Коментари

Иронија на денешницата

vasko-gicevski

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Човекот со својот напредок и равиток барем на техничко ниво и делумно на економски план го достигна 21 век. Се убедуваме дека живееме во најхуманото и можеби едно од најразвиените демократски општества кои досега во светската историја биле забележани.

Се смета дека отидовме толку напред што ги заборавивме оние темни дни и мракови на минатото, војните и страдањата кои ги носат се трудиме да се убедиме дека останаа зад нас. Истото се случува и со процесите на либерализација и демократизација на општеството, со процесите на мултикултурализација и укинувањето на штетниот национализам и етноцентризам.

Секој објективен мислител доколку би се зафатил малку подлабоко со оваа тематика и кога би погледнал под шарениот јорган со кој се прикриваат нештата ќе ја забележи суровата реалност опозит на се она што предходно беше наведено.

Сведоци сме на тоа дека под влијание на слабата економска моќ ние почнавме некако да живееме од национализам, станавме интровертни и егоисти. Користиме секаков начин за тоа да си најдеме причина некого да мразиме, на некого да му го спречиме напредокот.

Најлошо е тоа што за овие навредувачки и етноцентристички цели се користиме со историјата. Колку повеќе економски слабееме толку повеќе се заглавуваме во историјата, и тоа не на начин на кој што му доликува на современиот човек туку историјата повторно сега се изнесува пред суд, се прават митови, цели идеологии иако таквите идеологии пред само дваесетина години крајно ги осудивме.

Осудена беше исто така и контролата на мислењето, ја осудивме и внатрешната борба за превласт, и олигарахијата а денес пак сме сведоци на истите овие осудени нешта дури и во поизразен степен од тоа што во тогашно време беа.

Сите оние кои имаат поинаков став за некои нешта, поинакво мислење во насока на подобрување на нештото, денес наместо напредни луѓе и иновативни индивидуи  се бесрамно нарекувани политички пиони, шутраци кои трчаат по пари итн. Оној кој ќе даде спротивно мислење во било кој сегмент од веќе етаблираното а нема да е претерано ако се каже и догматизирано мислење станува народен непријател.

Наместо да се оди напред во иднината и наместо поголемиот дел од неселението и пред се младината да биде футуристичка некако сите останаа тврдо во сегашноста или пак уште полошо се вратија во минатото и од таму извлекуваат вакви или такви причини за омраза. Конкретен суд или мислење за историјата или историски настан или еден период од историјата не може да се донесе без да се знаат светските, регионалните, домашните општествени прилики и неприлики и најлошо од се е тоа што се носи мислење за историски настан од денешна перспектива.

Во обид да ја зачуваме Македонија нашата татковина како суверена и целокупна територија(барем во овие граници), во обид да го зачуваме идентитот македонски ние почнавме одвнатре да го разоруваме.

Македонскиот идентитет во историјата никогаш не бил еднобоен и Македонија никогаш не била еднонационална. Напротив богатството на Македонија, македонскиот идентитет од секогаш биле мултукултурата и мултинационалноста и срамно е денес во 21 век да се враќаме на идеите од 19 век за формирање на националните држави на народите.

Светот денес е во процес на глобализација, процес на мешање на културите и нациите, од тука следствено чиста глупост е идеата за чистонационални земји. Таквата идеа денес може да резултира само со реки и порои крв а не со државотворност.

Треба да се извлече заклучок од сета оваа ситуација дека во суштината можеби вековите и годините изминаата ма а луѓето и ставовите некако останаа исти. Волкот влакното го менува ама умот не.

За промена сега во првите децении да се потрудиме умот да го промениме бидејќи од умот и злото и доброто извираат и глупоста и знаењето, важно е секогаш доброто да го каналаизираме во правилна насока за иднината на сите нас.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top