат конгреси, ќе издаваат весници и успешно ќе ја шират вистината за Македонија.

Во овој период како централен орган се јавуваат весниците: „Балканско сдружение“, „Трудова Македонија“, „Народна волја“ и др. Во нив се објавуваат сите важни документи, соопштенија, коресподенција со македонците било каде и да се, како и лични спомени од Илинденското востание   Овие весници, ги обединуваат Македонците од сите делови на поделената татковина и претставува верен сведок за нивната национална свест, идентитетот, како и за континуитетот и карактерот на ослободителните стремежи и државотворни идеали.

По договор со органот на Сојузот на БМРП клубови во САД, од 11 февруари 1938 година, во Детроит, САД се издава весникот „НАРОДНА ВОЛЈА – PEOPLE’S WILL“ кој е неделен весник на Бугарите и Македонците во Америка. Всушност овој весник е продолжение на весниците „Трудова Македонија“ на Македонскиот Народен Сојуз во Америка и на весникот „С’знание“ на Бугарско-македонските работнички просветни клубови во САД. Весникот под редакција на Г. Пирински и П. Григоров, со своите прилози и документи од соработници од сите делови на Македонија и од дијаспората претставува значајна печатена трибина на македонската национална мисла и акција во дијаспората во периодот до и по Втората светска војна.

По повод 20 години од постоењето на весникот „Народна волја“, бугарскиот весник Работничко дело“ на 2 март 1958 година ќе објави статија за проблемите со кои се соочува весникот на македонската и бугарската емиграција во САД.  Во неа меѓудругото се вели:

„Денеска далеку од својата татковина, во Соединетите Американски Држави, во својот клуб на ул. „Фери“ во градот Детроит ќе се соберат нашите бугарски и македонски браќа – емигранти, за да ја отпразнуваат 20-годишнината на својот борбен весник, неделникот „Народна волја“.

Неговиот прв број се појави на 12 февруари 1938 година, како продолжувач на делото на бугарскиот работнички весник „С’знание“, орган на Бугарското биро при Националниот комитет на Кумунистичката партија на САД, кој што излегуваше цели 15 години.

„Народна волја„ придонесе многу за активното учество на демократските Бугари и Македонци во широката народо-полезна дејност и во раководењето на Американскиот славјански конгрес во време на војната и по неа. Членовите на раководителите на Бугарскиот народен сојуз и на Македонскиот народен сојуз, сите подржувачи на „Народна волја“, застанаа во првите редови за мир.

Во текот на периодот по војната, против прврзаниците на мирот во САД беа преземени репресивни мерки, кои што ја поставија „Народна волја“, како и целиот прогресивен печат, во крајно тешка положба. Американските власти не го забранија излегувањето на весници како него, но на секој начин се трудеа да го загушат. Против неговите претплатници беше организирано проследување, за да бидат принудени да се откажат да го добиваат и да не смеат да го помагаат. Уредниците и администраторите на прогресивните весници беа повикувани на сослушување пред прочуената комисија за истражување на „противамериканска дејност“. Овие инквизиторски сослушувања се огласуваа во големиот реакционерен печат со сензационални наслови за „откриени заговори“, за „конспирации за насилно соборување на владата на САД“.

Сето тоа извонредно многу го отежнуваше излегувањето на прогресивните весници и во некои случаи го направи невозможно. Отежната беше положбата и на „Народна волја“. Но неговиот уредник д-р Никола Ковачев, како и администраторот др. Бочо Мирчев, не се исплашија од сослушувањата и заплашувањата, и опирајќи се на поткрепата на најсвесниот дел на бугарската и македонската емиграција, тие продолжија, продолжуваат и сега, макар и со многу усилби, да го издаваат весникот, којшто високо го држи знамето на борбата за мир, ги демаскира бесмилосно  потпалувачите на нова војна, ги заштитува демократските права на Бугарите и Македонците во САД… “

Весникот кој преставува добар пример за заедничка соработка меѓу бугарскиот и македонскиот народ, по Втората светска војна наидува на низа тешкотии поради комунизмот кој владее во матичните земји. Ова се случува во времето на антикомунистичката кампања во САД, позната како Макартизам. Инаку весникот одигра значајна улога за ширење на вистината на Македонија.  

(извор: Од признавање до негирање, Скопје, 1970, стр. 426-427)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top