Среда, 25 Септември 2024   
МАКЕДОНСКИОТ ХЕРОЈ ГЕОРГИ ХРИСТОВСКИ – МАЛКУ ПОЗНАТ КОМАНДАНТ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА
1dons copy copy copy copy copy copy
Александар ДОНСКИ

Дневникот од Георги Христовски („ДНЕВНИК – Мојата борба во егејскиот дел на Македонија 1946 – 1949“ во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј) претставува автентичен дневник од еден од командирите на ДАГ Георги Христовски од село Трсје, Леринско. Книгата е подготвена и целосно финансирана од страна на неговиот брат Сотир (Сем) Ристовски од Мелбурн.

Овој Дневник претставува материјал од голема историска вредност. Тоа е еден од ретките дневници со толку детални автентични записи од случувањата во егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција, но и извесен период од пред и потоа. И тоа дневник пишуван од сведок и учесник во важни историски собитија од тоа време. Георги Христовски како командир и комесар на македонските единици во егејскиот дел на Македонија бил сведок и лично учествувал во голем број вооружени судири  на Грамос, Вичо, Олимп и други делови од Македонија, каде неколку пати бил и ранет. Држел и говори на македонски јазик на митинзите во македонските, комуницирал со клучните функционери од тие собитија села и нуди вредни податоци за случувањата и секојдневнието на македонските и грчките борци во редовите на ДАГ.

Практично се работи за сведоштва од македонски херој кој досега не беше доволно познат во македонската јавност. Во неговиот Дневник во детали се опишани најзначајните воени судири на планината Вичо и на други места во кои Георги лично учествувал, но и податоци за внатрешната организација на македонските единици, за нивната соработка со грчките демократи, за голготата по поразот на ДАГ и сл.

Сигурни сме дека отсега па натаму овој Дневник ќе биде незаобиколна историска литература за сите идни истражувачи на периодот на Граѓанската војна во Грција кога се случи последната вооружена борба на Македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија со цел обезбедување основни национални права.  Овој Дневник автентично бил пишуван на грчки јазик, а во 1988 година од страна на авторот е преведен на македонски. Една година пред својата смрт (1992 година) Георги го дал ракописот на својот брат и  приредувач на оваа книга  Сотир Ристовски, кој пред извесно време го ставил во компјутер, а за потребите на ова издание се направени ситни лекторски интервенции со цел текстот да биде претставен на македонски литературен јазик без да се наруши неговата содржина. Да се надеваме дека овој Дневник  ќе придонесе  за заслужено валозирирање на улогата на херојот Георги Христовски во македонската историја.

АВТЕНТИЧНИ СВЕДОШТВА ЗА БОРБАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОД 1946 – 1949 ГОД. ЗАПИШАНИ ОД УЧЕСНИКОТ ВО ТИЕ БОРБИ

180

ГЕОРГИ ХРИСТОВСКИ

(Извадоци од книгата „ДНЕВНИК – Мојата борба во егејскиот дел на Македонија (1946 – 1949“)

25.9.1946

Една банда полицајци го нападна село Блаца под Вичо планина и почнаа да го малтретират и тепаат народот. Едно овчарче ни кажа за ова додека бевме на Вичо и веднаш нашите два одреда (мојот и на Калко Карапера),  го заобиколиме селото.

Борбата почна околу 12 часот. По првите рафали од нашите пушкомитралези полицијата прсна да бега по патот. Ние влеговме во селото и најдовме три шинели обесени во собата на еден селанец.

Се собравме во селото двата одреда и направиме мал митинг. Прв пат јас зборев на македонски јазик. Се радуваа младите и веднаш тројца од нив од село Блаца се јавија како доброволци да дојдат со нас партизани.

 (...)

22.11.1946 

Едно одделение од 15 души ги поставив како заседа во местото Дауло.  Добивме информација дека злогласниот командир на полицијата Делис со неговата група ќе оди во Екши су. Борците се поставија од сите страни. Јас, Лефтер, Цавела и Галани бевме близу до мостот на џадето. Околу десет часот се појави жандармеријата облечени во униформи.

Ние не можевме да разбереме кој од нив е Делис командирот. Се движеа внимателно на 10-15 метри еден по друг. Еден полицаец викна: „Командире гледај горе во шумата има еден со пушка.“ Тој го извади автоматот и почна да пука по партизанот, но во тој момент Галани пукаше во него со шмајзерот и полицаецот падна во нивата.

Пукавме и ние со Лефтери и ранивме друг полицаец, кој избега во нивата и се сокри. Командирот Галани отрча по него и го фати жив ранет. Кога го извади на џадето видовме дека тоа е Делис. Тој почна да вика: „И јас сум демократ“, но Галани го покоси со еден рафал. Дојдоа и останатите партизани, го соблекоа, зедоа сѐ што имаше и тргнавме.

(...)

Александар ДОНСКИ

 

На прво место

News image

Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Уни

Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европска...

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО ПЕТРОПОЛИС – ЦЕНТАРОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ИМПЕРИЈА И БОГАТСТВОТО (3)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.