Коментари

Ние сме на прав пат


Македонска нација

По договорот со Грција, сегашната македонска власт предизвикува многу непознаници меѓу кои, дали идните генерации Македонци ќе можат да зборуваат за Илинденско Востание и дали ќе можат да говорат за херојската битка кај Локвата и Вињари помеѓу костурските чети на Македонската револуционерна организација и османлиската војска кај селото Д’мбени, Костурско, непосредно пред Илинденското востание, бидејќи Грција не признава дека има македонски народ во Егејскиот дел на Македонија.

По глупостите кои ги направи оваа власт, илјадници Илинденци од 1903 и 1944 година, кои ги положија своите животи во сите три дела на поделена Македонија, денес се превртуваат во своите гробови, гледајќи како нивните потомци така лесно се откажуваат од продобивките кои се добиени со потоци крв.

Денешното македонско раководство, предводено од премиерот Зоран Заев, под притисок на надворешните центри на моќ, прави секакви напори за да го смени името на земјата за да таа влезе во ЕУ и НАТО.

До каде и до кога со простотилуков?!

Македонија од секогаш патела од предавници, продадени души но, ова веќе ја преминува секоја граница. До кога треба да се толерираат оние кои упорно работат на тоа да не нема, да ни го нарушат достоинството, гордоста и најлошо од се со своите глупости да и го валкаат името на Македонија.

Демократијата како систем е добра во одредени ситуации но, за жал многумина ја злоупотребуваат на наша штета.

Во исклучително краток период на оваа наша мала територија од веќе јасно дефинираната и препознатлива мала група на чело со Зоран Заев упорно се пропагираат искривените вредности што за век и веков уверен сум дека ќе останат основната асоцијација за секој од нив.

Да се прикажува грешникот како чесен, предавникот како лојален, неверникот како верник а лошиот како добар е најдобар пример за тоа што го гледаме сега, што го слушаме во овој момент и што сите знаеме дека е токму тоа, искривени вредности од веќе дефинираните луѓе.

Ова боли, онака како што боли фактот дека повторно ја потценува свеста на Македонецот.

Македонецот знае да ги препознае вистинските вредности кои се темелат на истрајноста, чесноста, посветеноста, патриотизмот, љубовта кон својот народ, желбата за подобра иднина. Е ова се вистинските вредности но, за нив можат да говорат вистинските лојални, чесни, добронамерни граѓани.

Навистина се поминаа сите граници и за толеранција, и за манифестирање на демократија, а најмногу од се за дозволување на секој еден  да си го кажува мислењето. И пак да се навратам на муабетот ,, Демократија е кога секој може да каже што мисли, дури и тогаш кога не мисли.

Ова мора да запре!

Ако не, тогаш Господ да се симне на земјата нема да може да ни помогне. Нас не треба Атињанине да ни прават проблеми и да не негираат. Ние си имаме домашни миленичиња кои го прават тоа!

Неразмислувањето кое што се манифестира во однесувањето,  во говорите и во ставовите на одредени ,, народни избраници,, ме ужаснува.  Се ова  наликува на книга напишана од некој извитоперен ум а парадоксот е тоа што нам сето тоа  ни е реалност.

Оние што тргнале по грешниот пат слободно нека продолжат да се закопуваат се подлабоко во живиот песок наречен пропаст. А за нас, воопшто нека не се тревожат. Ние сме на прав пат.    

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top