Коментари

Гоце Делчев е Македонец роден во Кукуш и никој нема право тоа да му го одземе

1svekrva copy copy copy copy

121Свекрва

Гоце Делчев: „Кој знае дали има народ којшто толку многу трпел од своите синови изроди, колку македонскиот!…“

Бугарскиот премиер Бојко Борисов неодамна при посетата на Македонија, кажа дека прашањето за македонскиот национален херој и револуционер Гоце Делчев мора да се реши до октомври. Оттука дојде и барањето на Бугарија за вонредна средба на Комисијата за историски прашања за што побргу да се реши идентитетот на Гоце Делчев. Меѓутоа, сето ова преставува политички притисок кој може да доведе до прекинување на работата на комисијата.

Познато е дека Бугарија не остапува од тоа дека Гоце Делчев е Бугарин. Тоа го потенцираат бугарските политичари во секоја прилика и доколку македонските истроричари не го прифатат тоа, може да се случи во иднина Софија да го услови членството на Македонија во ЕУ.

67617788 2345119185754152 5367914228927692800 n

Инаку Бугарите своето тврдење дека Делчев бил Бугарин го влечат од фамозното писмо кое тој го испраќа до Никола Малешевски на 5 јануари 1899 година во кое меѓудругото вели: „..Жално е, но што да правиме кога си сме болгари и сите страдаме од една иста болест! Ако таа болест ја немаше кај нашите прадедовци, од кои што ни е наследство, тие немаше да потпаднат под грозниот жезол на турските султани. Наш долг е, се разбира, да не се поддаваме на таа болест, но колку можеме да влијаеме на другитe?  Сепак имаме нешто и од грчките болести – ,колку глави – толку капетани’… Пустата! Секој сака да блесне, па не го знае фалшот на тој блесок. Тешко им на тие што страдаат под овие ,комедии’.“

Меѓутоа оваа изјава е толку двосмислена и тој говори за страдањето на народот од бугарска и грчка болест, а не дека Македонците се Бугари или Грци.

Всушност како размислува македонскиот визионер Гоце Делчев за предавниците може да се види од едно писмо што го испратил под псевдонимот Ахил до Никола Малешевски на 22 април 1897 година во кое меѓудругото говорејќи за штетното делување на врховистите ќе каже:

„Кој знае дали има народ којшто толку многу трпел од своите синови изроди, колку македонскиот!…“

Навистина и денес е така. Тоа што некогаш врховистите го правеа, денес неразумната политика на владата на Заев со своите одлуки не ги подобри односите со соседните земји, напротив ја донесе земјата во подредена улога и да биде условена од сите нив, особено од последните.

Инаку, Гоце Делчев никогаш немал доверба во бугарските власти и никогаш не очекувал помош од неа. Според спомените на Ѓорче Петров, во 1897 година тој и Гоце Делчев не биле во добри односи со тогашната бугарска влада.

„… Откако примивме 4043 пушки, се прекрати примањето на пушките, зашто се расипавме со владата. Ова стана, зашто владата се обидуваше да се меша во нашите внатрешни работи. Одовде сакаше да ни се меша, да не треба да праќаме од ова оружје во Одринско; ние не се согласивме и испративме. Стоилов, наоѓаше дека не треба во Одринско да креваме револуција, за да не пострада таму бугарскиот елемент. Ние стоевме цврсто…..Каде има наши робје, треба да дејствуваме еднакво и да подготвуваме револуција.”

По ова прашање имав личен спор со Стоилов.

Се обидоа да ги откријат нишките, каде го препраќаме оружјето, а ние тајно го вршевме, тоа од нив.

Дојде прашањето меѓу владата и нас до отворено противставување. Стоилов беше готов, мене и Делчев да не уапси. Од ЦК му се сугерира дека слична постапка ќе се смета како посегнување врз Организацијата и дека лично него ќе го држат одговорен. Ризов беше определен да посредува за да се изглади овој конфликт. Беше натоварен од Стоилов со оваа мисија. Стоилов сакаше отворено да излеземе и против ВК, а пак јас со Делчев ја теравме така, што никако немавме намера да ја исполнуваме оваа желба на Стоилов. Воопшто, со еден збор станавме непријатели.“ (Спомени на Ѓорче Петров, стр. 55, 57, 59 – 60.)

Во овој контекс е интересно и писмото на Никола Карев до Гоце Делчев пред Илинденското востание во кое известува за влошената положба на Револуционерната организација и бара согласност за кревање на востанието и да не се чека ослободување од соседните држави.  Во ова писмо кое најверојатно е од 1902 година, Никола Карев, истакнатиот македонски револуционер-социјалист и потоа претседател на Крушевската република, ќе напише:

„… Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе в затвор. Не треба да чекаме повеќе, Гоце. Време е веќе да стануваме и да се биеме. Да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бориме за наша Македонија, што ја засилува организацијата меѓу селаните и да не се споменуваат тврдењата дека „сите Македонци работеле за присоединувањето на Македонија кон Бугарија или Грција”.

Што се однесува до мене, никој не ќе може да ми ја одземе мојата храброст и мојот патриотизам.

Драго ми е да Ти соопштам дека сите наши момци се готови со пушка в рака да се бијат.“ „Сами ние да се бориме за наша Македонија“, (Необјавено писмо на Никола Карев до Гоце Делчев) – Нова Македонија (Скопје) г. XXIV бр. 7744 (5 мај 1968) стр. 8.

Гоце Делчев е Македонец роден во Кукуш и никој нема право тоа да му го одземе.

Најново од: Коментари

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

Историските судбини на Македонците и Абориџините

Историските судбини на Македонија и на Абориџините (првите народи на Австралија) припаѓаат на два целосно различни контексти — европскиот геополитички и глобалниот колонијален контекст. Сепак, анализирано од аспект на социологијата и филозофијата на историјата, меѓу нив постојат силни паралели во механизмите на страдање, обидите за асимилација и борбата за самобитност. Македонија: По Балканските војни и […]

Зошто на бугарските политичари им пречи рамноправна Македонија во Европската Унија?

Што би изгубила Бугарија доколку покрај себе има стабилна, напредна и рамноправна членка на Европската Унија? За бугарските граѓани тоа би значело постабилно соседство, подобра поврзаност и поголеми можности за соработка. Но за политичарите што ја користат европската перспектива на Македонија како средство за условување, таквиот развој би значел губење на важна политичка предност. Токму […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

To top