Коментари

Како доаѓа време за избори, така СДСМ ровари со медиумите против се живо Македонско

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Како доаѓа време за избори, така СДСМ ровари со медиумите против се живо Македонско. Секој еден избркан на улица, од семејсвтото или од заедницата и со тапија докажан неписмен или полуписмен имбицил што не знае колку се два и два, со голема чест и пиетет е добродојден  во СДСМ. 

Во Австралија има два портали како Фаланга и Радио Илинден. Фаланга е раководена од Никола Ставрески, а Радио Илинден порталот, како и Радио Илинден емисијата е на Дончо Ангеловски. Двајцата се од некои охридски села, немаат никакво образование ни во Македонија, ниту тука во Австралија. Луѓе од калибар сакам кажам нејќам речам. Плаќаат новинари да пишуваат за да на крај самите се потпишат како автори и на многу новинари таму во Македонија им имаат скратено од уста со нивни ветени хонорари кои не ги исплатиле. Така работи СДСМ, така и овие. 

Тие се причина за најновиот проблем со Отец Гаврил и МПЦ. Проблемот го имаат креирано и ќе му се најде крајот. Почнаа со лаги и навреди кон Владиката Петар, се разбира и кон мене Александар Џеповскилично. 

Замислете, според нив, јас не знам кој сум и како се викам, па тие ја откриваат Америка. Наводно сум бил Србин и се презивам Џепиќ. Одма да кажам дека јас никогаш не би се срамел и да сум Албанец, Турчин, Ром… јас сум дете на Господ. Исто така, Слободан Томиќ, Латас, Бобан Нонковиќ. Владислав Стоилковиќ и многу други со иќ … се гордост и слава на Македонија, кои со лавовско срце и душа се борат и гинат за Македонија. Зарем јас би се одвоил кога има место и за нив, за мене и за сите националности и религии кои ја сакаат и бранат Македонија !!! За разлика од овие двајца, кои ги рекетираа МПЦ и ВМРО ДПМНЕ, не добија баснословни суми што ги бараа и за ситна паричка летнаа во прегратки кај Рубин и СДСМ. Двајцата се четрвт неписмени и заедно се полуписмени. Ако им речам : Ривалитетот е експонација на секуларниот абнормалитет од рицарскиот им квантитет… нема да разберат ни со преведувач до 2025 година. 

Ќе заборавев. Моето потекло е од Скопска Црна Гора. Србите кога ја окупираа Македонијаод 1918 во склоп на СХС па се така до 1941, едноставно со арно или лошо сите во Македонија ги тераа да се презиваат на иќ. Добиваа земји големи кој ќе се напишеше Србин. Тие ( Србите ) уништија цркви, храмови и гробишта низ Скопска Црна Гора, зошто беа на старомакедонски зачувани. Останаа само неколку цркви и манастир, каде во една црква го има Александар Македонски насликан како светец. Тоа го нема кај Србите а и не го приметија, инаку ќе ја срушеа и таа црква. Моите роднини и братучеди кои останале на Џепиќ, не им сугерирам ништо, зошто гробовите на мојот прадедо, чукундедо и прапрадедо е Џепов, а дедо ми е пишан со иќ… но не татко ми, јас, син ми и да даде Господ и внуци и правнуци, никој нема да биде на иќ. 

За крај, голема благодарност на Никола Ставрески. Еден полски православен Евреин, мултимилионер, сакаше да најде медиум Македонски или од бивши Ју републики и да биде спонсор со $ 40,000. Ми беше жал за Никола, финансиски е за жалење и има трошкови во врска со некоја особа да ја донесе во Австралија. Мислев за Нова Година да му направам изненадување… но имало Господ и тој си го покажа правото лице. Па така со еден портал од бившите Ју републики постигнав договор да го рекламира цела година за $ 5,000 и плус данок да платам $ 4,000… значи $ 31,000 за мене. Благодарам Никола, ќе пијам шампањско за Нова Година на твој рачун. Среќна Нова Година на тебе, на СДСМ …. од вас сега малку ќе се чусвтувам посреќен и од бес ќе ги трошам парите благодарение на вас. Затоа Никола Дончо, Рубин, СДСМ … речете дека сум и Албанец, белким ќе падне некој милион. Тоа е моја лична карта со Џеповски и нема шанси Спасовски преку МВР да ми ја фалсификува, ниту сметката со $ 31,000 да ми најде и да ми направите пасош од Марс. ДОДЕКА СТЕ НЕПИСМЕНИ И ВО СЛУЖБА НА ЃАВОЛОТ И СДСМ, ЗА МЕНЕ ЏЕПОВСКИ АЛЕКСАНДАР – НЕМА ЗИМА !!! А ВМРО ДПМНЕ, МПЦ и МАКЕДОНИЈА ќе ви каже се во лице на 24 Април 2016.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top