Коментари

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Гордана Димовска

Гордана Димовска

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на овие врски ни дава основно разбирање за состојбата да се биде човек.

Низ минатото многу од историските обележја се како во сенка, а денес веќе и се кријат, премачкуваат со бои или им лепат нови плочки со натписи дека припаѓале на хеленската историја. Каде сме тогаш ние? Кираџии на свое тло. Или Македонија постои само да раздава на светот, на соседните земји чии апетити се поголеми од самите земји и ја користат секоја прилика да го негираат постоењето на македонската нација, јазик, историја.

Промената на името, двојазичноста, добрососедските и другите договори што ги потпиша Заев се, без преседан, најголемо зло, велепредавство, „убивање“ на мајката на милиони Македонци, како дома така и во светот.

Но ние постоиме и сме живи сведоци на македонската историја која, колку некој да ја извртоперува или негира, наѕира од богатите светски архиви, од оние кои во време на војни, делби и страдања престојувале во Македонија да ги следат и запишуваат настаните.

Со восхит за Македонија, за Солунските атентатори, за Илинденското востание, пишуваше големиот француски хуманист Пјер Беарн, цитирам:

„Пред околу 650 години п.н.е., Пердика Први беше првиот македонски крал. После него уште многу други дојдоа на тронот. Филип Втори беше најуспешниот крал. Неговиот дом е тука, во Пелагонија, Македонија. Тој не е Грк. Во 336 п.н.е. Грците се кренаа против македонската доминација. Во 335 Грците го положија оружјето, а Александар влезе во Атина како победник. Кога ќе помислам дека тој беше тука, и јас чувствувам потреба да викам, да трчам, да се радувам, да станам жител на светот на слободата, да мислам дека секој ме сака и јас да ги сакам сите. Тоа не е нешто лесно.“

Христијанството започна токму во Македонија со доаѓањето на апостол Павле. Кога тој беше погубен во Рим, Господ ги изрони своите солзи во виничката тврдина. Две илјади години по неговата смрт, тие солзи стигнаа и се стркалаа на теракотните икони кои денес припаѓаат во групата на најзначајните христијански икони во светот.

Каде и да копнеш во македонската земја, ќе најдеш антиквитет. Секоја педа земја открива нови факти, нови богатства. Токму во Македонија се направени првите чекори на христијанството.

Македонската историја и култура заземаат посебно место во светската култура, принесувајќи светло од античка земја. Не заборавајќи ги и темните страни на својата историја, Македонија донира своја традиција, модерна уметност и цивилизација. Македонската културна креативност е најсилната инвестиција што може да се избере за својата иднина.

Во овој прилог издвојувам една од многуте објавени вести за Македонија во минатото, која е доволен доказ за големиот интерес со кој се следеле настаните во сите времиња од нејзиното постоење.

Примерот е од американската архива, поточно од весникот „The Seattle Star“ од 1904 година, во кој се објавува вест под наслов „Македонското востание може да предизвика поделба на Турција во Европа“ и поднаслов „Австрија во игра на кроење на картата и судбината на Македонија“.

Извадок од весникот:

Macedonia is an old and was at one time a famous kingdom. It originated from a small obscure beginning and comprised, when it became known in history, the distinct of Thracia on the east and Thessaly on the south. …Alexander the great made Macedonia the most powerful country of the times, but upon his death the splendor of the land declined rapidly. The Romans conquered the nation and in 146 Macedonia became a Roman province. At present Macedonia has no place in the administrative division of Turkey.

Превод на Македонски:

„Македонија е древно кралство кое некогаш било славно. Нејзините почетоци биле мали и малку познати, а кога станала позната во историјата, ги опфаќала областите на Тракија на исток и Тесалија на југ. …Александар Велики ја направил Македонија најмоќната земја во тоа време, но по неговата смрт нејзиниот сјај брзо згаснал. Римјаните ја освоиле земјата и во 146 година Македонија станала римска провинција. Во тогашната административна поделба на Турција, Македонија немала свое место.“

Жива е Македонија, жива е вистината за неа, борбата продолжува. Ниту еден политички врв не може тоа да го откине од милиони македонски срца.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

Непокорниот дух на Македонците – до кога ќе ги трпиме неправдите?

Македонија преживеала војни, поделби и туѓи владеења. Низ сите тие премрежија, Македонците го зачувале својот јазик и култура и изградиле своја држава. Секогаш кога ќе се спомене таа издржливост, се наметнува едно прашање. До кога од нас ќе се очекува да трпиме неправди и да правиме отстапки за прашања што го засегаат нашиот идентитет? Еден […]

Името Македонија од античките записи до уставните измени

Сребрена тетрадрахма од Амфипол со натпис „ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ“ („на Македонците“), 158–150 година пред нашата ера. Музеј на уметност во Кливленд.   Името Македонија е запишано уште во V век пред нашата ера. Од Херодот и библискиот повик до апостол Павле, преку старите карти и делото на Мисирков, до Уставот од 17 ноември 1991 година. Меѓу најстарите […]

Пресказание на Голем Александр (Александар Македонски)

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

To top