На прво место

Во чест на Бадник веселба на гостиварскиот плоштад

Прослава на Бадник во Гостивар

Прослава на Бадник во Гостивар
Tрадицијално во чест на Бадник во Гостивар се одржа богослужба во црквата „Св.Богородица“, а потоа беше запален бадниковиот огaн и спектакуларно- како никогаш досега- беше организиран огномет.

Неколку илјади гостиварци и жители на околните селски населби, во соборниот храма „Св. Богородица“ присуствуваа на вечерната богослужба. Потоа, кумовите на верниците им делеја ,,греана ракија”, сокчиња, варени костени и осветени дабови гранчиња. Гостиварскиот плоштад беше претесен да ги собере сите верници. Река на народ вчеравечер се влеваше во Соборниот храм „Св. Богородица“ Откако ќе се помолеа, ќе запалеа свеќа, излегуваа да им отстапат место на другите верници, огнометот и палењето на бадниковиот оган го следеа од пред црквата, од градскиот плоштад.
gostivar-1Во пресрет на Божик во сите населени места во Македонија се одржуваат народни собири со палење бадникарски огнови.

Вчеравечер, на Бадник, семејствата беа собрани на заедничка вечера. На богата трпеза беа поставени посни јадења, грав, сарми, пинџур, костени, ореви, јаболка …трпезата да биде богата, со симболика така да биде целата година. Се меси погача, а во некои места зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови- колку што има членови во семејството, оставајќи уште и дел за Бога и дел за куќата.
gostivar-3Благодарение на вековната традиција на нашиот народ со огновите и песните коледарски, всушност и ние им се придружуваме на необичната ѕвезда над Витлеем и на ангелскиот хор, на пастирите и на мудреците кои беа први учесници во радоста и први гласниците за новородениот богомладенец.

Денес и во храмот „Света Богородица“ во Гостивар со почеток во 8.30 часот ќе биде служена Утрена со Света Архиерејска литургија, со која ке чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот г. Кирил, надлежен архиереј на Полошко -кумановска епархија на МПЦ.

Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Рождество Христово – Божик со богослужби во сите храмови.

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници.

Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Македонскиот православен народ, знае да прославува и да дарува во име на својата прадедовска вера.

Да го поминеме Божик, богољубиво и човековољубиво, да празнуваме како народ кој го љуби Бога и кој го сака ближниот. – Да даде бог мир и љубов меѓу нашиот народ, повеќе рожби во семејствата, род во полето, повеќе работа и повеќе радост и добра волја меѓу сите луѓе.

Христос се роди!
Вистина се роди!

Македонска нација

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

To top