Коментари

КОМУНОСАУРУСИ

meri-georgievska

meri-georgievska
Д-р Мери Георгиевска

Голем е Господ !

„И голем џган исплива на површината на една мала но цврста држава“- ќе биде првата реченица при описот на трагичните факти што СДС и ги стори на нашата Македонија“!

Секојдневно СДС и Заев, ни се потврдуваат дека комунизмот е историски триумф на глупоста, објавен како триумф над неа и најсофистицираниот облик на само-измама.

Од сите темни и најтемни времиња, од сите подли до најподли заговори, од сите пеколни до уште попеколни процеси, договори, заговори, пактови… Од сите нив најцврсти се оние кои се создадени од бездарниците.

СДС, фрустрирани од нивната нечовечка и сатанистичка судбина, а понекогаш и циничен живот кој од мали нозе ги учел дека полесно е да фрлаш јајца и од споменик на Едно Време да создадеш ѕид на срамот, таа нивна судбина толку ги загрозила нивните тела, (оти рокот на траење на нивните души и срца одамна е изминат), што сега тие, СДС-безидејна, постанаа само бигор на една гнила и загноена идеологија која премина во идеологија на плукање по архитектонски објекти, споменици во стилот на терористите на Исис врз Алтамира.  Нивните извртоперени мозоци, нивните алчни невладини здруженија, странски пролупани чадори, нивното лицемерие дојде до врвот и клучната точка на зломислието.

Тие, сороспиите поттурнати со помош од сите обединети бездарници на Светот, станаа ткајачи на пајажината на срамот за Македонија.

Или накусо, тие постанаа еден гигантски Салиери на сопствениот идентитет и држава.

Се срамам кога ги гледам руинираните споменици.

Еден убав и светол ден, како што рече пред малку Претседателот Груевски, ќе исплива срамот на Заев.

Еден убав светол летен ден Заев и неговата мафија, самите ќе се фатат во сопствената мрежа, од каде нема да можат да ги сокријат погледите со очи  на големи смрдливи муви и нема да можат да ја сокријат нивната фрустрација од победите на ВМРО ДПМНЕ. Како и нивната ориентација и љубов кон смрдеата на алкохолот, дрогите и смрдеата на гниењето на нивната идеја, партија, раководство, рушвет, иднина, и сл. Ги осквернавија спомениците. Што иднина ќе имаат сега? Кој ќе им рече добар ден? Никој. И В.И. Ленин од оној свет ќе им рече добра ноќ. Уште пред година дена им кажав дека и на него му се гади од нив.

Од 5-ти Јуни натаму, ништо веќе нема да биде исто. Жигот со кој се само-жигосаа Заев енд компани ќе избегаат ко ѓавол од темјан. Ќе останат во историјата како најголемите злосторници и властитутки кои се грозат од науката, образованието, религијата, знаењето, читањето литература, спиритуалноста, наспроти нивниот сурлаџиски концепт.

Срам да ви е СДС, метастазо Македонска! Ало СДС, ниски ви се хоризонтите! Со задоволство ве губи Македонија и Македонскиот народ!

Ако ви се џитнеме 500.000  горди но и повредени во срцата Македонци, со по 30 јајца најмалку по еден ваш нечоек, има да ви направиме кајгана за Гинис.

Вие станавте Комуносауруси кои фрлаат јајца и балончиња со бои. Така ли се прави револуција? Никако да дочекате да дојде CNN. Нема ни да дочекате. Не сте талентирани ни за револуција. Генетска грешка сте и на комунизмот. Вие ли ќе му фрлате пипер в очи на ВМРО ДПМНЕ со овие неколкумина издрогирани голтачи на оган? Пет, шест дрогирани девојчици и уште 200 хулигани ќе маваат по ИСТОРИЈАТА на Македонија, запишана врз спомениците од рацете на Македонски уметници?

А сеа, сите што и мислите лошо на Македонија, сорпоспии и заевисти, сите што ја имате мајка Македонија за рушвет, ајт марш у Jurassik Park ili Judasik Park !

Таму ви е местото комуносауруси низаедни!

Тик так тик так, немате време ни да избегате. Али дека забегавте, ох колку не ми е гајле. Ич.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top