Култура и туризам

Дел од апокрифите за живот на Дева Марија (10)

Апокрифните дела, кои несомнено содржат библиска основа, го запираат своето внимание врз личноста на дева Марија, Богородица. Посебен широк осврт врз оваа проблематика направила Цветана Вранска во 1940 година, со особен приказ на јужнословенските апокрифи.

Славе Катин

Славе Катин

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА

ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

Апокрифните дела, кои несомнено содржат библиска основа, го запираат своето внимание врз личноста на дева Марија, Богородица. Посебен широк осврт врз оваа проблематика направила Цветана Вранска во 1940 година, со особен приказ на јужнословенските апокрифи.

Меѓутоа, нив почнале да ги употребуваат и на одреден начин и злоупотребуваат еретиците, бидејќи во нив вметнувале сопствени идеолошки поставки. Затоа, црковните претставници, придржувајќи се според каноните, ги забранувале ваквите состави. Многу од овие ракописи не стигнале до нас. Сепак, меѓу популарните состави се сметаат: Јаковлево протоевангелие, Псевдоматеево евангелие, Детството на Исус Христос и други.

Посебен осврт врз овие евангелија направил познатиот истражувач К. Тишендорф, кој истовремено издал и значајни пронајдени и зачувани ракописи. He помал придонес на овој план дал и рускиот научник М. Аљбов. Подоцна М. Н. Сперански издаде критички осврт на апокрифните евангелија, со осврт врз апокрифните евангелија кај Словените.Во канонските евангелија недостигаат ред податоци околу самото раѓање и детството на Исус Христос. Токму затоа, апокрифните евангелија ги надополнуваат овие делови од животот на Исус.

Интересно е тоа што во апокрифните евангелија е опишан и животот на Дева Марија, пред бегството за Египет. На Запад зачувани се три латински верзии, во кои доминираат известувањата за родителите на Исуса, на Дева Марија (Евангелие за раѓањето на Дева Марија, Историја за раѓањето на Света Марија, Псевдо-Матеево евангелие). На словенскиот Југ била позната обработката „Првоевангелието на Јаков”. Ова Евангелие било многу распространето за време на продорот на христијанството, а според содржината се вбројува во средината, меѓу канонските и апокрифните евангелија. Меѓу постарите ракописи спаѓа објавениот од А. Н. Пипин, потоа од Ст. Новаковиќ, од И. Порфирев, итн.

Во овие верзии во првите глави е поопширно претставено раѓањето на Дева Марија. Родителите на Марија се Јоаким и Ана, благородници и добронамерни луѓе, но лишени од пород. Посебно бил ожалостен Јоаким кога свештеникот Рувим не сакал да прими дар од него, сметајќи дека Господ така сакал, да остане без пород. Очаен од оваа постапка Јоаким побегнал во пустината, предаден на молитва кон Бога. Ана останала уште пожалосна во куќата своја. Таа посебно се растажила кога во градината на дрвото забележала гнездо, во кое чучуликала мала птичка. Ана помислила дека дури и ѕверовите даваат плод, само таа не може.

Очајот ја гризел постојано. Среде нејзиното плачење се појавил ангелот господов и ѝ соопштил дека Господ се смилостивил и дека ќе и даде род, кој ќе се прослави во целата земја. Истиот ден и Јоаким ја примил господовата вест, се вратил дома и му принесле жртва на Бога. Ана родила женско чедо и ѝ дале име Марија. Ана ѝ направила во куќата светилиште на Марија. На тригодишна возраст Марија била свечено испратена во храмот, на што била заветена. Таму била сакана и почитувана од свештенството и од целиот израелски народ.

На петнаесет години свештениците добиле Господов знак да ја свршат за скромниот дрводелец Јосиф. Интересно е дека Јосиф бил во постара возраст, има големи деца и се спротиставил во почетокот на понудата. Но, плашејќи се од Господовата волја се согласил.

Во десеттото и единаесеттото поглавје е предадено благовестието. Марија прво била известена од гласот Господов на кладенецот, кога црпела вода, дека Господ е со неа и дека ќе биде благословена меѓу жените. Потоа дома пред неа се створил ангелот и ја известил дека Господ ќе ја благослови и таа ќе роди син, наречен Исус.

Во овој текст е опишана и душевната борба на Јосиф, откако ја видел својата Марија бремена. Меѓутоа, ангелот му соопштил дека таква е волјата Господова и Јосиф се смирил. Исто така, апокрифното евангелие на Јаков го опишува патот на Марија и Јосиф за Витлеем и раѓањаето на Исус во пештерета. Во тие моменти вселената се смирила, небесните тела и птиците го запреле своето движење. Во него не е испуштено и пристигнувањето на тројцата источни мудреци, кои го дарувале новородениот Исус.

Првоевангелието на Јаков било широко прифатено од народните христијански маси. Тоа продрело и во црковните канонски книги, меѓу луѓето и во народното творештво. Живописното сликање на настаните, личностите, со нивните душевни карактеристики и бои, го правеле интересно четиво. Покрај тоа, иако целото е проткаено со библиските сознанија за Богородица и Исус, во него струи приближувањето кон човечката орбита, во трансверзалниот однос на спиритуалното и материјалното.

Продолжува

 

Најново од: Култура и туризам

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

To top