Коментари

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ГО ПРЕСЕЧЕ ЈАЗОЛОТ

Gordana Dimovska

Gordana DimovskaГордана Димовска

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ГО ПРЕСЕЧЕ ЈАЗОЛОТ

Најдобро си знаеме чии сме од каде сме, кои ни се прадедовците, деца сме од чесна Илинденска мајка,внуци на Гоцета, чеда Александрови, народ сме од Егеј Пирин и Вардар,чиста крв Македонска.

Ете помина и референдумот 2018, како да беа малку неизвесности за опстојувањето на земјата и зачувување на своето уставно име – Македонија. Ништо не е штетно ако се употреби во вистинско време и за заштита на Македонија, токму за тоа со години се стремиме но никако да тргне работата, напротив се отиде во спротивна насока. Уште пред референдумот Д-р Игор Јанев објасни : Спогодбата договорена со Грција претставува уште една демонстрација на безграничната наивност на оваа Влада во врска со проблемот за името! Наместо во светот и во ОН македонската Влада да го застапува и објаснува ставот дека срамната референца „бивша југословенска Република Македонија” е нелегална (институција), таа ги фаворизира срамните и правно неиздржани преговори и конечно потпиша Спогодба за името, која всушнсто претставува срамна спогодба со друга држава за ИДЕНТИТЕТОТ!

Добро е што народот не се сопна и не падна во големата замка. Отсекогаш сме стрепеле за случувањата во Македонија а оваа година поминавме низ тој да го наречам психолошки терор. Некако шок не фати во мај 2017 кога Г-динот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Република Македонија му врачи мандат на Зоран Заев. Сите гледавме на македонската телевизија со неверување, си велевме па дали е можно ова, па како…ама да не е лага, нешто е монтирано!! Ама вистина било. И вистинско големо разочарување на Македонците во Австралија.

На 15.01.2018 се потпиша и „добрососедски договор“ со Бугарите, токму со нив, кои не ја признаваат македонската нација нити јазик.

И како да не беше доволно, Законот за двојазичност се усвои на 11 јануари 2018. Аналитичарот Александар Пандов изјави: најавите за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија, од страна на македонски политичар е опасна игра, која може да испровоцира радикализирање на политиките на албанските партии во државата.. (18.09. 2016 Нетпрес). Уште еден доказ дека Премиерот тргува со националните вредности на Македонија.

Па потоа преспанскиот договор во јуни 2018 – со кој ќе се решел долгогодишниот спор со јужниот сосед. Зошто е спорно името никој не може да објасни нити да се спротивстави, ама требало под итно да се смени инаку уцена, или име или нема живот. И денес ете пак ајде да им удоволиме на Грците, на Америка, Британија, Германија па така ќе тргне се напред, ќе дојде ‘живот”, ЕУ и НАТО, со магично стапче ќе истурат небо од пари над Македонија и ќе го подобрат животниот стандард. Сон или јаве? Ако не знаете еднаш да пресечите како Александар III Mакедонски што го пресече гордиевиот јазол или со мудрост го одврза и ја реши енигмата, тогаш навистина некој од надвор со помош на платениците/предавници во Македонија, ќе ви сервираат решенија, лажни ветувања, можно влегување во ЕУ, НАТО, подобра иднина но под услов да се самоуништите!!!

Сите протести во дијаспората во последните 25 години се организирани од Македонци за Македонија, против промена на име, против грчкиот геноцид. Да токму така, Македонци во дијаспората, не има и тука, како некоја жива река сме постојано во докажување кои сме и што сме, од каде доаѓаме, објаснуваме секому кои се Македонците, се браниме дури и од своите во родната земја кои остро не напаѓаат како да сме најголем непријател, поголем и потежок од спорот со Грција. Дијаспората постои, таа е продолжена рака, уште еден зрак од македонското сонце кој се одликува со борбеност, работливост, спремност да си го брани својот идентитет, да помага во татковината. Македонија е наша заедничка мајка, и треба да се грижи за своите чеда и тие за неа.

И ако сме во туѓина, зарем треба да престанеме да се декларираме како Македонци? Да се откажеме од она што сме? Да престанаме да пишуваме и зборуваме на Македонски? Па токму Грците ги казнуваа Македонците за тоа да не зборуваат на Македонски – зошто? Да ги снема, да не постои тој суштествен белег на препознавање на една нација. Дури тогаш ќе ни се случи чудо – ќе не снема засекогаш, некој друг ќе си го земе историското наследство а ние ќе талкаме безимени, обезличени, со уште поголема тежина во душата. Е затоа уште зборуваме Македонски, затоа уште се грижиме за настаните во Македонија, да не останеме дрво без корен, народ без идентитет.

Во една изјава на Премиерот Заев вели: – Мојата политичка иднина е доведена во прашање комплетно. Сега таа е во раце на граѓаните и тоа е добро, граѓаните да одлучуваат за иднината на политичарите. Ама јас и ја обезбедив светлата иднина на Македонија со правна држава, силна економија и држава во која ќе има ред, рече Заев. (Фокус – 25.06.2018) и тоа дека ако не успее референдумот, ќе си даде оставка – “Да, ќе заминам ако не успее референдумот во Македонија, но толку сум сигурен дека тој ќе успее. (изјавено на 1 ТВ на 25.06.2018) И време е…да исполни барем едно што ветил – оставка. Ништо страшно, во Австралија преку ноќ се сменува премиер од функција затоа што не одело нешто како што треба….

Па и така треба, народот на 30 септември одлучи за државата, сега треба да одлучи кој заслужува функција Премиер и кој може да ги води понатаму и да спроведе национална стратегија за заштита на македонските национални интереси. Се она што сите не афектира од најмало до најстаро, и таму и во светот. Македонија отсекогаш била папакот на светот, лулка на цивилизацијата, центар на писменоста и културата и центар од каде се шири христијанството во Европа. Таа е родно место на Александар Македонски и други цареви и кралеви, царици и кралици, кои дале свој допринос во светската цивилизација. Македонија е родно место на светите браќа Кирили и Методиј и седиште на Охридската аерхиепископија, која била чувар на македонскиот идентитет, јазик, култура и кога Македонците немаат држава. Треба ли уште да се набројува да сфатиме колкава е нејзината значајност и допринос во светот и како да се чува и негува се македонско?

На крајот ќе кажам – Доста е, доста е тргување со националние интереси како да не значат ништо, доста со уцени за влез во ЕУ, НАТО. Доста со психолошки терор, премиерот да ни се извини за сето што го доживуваме како народ. Не треба потпишување никакви спогодби кои би го загрозиле нашиот идентитет. Е затоа се бориме, затоа уште ќе зборуваме Македонски, ќе укажуваме на неправдите, ќе се радуваме на нејзините успеси. Не се лажете повеќе никогаш да си менувате име – сакајте се, почитувајте се како никогаш досега, нека нема повеќе омраза, насилства, делење по секоја основа. Победивте на 30 Септември, го одврзавте јазолот, застанавте мудро и достоинствено во одбрана на уставното име Македонија и се спротивставивте на големите сили, сега вие сте СИЛАТА….само напред….и дијаспората е со ВАС.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top