Среда, 08 Ноември 2023    PDF Печати Е-пошта
Бено Русо – Коки

1me9

Бенјамин Бено Русо (20. I 1920 – 18. VI 2006) е македонски Евреин, првоборец, учесник во НОБ и генерал во ЈНА. Во 1941 година се вклучил во народноослободително движење и станал член на КПЈ. Од 1942 г. бил борец ПО „Јане Сандански“, а во 1943 г. во одредот „Дамјан Груев“ и баталјонот „Мирче Ацев“. Бил политички комесар на чета, на баталјон, на бригада и на 41 дивизија. Со 15. Македонски корпус, учествувал во борбите на Сремски фронт. По војната завршил политичка школа и Воена академија и извршувал повеќе одговорни должности. За своите резултати и достигнувања тој е носител на повеќе одликувања.

Бенјамин Бено Русо – Коки е роден на 20 јануари 1920 година во Битола, како второ од трите деца на Исак Русо и Вида Леви. Основно училиште завршил во еврејската маала Табане во Битола, а потоа се запишал во битолската гимназија. Но по две години почнал да работи во пушкарско-механичарската работилница во Битола. Истовремено, негово дополнително училиште била левичарската ционистичка организацијата „Хашомер хацаир“, во која активно се вклучил, а која делувала за образовно-воспитно, културно и спортско издигнување на еврејската младина во Битола. Бено Русо сакал да го продолжи своето образование, но имал два неуспешни обиди да се запише во воените школи во Сплит и Шибеник.

По смртта на татко му во 1937 година, Бено Русо заминал кај неговиот братучед Моис Леви во Загреб. Таму воспоставил контакт со централата на „Хашомер хацаир“,  од каде бил упатен во пионерскиот камп Хохшари во Нови Сад. Во кампот каде усовршувал разни занаети, останал до 1939 година, по што заминал на отслужување на воениот рок.

Во априлската војна во 1941 година, Бено Русо бил заробен од германските сили и одведен во логор. Капитулацијата на Кралството Југославија го затекнало во Сараева по што се вратил во родната Битола.

По враќањето во окупирана Македонија, Бено Русо како и многу други млади Евреи се вклучил во народноодлободителното движење. Во 1941 година прво станал член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ), а во август истата година и член на Кумунистичката партија на Југославија (КПЈ). Русо со конспиративното име Коки, бил дел од илегалната ќелија од седум членови занаетчиски работници која работела на собирање оружје, парични средства и агитација меѓу младите и работниците.

Во мај и јуни 1942 година Бено два пати бил апсен од бугарската полиција во Битола, но поради немање докази мабрзо бил ослободен од затвор. Во овој период Бено бил секретар на градскиот комитет. Во септември 1942 година Бено Русо се упатил кон селото Лавци, каде на 18 септември истата година бил формиран партизанскиот одред „Јане Сандански“. Бено бил назначен за заменик политички комесар. Во март 1943 година дошло до обединување на битолскиот партизански одред „Јане Сандански“ и  битолско-преспански одред „Даме Груев“.

Во 1943 година Бено престојувал во слободната територија на Дебарца и на 18 август истата година на Славеј Планина бил учесник во формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ како политички комесар на првата чета. По преместувањето на бригадите на теренот околу Фуштани Мегленско, Егејска Македонија, на 20 декември истата година била формирана Втората македонска народно-ослободителна бригада во која Бено бил назначен за старешина на Прилепскиот партизански одред. Во Фуштани останале се до февруари 1944 година кога го започнале т.н. Февруарски поход. На 12 јуни 1944 година, во вооружен судир со бугарската специјална полициска единица кај селото Стрмашево, Бено бил полесно ранет во десната нога. Од септември до ноември 1944 година тој учествувал во завршните операции за ослободување на Прилеп и прилепско, а подоцна и во Кичево, Гостивар и Тетово. Со наредба на Главниот штаб Бено бил поставен за политички комесар на Петнаесеттиот корпус. Во почетокот на јануари 1945 година Петнаесеттиот корпус заминал кон Сремскиот фронт каде Бено учествувал во завршните борби за ослободување на Југославија.

По војната Бено Русо најпрво го довршил гимназиското образование, а потоа политичката школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ и вишата воена академија во 1951/52 година. Во 1960 година бил унапреден во Генерал мајор во ЈНА, а потоа и во Генерал потполковник. Тој активно работел до 1970 година, по што бил и началник на територијалната одбраната. По неговото пензионирање бил активен во Сојузот на резервни старешини на Македонија како и Сојузот на борци на Македонија.

Бено Русо починал на 18 јуни 2006 година во Скопје. За своите резултати и достигнувања тој е носител на повеќе одликувања: Партизанска споменица 1941, Орден југословенско знаме со лента, Орден заслуги за народ од прв ред и др.

Извор: „Значајни личности за Битола, Ботола, 2007г.; МЕ, Скопје 2009 г.; Фонд  на холокаустот на Евреите од Македонија;

1Tihomir Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Власта на СДС со поданичката политика донесе порази на секое поле

Стојаноска: Власта на СДС со поданичката политика донесе порази на секое поле, народот го увиде то...

Историја

News image

Британски документ за Македонија

Документите наречени „House of Commons Papers“ се една од петте главни категории на парламентарни до...

Иселеници

News image

ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ (30)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.