Коментари

Грција одамна ги поткопа темелите на ЕУ заради македонското прашање!


Свекрва

Анархијата и корупцијата која долго владееше во бриселските ходници, потоа непочитувањето на демократијата и правата на обичниот европски граѓанин, како и толерирањето на земји како Грција, конечно резултираа со Брегзит на Велика Британија. Глобалистичката политика на ЕУ капитулира пред британскиот народ кој јасно рече НЕ на таквата политика и ја изненади елитата во Лондон и Брисел, која сега со сите сили се бори да ја врати контролата.

Многу одамна, заради македонското прашање, грчката деструктивна политика се одрази на виталните елементи на Унијата. Таа со својот однос во европското политичко општење ги неутрализира и ги елиминира прогресивните сили кои одамна почнаа да сметаат дека Европа веќе не е заедница кон која треба да се стреми и за која треба да се работи.

ЕУ и НАТО за Македонија се суште примарна цел. Но, дали некој треба да се стреми кон Европската заедница која  поради своите политики со кои ги урива цивилизациските норми се повеќе го губи угледот во светот. Таа одамна наликува на СФР Југославија, од времето пред нејзиниот крвав распад, па Британците на време на референдум му кажат НЕ на таква Унија.

Факт е дека Грција ја уништува Европската унија. Прво, со заканите за вето, кои потоа земаа замав од други земјите членки. Тие ставајќи ги личните интереси пред се, им се закануваа на земјите кандидати, така да сеевропските интереси станаа споредна работа. Второ, со непримерното грчко трошење што резултира со економска криза и закана со Грекзит, а која ги доведе земјите членки на ЕУ да се задолжуваат за да го отплаќаат грчкиот долг.

Иако постојат и други причини, како на пример различниот однос на земјите членки кон бегалската криза, сепак однесување на Грција во изминатите години, беа иницијална каписла која доведе до недоразбирања и незадоволство кај земјите членки на ЕУ.

Да се брише еден народ, неговиот идентитет, неговиот јазик и култура, како што бараше Грција да се направи со македонскиот народ, а сето тоа да го плаќаат други, беше сигнал за многу земји членки дека еден ден може да ги најде истата судбина.

Грција заради Македонија ги поткопа темелите на ЕУ, а со референдумот во Велика Британија со кој се изгласа Брегзит како да се најавува крај на заедништвото. Како домино ефект, веќе се најавуваат и други референдуми за излегување од ЕУ. Брисел нема механизми за смирување на проблематичните земји, така што секое напуштање на ЕУ ќе преставува голем проблем. Сето тоа наведува дека во ЕУ е потребна целосна ревизија на застарениот систем кој не и дозволува слободно да дише. Особено не на просторот на конфронтација меѓу САД и Русија.

Реториките на европските преставници не се препознатливи. Особено интригира, но и загрижува изјавата на германската кацеларка Ангела Меркел во која вели дека е потребна акција за да се спречат членките да ја напуштат ЕУ.

Прашањето што се наметнува е зошто да се спречува земја членка на ЕУ да ја напушти заедницата, ако таа смета дека подобро би функционирала надвор од Унијата!? Дали тоа значи и балканизација на Европа, на што предупредува и папата Франциско.

Инаку, на прес конференција за време на враќањето од Ерменија, папата предупреди дека  би можеле да се отцепат “покраините” како што се Шкотска и Каталонија, а тоа би можело да доведе до “балканизација” на Европа. За да може повторно во себеси да ја пронајде силата која лежи во нејзините корени, папата Франциско порача дека „Европа мора да направи чекор кон креативноста и здрава поделба, а тоа значи да се даде повеќе независност, повеќе слобода на земјите до Европската унија.“

Европа денес веќе не препознатлива, таа воопшто не е Европа каква што треба да биде и каква што сакаме да биде. Наместо демократијата и правда, таа нуди двојни стандарди, едни за за нив, за основачите и посилните, други за послабите или оние што сакаат да пристапат. Сето тоа, Македонија од своето осамостојување до денес можеше да го почуствува на своја кожа.

Брегзитот на Британија само потврди дека ЕУ е економски џин, но политичко џуџе. Отука на ЕУ не и е потребно само козметика, туку темелна реконструкција на зградата во Брисел, зошто може се да се сруши како кула од карти. Во нејзината реконструкција не може да учествуваат само основоположниците на заедничкото живеење во Европа, зошто Европа не е само нивна, таа е на сите европски народи, па и на Македонците. Потребно е решение во кое ќе учествуваат сите народи на Европа, решение со кое сите ќе бидат задоволни, зошто едни од други зависат, а од нивното заедништво зависи и иднината на Европа.

Меѓутоа, никој нема право да ги држи македонскиот народ надвор од ЕУ, ниту пак со сила безимени да ги внесе внатре во ЕУ. Тоа не може да се направи ниту со опозицијата предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев, зошто никој, па ни тој нема право да тргува со македонското име.  

Затоа, државите на ЕУ мора да ги отфрлат старите навики и нефункционално уредување и да создадат нов облик на Унија. Европа во која ќе има место за сите и во која нема никој да му го оспорува правото на било кој народ, па и на македонскиот народ да се нарекуваат – Македонци, Европа во која сите подеднакво ќе се развиваат и во која сите ќе се чуствуваат равноправни и задоволни. Само така нема да има напуштање на Европската унија.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top