Коментари

Партизација на младината

vasko-gicevski

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Сведоци сме на бурни промени кои што се случуваат во нашето општество, позитивни или негативни тоа сепак зависи пред се од личната перспектива на случајниот односно намерниот набљудувач. Интересен е фактот што денес македонската младина е разединета, разбиена во секоја смисла поради силната партизација на општеството. За прв пат можеби младите кои секогаш имале спротивно и покреативно, пoслободоумо решение од решенијата за возрасните сега станаа слепи следбеници на леви или десни политичари.

Некои во старт ќе ме побијат, но треба и да се погледне пошироката рамка односно слика на целата ситуација. Овие од лево усрдно се борат против овие од десно, во таа борба нити левата ниту десната младина не добива ништо попозитивно од тоа што предходно го имала. Иритира фактот што движењата на младите, размислите на младите некако се присоединија со политичките ставови на борците за превласт без разлика на тоа дали ставовите на младината се совпаѓаат со политичките ставови или пак се работи за обединување против заеднички непријател иако младите имаа сосема поинакви барања од оние на броците за превласт.

Партизацијата на младината доведе до уште една екстрема, доведе до непочитување на ученик со ученик, на врсник со врсник и се поради тоа што едниот мисли вака а другио мисли онака.

Место да ја градиме идеологијата на XXI век која пропагира мир, согласност, конзензус место конфликт ние го разгоревме конфликтот. Се конформиравме или уште би можело да се рече се претопивме во струите на политиката, станавме само жолти и сини, лавови и ружи иако тоа на прв поглед не се гледа.

Колку и да се негира овој факт сепак тој е присутен, присутен е и повеќе од што се мисли, во последниве неколку години е евидентен фактот на зголемување на младинската, ученичката активност во политичките партии. Далеку и одамна изминато е време кога младите се грижеа за училиштето, дружењето, читаа литература и ги негуваа своите таленти и афинитети.

Сега сите некако станавме политичари, општествено свесни а колку тоа нашите години или образование ни го дозволуваат е дискутабилно прашање. Со новите закони за задолжително образование се изгуби квалитетот на образованието а се доби во квантитет. Во никој случај не сум противник на идејата образование за сите но сметам дека тоа не треба да биде императив поради кој и кадарен и некадарен седнува во ученичките клупи.

За изградбата на добри и квалитетни работници, и интелектуалци од секој тип пред се треба да имаме талентирани ученици кои ќе бидат способни да се носат со предизвиците на иднината а вклучително со тоа и на предизвиците на работата.

Нагласувам дека сите треба да се образуваат но секој според своите можности и природни афинитети а според тоа кој каква партиска припадност има или пак каков углед има неговата фамилија, бидејќи градењето на такви кадри не продуцира квалитет ниту пак ќе доведе до подобро општество што е крајна цел на образованието.

Департизација на училиштата,факултетите, и претпријатијата, да основаме односи во општеството според модел на толеранција не на модел на конфликт и судир. Од внатрешните судири кои се далеку пострашни од надворешените секогаш најмногу страда државата и одвнатре се разрушува.

Доколку сакаме квалитетна иднина департизацијата на општеството и повторното враќање на моралните вредности и принципи кај народот мора да биде императив.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top