Коментари

За арно, здравје, радост и среќа во секој дом во Македонија

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Првиот ден од годината е посебен за сите луѓе, а се разбира посебно место има кај Нас Македонците. Сите мисли и желби за самите Нас, најблиските, пријателите и за целиот свет ни се само за арно, здравје, радост и среќа во секој дом во Македонија и секој дел од планетава. 

Јануари е полн со празници од првиот ден кој спектакуларно го пречекуваме па се до последниот Св Атанасов ден. Втори Јануари е познат како Свети Игњат, кога се смета дека се што ќе правиш овој ден, ќе ти случува и повторува низ целата година. Одма доаѓаат Бадник па Божиќ, придружено со паричката во зелникот, коледе … сето тоа е правосилно ако сме биле прави Христијани со предходно 40 дневно постење за да се причестиме нели за Божиќ. 

После тоа доаѓа Богојавление, Водици, Свети Јован и ако ги гледате црквените календари, секој ден празници и се така до крајот на годината. 

Колку од Нас се придржуваат на постите и примерниот живот, тешко е да дадеме точен одговор. 

Гледајќи од аспект на сите овие јануарски празници, се наметнува прашање дали опозицијата чекаше Дедо Мраз да им донесе малку памет и сериозност или мислат дека се предодредени да владеат така од кеиф ? 

Ете СЈО, специјално јавото обвинителство почна прерано да слави па се тумбаа во ендек. Мора да е лош знак за нив. Среќа Катица што не беше внатре, ќе беше лошо за колата, нејзе ништо не ќе ја снајдеше, бидејќе  е предодредена да биде неутралка. 

Ова е месец кога СДСМовците пијат многу, оти ладно е времето и мора да се загреваат. Тие како наследници на комунистите, не веруваат во Бога … но затоа како боеми кои не можат да живеат без кафани и турбо фолк мора да пијат и никако да се опијат од причина што еве 10 години не се на власт и бараат средба со Господ доколку го има да им даде прво власт, а не само вака неколку министри. До тогаш, Бране Октоподот се уште ќе ја нарачува на Бадник Моји су другови од Бајага а Бучко за препознавање во темница. 

Многу празници, многу алкохол и после Цацко ќе им биде крив што сакаат па не одат на избори. 

Да се надеваме дека ќе одат на избори и да настане катаклизма на оваа смешна опозиција или за доброто на сите ќе се ремонтираат со нови луѓе и идеи и ќе станат горда опозиција која со макотрпна работа народот еден ден ќе им дозволи да дојдат на власт. 

Еве од мене Среќена Нова 2016 и на нив и им го пожелувам она второто од се срце. 

А на целиот Македонски народ, каде и да е на планетава му посакувам здравје, радост, среќа, полно евра, долари и мир и спокој засекгаш. Се разбира обединети во една и цела Македонија.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top