Коментари

Протести против Македонија

kostadin-kerpicoski

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Да, токму така како што прочитавте во насловот на оваа колумна, пред недела дена започнаа протести против Македонската држава во организација на СДСМ а финансирани од невладината организација СОРОС.

Се собраа на протест помалку од 5 000 граѓани меѓу кои и платеници и луѓе со дебело досие кои беа задолжени за уништување, палење, каменување и привлекување на толпата да го прави истото.

Замислете кој парадокс е да сте сигурни дека со 5 000 граѓани на протест ќе турнете власт во оваа држава каде живеат повеќе од 2 милиони жители.

Протестираа што протестираа и тоа е демократско право но не, никаде во светот не е дозволено протестите да прераснат во дивеење и уништување на се што со години се создавало од страна на било која власт а во случајов актуелната.

Јас го разбирам револтот на врхушката на СДСМ бидеќи веќе десет години неможе на фер и демократски начин по пат на избори да дојде на власт но не никако не оправдувам манипулации со народот и вмешување на истиот во голема игра а се со цел исполнување на лични интереси и спас на својата кожа.

Да точно е дека протестираа и другите но на мирен, фер начин, го изразија својот револт и излегоа да ја одбранат својата држава ама не и да ја запалат и уништат бидеќи знаат дека утре во неа треба повторно да живеат и знаат дека животот продолжува понатаму!

Само лидерот на опозицијата во оваа држава се однесува како да Македонија не е негова татквоина, како да има своја друга, резервна татковина и како утре да не треба да живее во неа.

Замислете, протестираат а незнаат за што протестираат и против кого, незнаат која е крајната цел на нивниот протст!

И да се разбереме, едно е да протестираш а друго е да дивееш низ град, да уништуваш, да палиш, да плукаш, да каменуваш и да создаваш немири во своја држава помеѓу својот народ.

Најостра осуда од мене а и од целиот Македонски народ за СДСМ која организира каменување на припадниците на МВР кои само чесно си ја работеа својата работа за своја плата а богами и си ја чуваа државата од секакви будалентики.

Токму луѓето кои беа каменувани на протестите од СДСМ се луѓето кои во 2001 година застанаа први на браникот на татковината а и први кога ни се случи Куманово минатата година.

И дали сега е срамно да го каменуваш истиот тој човек и да посакаш да му се повтори најлошото?

Да посакаш неговите деца да останат сираци, неговата фамилија да биде завиена во црно?!

И се тоа по инструкција и наредба на лидерот на опозициската СДСМ кој во тоа време и тој момент одмара на топло по опозициски телевизии и најавува Украинско сценарио!

Чекајте малку луѓе, Македонија не е Украина, народот тука не е ист со народот во Украина!

На Македонија неможе и несмее да и се случи истото што и се случи на Украина а и ние граѓаните тоа нема да го дозоволиме во никој случај се додека сме живи, додека дишиме и додека стоиме на нозе!

Знаете јасно е дека целиот проблем е во тоа што ние не сакаме да влеземе во една таква игра и да го исполниме сценариото за граѓанска војна а тоа им дава сила на СДСМ но мора да знаат дека тоа неможе да оди до недоглед.

Странците кои ги поддржуваат укачите треба да знаат дека тие тука се само гости и дека народ многу добро знае што се случува и кој е одговорен за истото и дека никој нема да мине неказнето!

Во Македонија, одлучуваат Македонците, народот одлучува и тоа е демократија и тоа се случува како во најголемите демократски опшества на фер избори со пенкало во рака а не со автомат под рака!

Јас лилно го повекувам лидерот на СДСМ и врхушката да излезат на избори кога веќе се сигурни дека “режимот” паѓа па да народот го има последниот збор.

Бегањето од избори е доволен показатл за состојбата во СДСМ и за тоа кого народот сака и гласа а кого не!

Апелирам до опозициската СДСМ, да престане да го манипулира Македонскиот народ и да престане таа тесна соработка со СОРОС за уништување, разнебитување и редефинирање на Македонската држава!

Македонците ќе си ја одбранат Македонија!

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top