Коментари

Што мислите кој и зошто молчи?

9

9Македонска нација

Што е грк а што Македонец по генеза? – HLA гените кај Македонците и суб- Сахарското потекло на Грците

Во 2001 година на јавноста и беа презентирани резултатите од едно генетско истржување кое подигна голема прашина, а некој се потруди таа прашина бргу да слегне. Тимот составен од Македонски и шпански научници, предводени од А. Арниз Вилена (Antonio Arnaiz Villena) и К. Димитриевски изработи компаративна студија за генетските сличности и разлики помеѓу Македонците и останатите медитерански народи, а особено со нашиот јужен сосед Грција.

Интересниот дел се состои во заклучокот дека:

Македонците и припаѓаат на “постарата“ медитеранска групација, каде спаѓаат Иберијците (вклучувајки ги Баските), Северно-Африканците, Италијанците, Французите, Критјаните, Евреите, Либанците, Турците (Андолците), Ерменците и Иранците-Персијците.

Македонците не се во блиска генетска врска со географски блиските соседи Грците, кои НЕ И ПРИПАЃААТ на “постарата“ медитеранска групација.

Откриено е дека Грците имаат поблиски генетски врски со суб-Сахарската група народи (Етиопијците), која е издвоена од останатите медитерански групи.

 Обете групи Грчката и Етиопската делат квази – специфични DRB1 алели (една од две или повеќе алтернативни форми на генот кој се појавува со мутација, а се наоѓаат на истото место на хромозомот). Генетската дистанца е помала помеѓу Грците и Етиопjаните – суб-Сахарската групација отколку со било која друга Медитеранска група и конечно Грчкиот кластер заедно со Етиопскиот/ суб-Сахарски ги делат дендограмите и споредбените анализи.

Временскиот период кога се појавила оваа врска е древен но несигурен и можеби е поврзан со преселбата на Египетско- Етиопскиот народ во фараонската историја на Египет.

Инаку, високо полиморфниот HLA систем е вреднуван како корисен за разликување или поврзување на популации (или индивидуи) во многу истражувачки студии уште од првата Интернационална HLA Антрополошка Работилница (International HLA Anthropology Workshop) одржана во Евиан 1973 година и на сите понатамошни седум Интернационални Работилници.

HLA генетската фреквенција е во релација со географски поврзани популации. Постоењето или отсуството на генетски ток помеѓу соседни етнички групи може да се утврди со студија на HLA фреквенциите и кореспондирачките генетски дистанци.

Се на се, оваа интересна научна студија остана крајно маргинализирана, а некој од учесниците се соочија со одредени тешкотии и дискредитација.

Што мислите кој и зошто молчи?

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top