Коментари

И овој пат како во Букурешт и Париз не се прашува македонскиот народ

Свекрва

И овој пат како во Букурешт и Париз не се прашува македонскиот народ

Во отсуство на антикорупциска комисија, се амнестирани пратеници под еден услов тие да гласаат за уставни промени со кои се менува името на државата во Република Северна Македонија, а со тоа и идентитетот на македонскиот народ. Очигледна корупција која ќе допринесе, Република Македонија на почетокот на Новата 2019 Година да го смени своето име, спротивно на вољата на народот изразена на референдумот на 30 – ти септември минатата година. Сепак, секоја наредна власт, ако може да се спротистави на центрите на моќ, ќе може да ги поништи сегашните нелегални одлуки кои произлегуваат од Преспанската спогодба.

Пред точно сто години, во 1919 година, на Париската мировна конференција други одлучуваа за Македонците. Имено, по Првата светска војна (1914 – 1918) прашањето на Македонија се разгледуваше исклучиво во „Комитетот за нови држави и за заштита на малцинствата”, кој започнал да работи во мај 1919 година. При решавањето на македонското прашање биле разгледани повеќе предлози без македонски преставници што се гледа и од записниците.

Во текот на Мировната конференција во Париз дадени се повеќе предлози за македонското прашање. Така, во записникот од 39 седница на Комитетот за нови држави од 30 јули 1919 година, стои дека по македонското прашање биле дадени два предлога. Прво, еден нацрт подготвен од членот на италијанската делегација полковникот Кастолди со барање да се уреди Македонија како автономна област по образец сличен на оној што е прифатен за Рутенија (Украина). Вториот предлог била сугестија дадена од британскиот претставник дека уредувањето треба да биде на тој начин што Друштвото на народите ќе се овласти да има претставници во Македонија, со цел да ги чува гаранциите против угнетувањето. Како резултат на дискусијата, првиот не бил прифатен, а не била донесена ниту никаква дефинитивна одлука.

При разгледување на проблемот на Македонија на Конференцијата во врска со чл. 51 од Договорот за мир со Австрија, односно со конвенцијата за заштита на правата на малцинствата, со чл. 9 од Конвенцијата Југославија и Грција се задолжувале да им дадат малцински права на териториите приклучени кон нив по 1 јануари 1913 година. Со тоа дефинитивно била определена судбината на Македонија. Таа останала поделена меѓу трите балкански држави (Србија, Бугарија и Грција). Ниту едно барање на македонскиот народ не било земено предвид. Париската мировна конференција едноставно ги санкционирала одредбите на Букурешкиот мир од 1913 година. Единствената корекција што ја внесла таа во нив е приклучувањето на Струмица и околијата со околу 60 илјади души кон тогашна Југославија.

Сто години подоцна, судбината и иднината на македонската држава Република Македонија, која во меѓувреме е формирана на еден дел од поделена Македонија, зависи токму од  поединец од Струмичко, кој дојде на власт со помош на центрите на моќ. Коалицијата на власт, предводена од Зоран Заев, погазувајќи ги сите правила и норми, спротивно на Уставот и законите се стреми да го смени името на државата со цел земјата да влезе во ЕУ и НАТО.

И овој пат како во Букурешт и Париз не се прашува македонскиот народ. Иако на референдумот од 30 – ти септември минатата година, со бојкотот кажа НЕ за промена на името, него никој не го слуша. Така, додека обесправениот и осиромашен македонски народ резигнирано молчи, марионетската власт ги спроведува насоките на ЕУ и НАТО од Брисел, организации кои наскоро можат дури и да се распаднат како што во минатото се распаднаа СССР, Варшавскиот пакт, СФР Југославија…

Изминаа речиси три децении од прогласувањето на независноста во септември 1991 година. Прекрасната земја Република Македонија, оазата на мирот, со помош на марионетската власт е на пат да исчезне  на почетокот на 2019 година. Географски сме тука, но доколку се промени името, а со тоа идентитетот, јазикот, културата и традицијата, македонскиот народ ќе го снема. Со него ќе исчезне и државата, чија територија повторно ќе биде доделена на оние земји кои по Балканските војни (1912 – 1913) ја поделија Македонија.

Споредувајќи го времето на Букурешкиот (1913) и Парискиот мировен договор (1919), и времето сега по Преспанскиот договор (2018), разликата е во тоа, што тогаш Македонија други ја делеа, а денес само си ја уништуваме македонската држава на единственото слободно парче македонска земја која требаше да биде пиемонт за обединување на окупираните територии.

Нема Македонец кој не посакува во Новата година да му се исполнат многу желби: да има подобра работа, да биде добро платен, да биде подобар родител, подобар маж, подобар бизнисмен и т.н. За да се оствари сето тоа треба веднаш да почне да работи, да се бори за себе, за семејството, за сите блиски околу него, за државата, за Македонија да стане подбро место за живеење. Но, доколку не се делува сега, еден ден сите ќе се разбудиме во сосема друга реалност – ќе ја нема Македонија.

Имено, доколку се остварат сценаријата на актуелната марионетска власт, а ние ниште не сме превзеле тоа да го спречиме – како ќе можеме да ги погледнеме еден ден своите деца во очи кога ќе не прашаат каде бевме во 2019 година кога сето ова се случувало?

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top