Коментари

НЕКОИ ПРАШАЊА ЗА ИМЕТО ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР!

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

НЕКОИ ПРАШАЊА ЗА ИМЕТО ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР!

Европската Унија и НАТО Алијанста не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Ако сите од петни жили се борат против корупција во државата, мора да ги потсетиме дека ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА Е НАЈГОЛЕМА КОРУПЦИЈА ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ, ЕДНАКВА НА ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЗЛОСТОРСТВО ПРОТИВ ЧОВЕШТВОТО, ДЕЛО ШТО НИКОГАШ НЕ ЗАСТАРУВА! НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДЕКА ВЛАСТА Е МЕНЛИВА И МИНЛИВА, САМО ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА СЕ НЕПРОМЕНЛИВИ И ТРАЈНИ ВРЕДНОСТИ!

Секој обид за дестабилизција и контролирана нестабилност на Македонија започнува и завршува со промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Рекомпонирањето на Владата на вонредните парламентарни избори беше со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата, заради членство на Македонија во Европската Унија и НАТО Алијансата! И не се избираат средства да се оствари таа цел!

Тоа го потврдува и опозицијата.

Ако рекомпонирањето на Владата е со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата, зошто опозицијата и натаму е за безусловно пристапување на Македонија во евро-атлантските интеграции, ако се знае дека услов за почеток на преговорите за членство во Европската Унија и за членство во НАТО Алијансата е промена на името на државата и идентитетот на нацијата?

За волја на вистината, Резолуцијата 817/1993 од 7 април 1993 година на Советот за безбедност и Резолуцијата 47/225 од 8 април 1993 година на Генералното Собрание за членство на државата Македонија во Обединетите Нации не прејудицираат промена на името на државата Македонија туку разговор за разликата за името на државата Македонија со Владата во Атина поради добра волја на Македонската Влада за тоа да разговара, ниту упатуваат на договор за ново меѓународно име, затоа што “поранешна Југословенска Реублика Македонија“ е само времено обраќање во системот на Обединетите Нации додека траат разговорите за разликата за државното име Македонија со Владата во Атина!

Македонија во Обединетите Нации е примена со апликација број S/25147, под името Република Македонија!

Патем, и одлуката на Меѓународниот суд во Хаг од 5 декември 2011 година го суспендира суспензивното право на Грција за членство на Македонија во меѓународните организации под државното име Македонија!

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top