Коментари

Која е разликата помеѓу СДСМ и приватните црквени компании во Австралија?

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Која е разликата помеѓу СДСМ и приватните црквени компании во Австралија? Никаква разлика. Како иста мајка да ги родила. Нашиот проблем е сосема ист како и вашиот таму.

Сакаат пари, богатства и најубав живот преку грбот на Македонија, Македонскиот народ и МПЦ. Самите се рекламираат како црпнати од нивите и мора на нив да им се даде се. 

Двете страни се во тесна врска со Грците и нивните лидери убаво се офајдуваат од нив. Ако ги разбереш едните, и другите ги скенираш многу лесно и без напор. 

Најновиот пример за Гинисова книга на рекорди доаѓа од Бризбен, Австралија. Црквата во Њу Фарм, каде малубројниот Македонски народ купи место и изгради црква… преку ноќ доби “нови газди” од страна на приватните црквени компании во Австралија. Тие со сила и лажни вечни хајки против Владиката Петар, ја избркаа управата и попот и се наместија со нова управа и распоп. Како резултат на тоа, денес голем црковен двор го поделија на 92 парцели, каде преку некој мрднат градител Цане, ќе градат 92 куќи и ќе ги продаваат од 550.000 долари па нагоре. Знаеме кој се ќе профитира и најважно е што тука лежи одговорот зошто не чини Владиката Петар. Иста финта како и со Груевски. 

Исто така, сите знаете дека судскиот процес со Св. Петка траеше 16 години и чини преку 16 милиони долари. Покрај сите одлуки и наредби дека црквата не смее да биде приватна т.е. ИНКОРПОРИРАНА… ете тие пак се пишуваат како Македонска Православна Општина, а не како Црква. На исто ниво се како клуб, бизнис, фирма па ако сакате да речеме и како јавните куќи, нема да згрешиме. Полуписмен градител се потпишува како заменик ПРЕТСЕДАТЕЛ, го убедуваше судијата во судскиот процес дека поправка на еден ѕид коштала преку 750.000 долари и така ги потрошиле парите од осигурителната компанија од 1 милион долари, што им беше дадена наводно за испукани ѕидови на цркавата од звукот на авионите. Сите овие финти и финансиски малверзации ви се познати од СДСМ. А за 16 милиончиња што треба да ги платат, лажат дека Петар го изгубил судот, па тие од немукает продадоа станови и градинката, сопственост на Св. Петка… Криминал А Ла Црпко.

Сето тоа тие го прават со лажната изјава дека Синодот доделил и Втора Епархија на чело со Тимотеј, што апсолутно не е точно и ви приложуваме доказ. Со лесни новинари како Марјан Николовски од Сител и Бранко Ѓорчевски од Дневник… Овие исто како Героски, Милчин Тричко и компанија, форсираат нешто што не постои и шират лажни вести за 100 евра. 

Најтрагично е што нивните лидери и најблиски соработници многу сложно и весело се дружат и тоа јавно го манифестираат. Сето тоа е на сметка на жална и кутра наша мајка Македонија, преку која тие земаат, дрпаат, грабат и желни се за повеќе пари и по цена на голема крв. 

Пак ќе прашам како и порано: Дали нешто им должиме или тие на Македонија и должат? До кога ќе ги трпиме и зошто ги пуштаме вака последниве сто и кусур години? Има ли крај на оваа нивна лакрдија и дали еднаш ќе седнат во суд и да гнијат по затвори? ВРЕМЕ Е… КРЕВАЈ СЕ НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ И НЕ ДАВАЈ ОВИЕ ПРЕДАВНИЦИ ДА ВИДАТ БЕЛ ДЕН !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top