Коментари

Одделно седење на мажите и жените за време на веселбите

aleksandar-donski

aleksandar-donski
Александар ДОНСКИ

АНТИЧКО-МАКЕДОНСКИ ОБИЧАЈ ЗАЧУВАН КАЈ СОВРЕМЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ

Преку компаративна анализа помеѓу антич­ко-македонските обичаи, обреди и верува­ња собрани од записите од античките историчари (но и од еминентните современи светски истра­жувачи на античка Македонија) и записите на фолкло­ристите од 19 и 20 век, се забележуваат фрапантни слич­ности кај по­веќе обреди, оби­чаи и верувања кои ги негувале и ги негуваат и Македонците од 19, 20 и 21 век. Притоа нема да навлегуваме во нивната генеза, т.е. дали овие елементи биле авто­х­тони античко-македонски или пак мо­же­би и античките Маке­донци нив ги наследиле од некоја друга кул­тура, затоа што практично тоа и не може да се докаже со стопро­цент­на сигурност (иако за некои од овие обичаи и обреди античките ав­тори децидно потенци­рале  дека се чисти  македон­ски). Но, нивното потек­ло и не е толку важно. Поваж­но е тоа што некои од овие ан­тич­ко-македонски обичаи, обреди и верува­ња остана­ле до генерациите на Маке­дон­ците од 19, 20 и 21 век и ова може да се докаже преку спомнатово компарирање.

Во продолжение ќе на ведеме еден ваков пример.

Одделно седење на мажите и жените за време на веселбите

Одделното седење на мажите и жените за време на весел­бите во мина­тото во Македонија е добро познат обичај. Овој обичај дури и денес се уште се има задр­жано по селата. За овој обичај мнозина кај нас погрешно сметаат дека е обичај наследен од Турците, т.е. од вре­мето на нивното петвековно владеење со Македонија. Ваквото мис­лење секако дека беше резултат на односот на тогашните Турци (но и на исламот воопшто) кон жените. Но, ваквото толкување за потек­лото на овој обичај вооп­што не одговара на вистината. Оддел­ното седе­ње на мажите и жените за време на веселбите или свече­нос­тите се среќава уште кај античките Македонци и тоа уште во 6 век пред Христа. Деци­ден опис на овој ан­тич­ко-македонски обичај постои кај античкиот историчар Херодот. Опишу­вајќи ја посетата на персиските прате­ници на Македонскиот двор во времето на македонскиот крал Аминта (во последните години на 6 век пред Христа.), Херодот ги цитира зборо­вите на овој македонски крал, во кои, Аминта сосема јасно го споменува овој обичај.

Еве како ја опишал Херо­дот оваа ситуација:

“И така Персијанците… беа доведени пред Аминта, замо­лувајќи го да му отстапи вода и копно на кралот Дарие. Ами­нта, не само што им го вети тоа што го бараа, туку и ги покани на гозба, по што тој направи бо­гата трпеза, со цел Перси­јан­ците убаво да се забавуваат. Откако заврши вече­рата, Перси­јан­ците продолжија да пијат, обраќајќи му се на кралот со зборовите:

– Драг Македонецу, ние Персијанците имаме обичај, кога пра­виме голема гозба да ги водиме со нас и нашите жени или љубовници, кои на гоз­бата седат заедно со нас. Сега, откако Вие не примивте нас толку љубезно, откако не нагостивте и откако ни ветивте де­ка на кралот Дарие ќе му дадете земја и вода, направете го и овој наш обичај во наша чест.

Аминта им одговори:

Драги Персијанци! Кај нас не постои таков обичај, туку кај нас мажите седат одвоени од жените. Но, бидејќи вие го барате тоа, ќе ви ја исполнам оваа желба.

Откако го кажа ова Аминта нареди да ги повикаат жени­те. Жените дојдоа на неговиот повик и се наредија наспроти Перси­јанците. Перси­јанците видоа дека овие жени се многу убави и згодни и повторно му се обратија на Аминта, велејќи му дека она што го направил не било сосема доволно и дека подобро би било овие жени воопшто да не доаѓале, отколку што дошле на ваков начин, без да седнат крај нив, туку да останат отспро­тива и да им ги мачат очите”. (Подвлекувањата се мои, з. м.)

(Инаку, епилогот на оваа интересна случка е тоа што Амин­та им доз­волил на македонските жени да седнат крај Персијан­ците, но тие се опиле и поч­нале да ги задеваат со непристојни збо­рови и пос­тапки, поради што пла­тиле со глава, а подоцна случајот бил забо­шо­тен пред персиските влас­ти).

Но, да се вратиме на зборовите на македонскиот крал Амин­та, кои гласат: “Кај нас не постои таков обичај, туку кај нас мажите седат одвоени од жените”, како и на продолжението на описот од случ­ката, според кое: “Же­ните дојдоа на неговиот повик и се на­ре­дија наспроти Персијанците”. Це­лос­но идентичен опис на овој оби­чај се среќава кај повеќемина соби­ра­чи на маке­донски народни умот­ворби од 19 век. Така, на пример, браќата Милади­нов­ци, опишувајќи ги свадбените обичаи во Кукуш, во својот Зборник, запи­шале:

“Стигвеешчем у момата, мажите седвет на една страна, а жените на друга стоет простум”. (Миладиновци, “Зборник на народни песни, Обичаи на свадба в Кукуш”, Скопје, 1983, стр. 490)

Познатиот босански собирач на македонски народни умот­ворби Сте­фан Верковиќ, опишувајќи ги свадбени­те обичаи во околината на Серез и Неврокоп, во врска со ова ќе запише:

“Штом ќе влезат во домот на невестата, таткото на мла­доженецот и мажите влегуваат во една соба, а жените оста­нуваат надвор во друга соба, во која се наоѓа и невестата со девојките”. (Вер­­­­­­ковиќ: “Маке­донски народни умотворби 5”, Маке­дон­ска книга, Скопје,  1985, стр. 142).

И Кузман Шапкарев во својот опис за свадбените обичаи од Охрид, Струга и Кукуш го спомнува овој обичај.

Овој античко-македонски обичај не се задржал кај Македон­ците од 19 век само за време на свадбите. Напротив, тој бил заста­пуван и за време на обичните заеднички свечени ручеци (посебно на оние, на кои, присуствувале по­голем број припадници на маш­киот и на женс­киот пол, каков што е впро­чем и случајот со весел­бата што ја при­редил кралот Аминта). На стр. 135 од спо­менатата книга за Верковиќ, во врска со обичаите на Македонците од ју­гозападниот дел на Маке­донија, што се одржуваат за време на свечени руче­ци, пишу­ва:

“На трпезата во горниот крај, на првото место седи дедото (најста­риот родоначелник), окружен од двете страни со членовите од машкиот пол; на другиот крај на трпезата седи бабата, исто така окружена со членовите од женскиот пол”.

Гледаме дека овде е опишана потполно истата ситуација ка­ко кај Хе­ро­дот. Имено, таму Македонките, на повикот на својот крал, влег­ле во ода­јата и, во склад со своето воспитание, т.е. во склад со единствениот начин на одне­сување што го знаеле за во такви ситуа­ции, се наредиле наспроти Пер­си­јанците, т.е. наспроти мажите. Зна­чи, за време на веселбите во античка Маке­донија же­ни­те седеле во одделна просторија од мажите, но кога требало да седат во иста прос­торија, тогаш тие седеле наспроти мажите, што значи дека и тогаш биле дистанцирани од нив.

Во описите на Верковиќ го гледаме сосема истото. Кај Вер­ковиќ (за време на свадбените обичаи од Серез и Невро­коп) ма­жи­те влегувале во една соба, а жените во друга. Но, кога тре­бало да прес­то­­јуваат во заедничка просторија тогаш мажите сед­ну­вале, а жените заста­нувале наспроти нив. Истата состојба ја имаме и во описот на  Миладиновци  во врска со свадбе­ната весел­ба во Кукуш.

И во описот на Верковиќ за свечениот ручек во југозападниот дел на Ма­ке­­до­нија, за време на кој мажите и жените морале да седат (јадат) во заедничка прос­торија, тие седеле одвоено, т.е. едни нас­проти други, исто како што седе­ле и Македонците и Македон­ките за време на све­че­ностите во античка Маке­до­ни­ја.

Целосната идентичност на овој македонски обичај уште од ан­тич­ко време, па се до не така одамна, мислам дека е повеќе од очи­гледна. Инаку, да потсетиме дека описите на овој обичај од страна на Верковиќ и на Мила­диновци датираат од средината на 19 век, а да спомнеме и дека овој обичај го има до денес во повеќе села низ Ма­кедонија (според лични сведоштва дадени од  учесници на неколку вакви свадби и веселби на авторот на овој труд).

Уште посилен доказ дека овој обичај кај Македонците од 19 век е директно наследство од античките Македонци, претставува едно многу инте­ресно сведоштво од страна на самиот запишувач на овој обичај Сте­фан Вер­ко­виќ. Имено, за Маке­донците од југозападниот дел на Македонија Верко­виќ тврди дека во најголем број му припа­ѓа­ле на коленото Пули­ваков­ци. Ова ко­лено (пошироко семејство, род), според Верковиќ, го опфаќало целото на­се­ление од повеќе маке­донс­ки градови од југозападниот дел на Македонија. Токму таму Верковиќ ги запишал овие обичаи. Пишу­вајќи за народносната свест на Пу­ливаковци (некаде во шеесеттите години на 19 век), на стр. 138 од горе­споме­натата книга, Верковиќ запишал: 

“Кај Пуливаковците постои предание дека се чисти Маке­донци и по­томци на Александар Велики. Долно-Поленците, а осо­бе­но тие што живе­ат во околината на Пазар се гордеат со старата столица, т.е. со градот Бела, од кој останале само една кула и една карпа, висока пет аршина.”

Значи, воопшто не е случајно тоа што овој античко-маке­дон­ски обичај преку 25 векови се задржал во Македонија, посебно во оние краеви, каде населе­ние­то (и покрај сите пропаганди и при­ти­соци од страна) си ја задржало сво­јата македонска етничка свест.

Да го кажеме и тоа дека овој обичај го има и кај други наро­ди (иа­ко не кај сите, затоа што видовме дека Херодот е дециден во твр­де­њето дека ваков обичај воопшто немало кај Персијанците). Може да се претпостави  дека овој обичај околните народи го при­миле ток­му од Македонците, а индиција за ова е фактот што овој обичај за прв­­пат во наративните извори се среќава токму ка­ко македонски оби­чај.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top