Коментари

Катица Јанева не‘ потсети дека во државава постоела и постои една група на лоши момци

Александар Пандов

”Челичната лејди”, столбот на СЈО, шефицата на Фатиме, жената со највисок рејтинг и доверба во Република Македонија, македонскиот Елиот Нес и хероина Катица Јанева синоќа, како и секогаш изложена на рафален оган од прашања, мртва ладна пред македонската јавност ја овери ”невиноста” на Заев, а бога ми и на цел СДС.

Како што не информира ”независнава” од преслушани над 90% разговори, за главниот таргет на прислушувањето, а да се потсетиме тоа беа тогашната опозиција во ликот на нејзиниот лидер Зоран Заев и СДС, нема и нема ни да има ниту една кривична пријава!

До толку повеќе ликов сега има потврда со која што може слободно да се фали дека неговото работење како градоначалник на општина Струмица и после преслушување на сите негови телефонски разговори, како и на неговите најблиски, нема направено никакво кривично дело!

ДУИ кој е на власт над 15 г. исто така си доби документ дека освен некој ситни ”чепкања” на Османи во здравството, сите останати се ”светци”.

Бизнисмените, кои исто беа дел од над 20.000 прислушувани грѓани нема потреба да кажувам дека се “подмачкани”, чисти ко солза и дека се домаќини луѓе, со исклучок на Кочан и синот на Авирович.

Притоа, онака постреферендумски, а предпразнично, Катица во нејзин стил крајно опуштено не потсети дека во државава постоела и постои една група на лоши момци кој по правило се наоѓаат во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, па затоа таа им придодаде троа кривични пријави на предходното, а и на сегашното раководство, кое патем речено од новиве кривични човек може да заклучи дека додека биле на власт цела трговија им била и се водела со Русија и Кина.

Оговарањето на судиите од врховен, беше опомена и порака до нив, а и до сите останати судии во пониските судови да внимаваат какви пресуди носат, ако не сакаат и нивните разговори да ги раскажува во јавност.

После се добро е бар на дело видовме како на сила и во пракса изгледа слободно и европското правосудство! Тоа за вакво обвинителство и судство ни говореа Прибе и Ван Мачкар, а ние мутави никако да ги разбереме?

Сега е бар лесно да се направи разлика што било режимско и партиско заробено правосудство, а како изгледа реформирано!

Морам да признам дека не беше лесна лекцијава, но ја видовме и научивме. Едвај чекам да ни се даде можност да видите колку сме ја совладале и како ние ќе ја применуваме во пракса.

#ДолеВлада
#Оставка

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top