Дијаспора

Публицистичко дело за Светле (Стив) Стамевски од Детроит-дел II (2)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Монографијата за Светозар – Светле (Стив) Стамевски и неговото семејство чии корени  се во селото Одри, Тетовско, а втората татковина им се Соединетите Американски Државо  во метрополата Детроит, ја подготви за печат  авторот на овие продолженија, Славе  Николовски – Катин, а делото го отпечати  книгоиздателството „Македонска искра“ од  Скопје во 2005, на 222 страници на македонски и на англиски јазик

Делото „Стамевски“ е значајна и по многу нешта единствена монографија од овој вид и претставува исцрпен осврт за вистината и за потеклото, животниот пат и постигнувањата на Светозар – Светле (Стив) Стамевски, истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на САД, Џорџ  Буш Јуниор, и на неговото семејство. Инаку, на Светле Стамевски крстеното име му е Светозар, а во Америка го викаат Стив.

Почитуваното семејство на Светле (Стив) Стамевски е од село Одри, од Полог. Тој е македонски иселеник во САД, во државата Мичиген, истакнат бизнисмен, познат и признат донатор, хуманист и верен патриот на Македонија и Соединетите Американски Држави (САД).

Неговото семејство минало низ сите фази на македонското распетие, исполнувајќи го целиот дваесетти и овој век со настани типични за вековната борба на македонскиот опстанок, не само во старата татковина, Македонија, туку и на сите светски иселенички простори.

Toa e семејство за почит и пример од кое можат и треба да се огледаат и другите македонски семејства во двете татковини, САД и Македонија. Затоа што делото што го направиле Стамевски претставува убав пример и патоказ на едно честито и благородно македонско-американско семејство.

Анализата на нивниот бурен иселенички пат, токму од изнесените причини, ни го открива светот на Македонецот во планетарни размери, покажувајќи и потврдувајќи дека потомците на Александар Македонски, независно од нивните роднокрајни коти, се дел на една од најстарите светски цивилизации, чии трајни вредности ги разнесуваат на сите делови на нашата галаксија, no кои светот и не’ препознава.

Поради тоа историјата на кое било македонско успешно семејство во дијаспората, фактички е историја на македонското вековно битисување, не само на Балканот и во Европа, туку и на сите други континенти.

Затоа, обидот да напишам монографија за семејството Стамевски, во мојата истражувачка работа за македонското исе-леништво, претставува круна на тој слободен проект. Монографијава се потпира на фактографија која извира од животниот опус на тие наши луѓе, со кои се гордее нивната стара татковина, Република Македонија, која, и покрај сите проблеми што денес ги има, успешно зачекори кон својата демократска преобразба, во рамките на европските и светските интеграциони процеси.

Една од значајните личности која дала голем придонес во афирмирањето на самостојноста на Република Македонија и нејзино признавање од страна на САД, секако е Светле (Стив) Стамевски, политичар, сопартиец и пријател на американскиот претседател Џорџ Буш – Јуниор.

Книгава е монографија за семејството Стамевски, од село Одри, Полог, Македонија, кое од втората деценија на минатиот век живее и работи во Соединетите Американски Држави, во Детроит, во државата Мичи-ген. Целосна претстава за нив може да се добие само под еден услов: ако за проекцијата на Стамевци се прекрши родното огниште Одри, Тетовско како негов атар и Македонија како Татковина.

Така историјата за нив ќе биде комплетна, особено за оние во чии раце ќе се најде ова книга, за американските пријатели на Светле (Стив) и неговите нови генерации, но и на оние во татковината кои се’ уште немаат целосна претстава за неа. А не знаат како да и’ помогнат. Таа лекција ќе ја научат од Светле (Стив) Стамевски, кој не кренал раце од неговото родно место Одри во Полог и Македонија.

Продолжува 

 

 

 

 

 

 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

To top