Коментари

Природен феномен или ХААРП !?


Свекрва

Во последните години на Балаканскиот Полуостров се почесто се случуваат катастрофални поплави со човечки жртви и големи материјални штети. Уште пред две години луѓето почнаа да се прашуваат што се случува? Дали е ова чиста случајност, божје дело или човечкиот фактор. Разни теории ги полнеа медиумите за поплавите во Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. Една од нив е теоријата дека постои временско оружје за манипулацијата на климата и дека Балканот константно се напаѓа, а поплавите во Македонија се само уште еден пример.

Љубителите на теориите на заговор веднаш излегоа со теоријата дека Македонија е нападната со ХААРП – High frequency Active Auroral Research Program (Истражувачки Програм за активирање на Поларната Зора со високи фрекфенции). Тие своето тврдење го поткрепуваат со информациите кои доаѓаат од Скопје и кои говорат дека при неодамнешните поплави имало „800 молњи за 3 – 4 часа, интензивни и со чуден облик“. Исто така облаците биле нетипични, кои стојат во место и истураат „дождовни бомби“ и покрај тоа што ветерот дувал со 70 км/ч.

Како причини љубителите на заговори ги наведуваат промената на сегашните државни констелации на Балканот, односно границите. Всушност во процесот на глобазлизација, односно трансформација на светот, новиот модел се прекршува на Балканот, каде поминува невидливата граница на Западниот и Источниот свет. Токму тука оваа невидлива граница треба да биде избришана и разликите надминати. Не случајно велат тука поминува и кридорот на бегалците и мигрантите.

Инаку, подолго време во употреба е терминот „невооружени облици на агресија“,  за која денес се смета дека се поефикасни од конвенционалните вооружени, затоа што тие изгледаат како природни катастрофи, па јавноста верува дека тоа не е непријател, тоа е човечкиот фактор.

Манипулацијата со климата е едно од оружјата со која „силите“ се обидуваат да го изменат Балканот, сметаат „љубителите на теориите на заговор“. Според нив, балканските држави иако „имаат голем број на специјалисти (инжинери и физичари) технички да ги наутрализираат варијантите на ХАРП, ја немаат потребната логистика за да се спротистават на технолошко високо развиените сили чии интереси се судираат токму тука“ на Балканската огнена линија. Затоа тие ќе посочат дека популацијата на Балканот е сведена на улогата на беспомошни заморци во научните лаборатории“.    

За разлика од нив, научниците говорат за природен феномен кој ја погоди Македонија. Така македонските експерти велат дека „Дождовната бомба“ кој го погоди Скопје е природниот феномен кој е невообичаен за територијата на Р. Македонија, но е чест феномен низ остатокот на светот каде доаѓа до мешање на топли и студени воздушни маси. Според нив, во последните неколку денови пред поплавата, територијата на Република Македонија била изложена на влијание на топла воздушна маса од Средоземното Море, која се одликувала со високи дневни температури често над 35˚С, проследени со слаби суви ветрови и намалена влажност на воздухот. Ваквите услови довело до силно испарување на водата од реките, вештачките акумулации и вегетацијата, предизвикувајќи поголемо акумулирање на водена пареа. Во текот на саботата имало продор на влажна воздушна маса од запад која придонел за вертикално движење на воздушната маса, при што топлиот воздух од долните слоeви се издигнува во височина, каде се шири и разладува. Притоа, водената пареа се кондезира и згуснува креирајќи облаци кулумунимбус, кој претставува моќен олуен облак кој се издигнува неколку километри во височина, пратен со голема влажност и силни вертикални струења.

Оваа дестабилизација, како што ќе објаснат, движејќи се кон север, наишла на природна бариера – планината Скопска Црна Гора – која недозволила водената маса да се движи при што најголеми количества на врнежи се истурија на јужните падаини на планината и во град Скопје. Според експертите,  колку е посилно вертикалното струење кај олујните облаци, поголема влажноста и вертикално е поразвиен облакот, толку повеќе доаѓа до намалување на температурата на воздухот при што настануваат силни врнежи, проследени со силни и зачестени грмотевици. Така во Скопскиот регион се регистрирани над 800 молњи и креирање на феноменот „дождовна бомба“.

Сето ова ја оспорува теоријата на „љубителите на теориите на заговор“ и не се работи за ХААРП. Но, како и да е, поплавите кои во последно време зачестија на Балканот не опоменуваат дека следи време на драматични промени, за кои треба сите да сме подготвени, како поединечно така и институционално.

Тоа значи дека не можеме да ги сечеме дрвата кога и  каде сакаме. Не можеме да фрламе во каналите шут и тврд отпад или да ги затрупуваме само заради тоа што така ќе ни биде побрзо да излеземе на пат или поблиску да дојдеме до нивата. Не можеме да градиме таму каде што никој не градел, бидејќи тука е природниот тек на водите. Не смееме да ги уништуваме ободите на каналите или брегот кој не штити од поплави. Едноставно мораме да се грижиме за дрвата, за каналите и за природните токови на водите. Истовремено, мораме 24 часа да имаме спремни интервентни тимови за спасување, зошто последната поплава преставуваат голема опомена дека без разлика дали е вештачка или природна појава, со природата нема играње.

Најново од: Коментари

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

To top